месечна Архива: јануари 2015

ГЛУПАВИ ПРИЧИНИ

1.   Во изјава за државната агенција МИА, пренесена и на вестите во јавниот сервис МТВ, извесен господин Арне Бјонберг, претседател на организацијата "Куќа на здравјето на потрошувачите", препорача сите европски и светски земји да го следат македонскиот пример за здравствени реформи. Како што јави МИА, на списокот на таа организација Македонија направила историски напредок на европскиот здравствен потрошувачки индекс...

ЗАМЕНСКИ ДЕЦА

1.  Еве цела недела како што заврши распустот, дома држам часови по граѓанско образование. Морам да им објаснам на децата зошто не одат во школо. Бидејќи го почитувам Уставот, а тој го гарантира правото на штрајк, не им ги оставив децата на заменски наставници. Би ги оставил, ама сè уште не се дојдени до одделение во кое се учи...

КОНТРА МАКЕДОНИЈА

1.   Уште еден успех за Македонија. Пак сме меѓу првите четири земји во Европа. Со пресудата и на Апелацискиот суд за затворска казна за колегата Томислав Кежаровски, Македонија им се придружи на Турција, Русија и на Белорусија, во кои новинари се осудени на затворска казна за објавен текст. Факт е дека во Македонија новинар е осуден со казна затвор. Зошто?...

33,3 ПРОЦЕНТИ

1. Не знам зошто професорите од Професорскиот пленум беа изненадени оној ден кога пред "Александар палас", среде прес-конференција, им се појави премиерот Никола Груевски? Ај што беа изненадени. Беа избезумени. Дали затоа што воопшто дошол, или затоа што дошол навреме? За мене многу поголема мистерија од онаа како премиерот за првпат успеа некаде да се појави навреме, останува зошто професорите...

БАРОК ФАКТОР

Само злобни луѓе и без чувство за државен интерес можат да кажат дека новите градби низ центарот на Скопје се лажен барок. Не е лажен. Вистински е. Кога веќе се враќаме во барок нека биде како што треба. Оригинал. Во барокот немало струја. Изгледа затоа и новите канделабри личат на старите градски фенери. Кога ќе снема струја ќе можат лесно да се прилагодат на газија. А и мразот по улиците и патиштата полесно ќе се дроби под коњските копита.