месечна Архива: декември 2015

СЛИКА УБАВА

Првата колумна беше објавена на 12 јануари 1991 година во Вечер, а од првата сабота по основањето на Вест, од 8 јули 2000 година ја пишував тука. Последната колумна излезе во „Вест“ минатата сабота.

„Сакам да кажам“ нема да го слави 25 годишниот јубилеј во „Вест“. Такви се условите. Политичка криза е. Компанијата распиша оглас за главен уредник на весникот. Сите дванаесет уредници од сегашниот уреднички колегиум се пријавија на огласот. Повеќето се во редакцијата од првиот ден на весникот што го основав. Се пријавија ...

2015 – СПЕЦИЈАЛНА ДЕМОНТАЖА

17 јануари Груевски, еве, веќе деветта година, ги демонтира елитите. Почна со бизнисмените, за да го прераспредели правилно капиталот. Продолжи со архитектите, за да го разубави Скопје. Па се сврте на медиумите кои, иако му помогнаа да дојде на власт, после не му помагаа на власт и да се одржи. Па ги демонтираше судовите. Па лекарите. Па универзитетските професори. Лека,...

УБАВИНА И ЗДРАВЈЕ

1. Премиерот Груевски изјави дека бил фрапиран од откривањето на некаква фабрика за фалсификување лични карти. Сега е фрапиран. Не беше фрапиран кога Заев пред половина година ги пушташе разговорите на неговите министри и блиски соработници како пред избори, меѓу другото, нарачуваат и лични карти. Пред тоа ВМРО-ДПМНЕ беше згрозена затоа што СДСМ во разговорите за договорот од Пржино,...

ШВАЈЦАРСКИ САНАТОРИУМ

1 Министерот Зоран Ставрески не требаше да бара новинарите да излезат од салата во која заседава Анкетната комисија за прислушувањето. Поарно ќе му беше да побара од салата да излезат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Што би го прашала пратеничката Силвана Бонева? Министре, дали вашиот глас е оној што зборува дека

ДНК ЕКСПЕРТИЗА

1 Добро, зарем вие уште не сте ги заборавиле прислушуваните разговори? Не ви е јасно зошто Македонија е во политичка криза? Занимавајте се со попаметни и суштински работи. На пример, со синусите на премиерот поради кои во зима не може да пешачи, а никој не го прашува како му е. Или со чевлите на градоначалникот на Центар Андреј Жерновски...

БЕЛИЗЕ И ОХРИД

1. На кого му кажуваат од ВМРО-ДПМНЕ дека тие биле за слобода на информирање и за демократија? На новинарите ли им кажуваат? Па новинарите да не не знаат со кого си имаат работа последниве седум-осум години? Тие што ги примаат нарачките да не не знаат од каде им стигнуваат? Тие што одбиваат да ги исполнат нарачките да не не...