10.000 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ОД МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ ВО ХРВАТСКА ПОРАДИ ПОЖАР

    10.000 ЛУЃЕ ЕВАКУИРАНИ ОД МУЗИЧКИ ФЕСТИВАЛ ВО ХРВАТСКА ПОРАДИ ПОЖАРПожарот избувнал во близина на плажата Зрќе, позната по луди забави и фестивали (Фото: Пиксел)

    Околу 10.000 луѓе ноќеска биле евакуирани од хип хоп фестивал во Хрватска, откако во негова близина избувнал голем пожар.

    Властите објавија дека нема повредени во пожарот што почнал во шумата зад клубот „Калипсо“ на плажата Зрќе, една од најпопуларните летни дестинации за странски туристи на хрватското крајбрежје, кадешто секоја сезона се одржуваат забави и фестивали.

    Пожарот го блокирал патот и кон најблискиот град Новаља, што спречи голем број луѓе да се вратат во своите хотели.

    „Благодарение на полицијата беа обезбедени автобуси кои ги превезоа преостанатите посетители на фестивалот. Нема повредени, ниту е предизвикана штета на клубот“, изјавија организаторите.

    Засега не е познато дали остатокот од тридневниот фестивал ќе биде откажан. Според последните информации, пожарот е ставен под контрола, но сѐ уште не е целосно изгаснат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира