месечна Архива: јануари 2014

ДУИ НГ БИЗНИС

1. Во Холивуд е распишан конкурс за сценарио. Се бара сценарист што ќе успее да направи пародија на настанот Фрлање крст на Водици во Македонија. Кој ќе направи посмешна приказна од тоа што во живо го гледавме минатата недела од вистинскиот настан, има загарантиран успех. Филмот ќе се продаде подобро и од "Титаник" и од "Војна на ѕвездите" и...

ВИСТИНСКА ВИСТИНА

1. Откако излезе аферата со фирмата на мајката на мојата омилена ТВ-презентерка од Градски стадион б.б. која набавувала медицинска опрема за милион евра, се сетив дека во ноември 2012 година премиерот Никола Груевски изјави дека вистината има централно место во неговата политичка филозофија. И дека тоа му е заедничко со новинарската професија. Бидејќи и мене ми е вистината во центарот...

ТИБАМ ЦИМЕТОТ

1. Данските пекари мора да го намалат количеството цимет што го ставаат во традиционалните дански колачиња, оти така им наредила Европската Унија. Данската служба за безбедност и храна планира да ги имплементира регулативите на ЕУ за ограничување на употребата на циметот, оти поголема доза можела да го оштети џигерот. Сега данските пекари се жалат на Владата дека ЕУ ќе...

ЛОШ ДЕДО

1 Дали се сеќавате дека пред неколку години британскиот конзул во Скопје за да им даде виза на група играорци што требаше да патуваат за Лондон ги тераше да играат оро пред Британската амбасада во Скопје? За да покажат дека се вистински играорци. Е па дојде време за одмазда. Од први јануари, сите што имаат бугарски пасоши можат да играат...