„11 ГОДИНИ ВЕ ГАЗЕА, СЕГА НАЈДОВТЕ ДА ЗБОРИТЕ“, НА ФОТОРЕПОРТЕРИТЕ ИМ Е ЗАБРАНЕТО ДА  ГИ СЛИКААТ ЛИДЕРИТЕ КАКО ПРИСТИГНУВААТ НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА

    „11 ГОДИНИ ВЕ ГАЗЕА, СЕГА НАЈДОВТЕ ДА ЗБОРИТЕ“, НА ФОТОРЕПОРТЕРИТЕ ИМ Е ЗАБРАНЕТО ДА  ГИ СЛИКААТ ЛИДЕРИТЕ КАКО ПРИСТИГНУВААТ НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБАФоторепортерите протестираат со оставање на камерите пред влезот на Клубот на пратеници (Фото: Ѓ. Личовски)

    Владината служба за информации не дозволува фоторепортерите и снимателите да ги снимаат лидерите кога влегуваат на состанок во Клубот на пратеници попладнево во Скопје, по што тие во знак на протест ги оставија камерите пред влезот.

    Официјално, на новинарските екипи им е кажано дека не смеат да влезат во кругот на Клубот на пратеници оти „таков е протоколот од безбедносни причини“.

    Откако неколкумина се побунија со забелешка дека во изминатите 27 години до сега ниту еднаш не се случило фоторепортерите и снимателите да не смеат да ги сликаат лидерите како излегуваат од колите, по што во знак на протест  си заминаа,  Марјан Забрчанец, посебен советник за односи со јавност во Кабинетот на премиерот им дофрли: „Единаесет години ве газеа, ќутевте, а сега ли најдовте да зборите“.

    Повеќето од фоторепортерите се надвор.

    Ѓ. ЛИЧОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира