0800 88 500 Е БЕСПЛАТНА СОС ЛИНИЈА ЗА ДЕЦА, ДЕНЕСКА ОТВОРЕНА ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

    0800 88 500 Е БЕСПЛАТНА СОС ЛИНИЈА ЗА ДЕЦА, ДЕНЕСКА ОТВОРЕНА ОД КАНЦЕЛАРИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛЗголемен е бројот претставки за повреда на правата на децата поднесени од родители или други блиски лица, како и од самите деца, вели Бајрамовска-Мустафа (Фото:СДК.МК)

    Во канцеларијата на Народниот правобранител почна да функционира бесплатната телефонска СОС линија за деца 0800 88 500 на која децата ќе можат да пријават секаков проблем, прекршување на некое нивно право, но и да споделат свои размислувања и прашања кои ги засегаат и нив, а за кои воопшто не се прашани.

    „Бесплатната телефонска линија за деца кај Народниот правобранител ќе биде дополнителна поддршка за сите деца. Ги охрабрувам и повикувам да ја користат секогаш кога ќе сакаат да разговараат, и тогаш кога бараат одговори за прашања и проблеми во врска со теми кои ги интересираат, па и во случаи да споделат нешто што ги мачи, што ги прави да се чувствуваат тажно, вознемирено, или пак, ги попречува во остварување на нивните права, кажа денеска заменичката на Народниот правобранител г-ѓа Васка Бајрамовска-Мустафа на промоција на телефонската линија.

    Од досегашното работење, рече таа, несомнена е констатацијата за кои пак, при нашите посети во училиште и други јавни установи меѓу другото, укажуваат на потреба од постоење на посебна бесплатна телефонска линија кај Народниот правобранител.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира