месечна Архива: јуни 2016

СПЕЦИЈАЛЦИ ГО ЧУВААТ СТУДЕНТСКИОТ ПАРЛАМЕНТ НА УКИМ

Кордон специјалци се распореди пред седиштето на Студентскиот парламент на УКИМ до студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“. Претставници на Студентскиот пленум цело попладне го блокираат влезот и ги бараат насилно грабнатите гласачки кутии од Правниот факултет. Тие на актуелниот претседател на СПУКМ Кирил Спировски му поставија ултиматим да ги поништи изборите или нема да се повлечат од зградата. Студентите денес...

КАТИЦА ГО НАРЕДИ ЦЕЛ ТИМ НА СЈО ЗА СЛИКАЊЕ

Специјалната обвинителка, Катица Јанева, вечерва со цел тим додје на прославата на Денот на независноста на САД, во кругот на Американската амбасада на Кале. Како и сите гости и тие застанаа да се сликаат пред американското знаме, но на Јанева не и се допадна како се распоредени. Истапи од редот каде што стоеше, ги нареди обвинителите за сите да...

БЕЈЛИ: МАКЕДОНИЈА НЕ Е САМО НАСЛОВИТЕ ОД ВЕСТИТЕ, ТУКУ И ПРИРОДНИТЕ УБАВИНИ

„Македонија е многу повеќе од она што е во насловите од вестите. Македонија се луѓето, културното наследство и природните убавини од Шара до Дојран, од Охридското и Преспанското Езеро до Осоговските Планини. За да ја знаеме и запознаеме Македонија, мора да ги кренеме очите од дневните проблеми и да ја почитуваме убавината што не окружува. Благословен сум што можам тоа да го правам од...

КАТАСТРОФАЛНИОТ НАСТАП НА АНГЛИЈА ЌЕ БИДЕ ИСЕЧЕН ОД ФИЛМОТ ЗА ВАРДИ

Продуцентите на филмот за англискиот фудбалер Џејми Варди, којшто треба да излезе во кината следната година, планираат да го изостават неговиот настап со националниот тим на Европското првенство во Франција. Во филмот за подемот на 29-годишниот фудбалер од аматер до една од најголемите ѕвезди во Премиер лигата требаше да има сцени од неговите настапи на Европското првенство. Сепак, по срамната...

РОНАЛДО СЕ ПОФАЛИ СО НОВИОТ ЧАСОВНИК ОД 4.000 ФУНТИ ДОДЕКА СЕ РЕЛАКСИРАШЕ ВО ФРАНЦИЈА

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо беше прогласен за најплатен спортист во светот од „Форбс” со заработка од 88 милиони долари минатата година, од кои повеќе од една третина му се од спонзорски договори. Ѕвездата на Реал Мадрид се релаксираше пред вечерниот дуел против Полска на Европското првенство во Франција и се пофали со новиот часовник од 4.000 фунти. Роналдо, кој е посакуван...

ХАЈНДЛ В СРЕДА ВО СКОПЈЕ, ПОСЕТАТА НА НУЛАНД НЕПОТВРДЕНА

Германскиот посредник за решавање на политичката криза во Македонија, германскиот амбасадор во Австрија, Јоханес Ханјдл, в среда ќе допатува во Скопје, потврдија за Мета од Амбасадата на Германија во Скопје. Засега не се откриваат детали од посетата на Хајндл. Се шпекулира дека и заменикот државен секретар на САД, Викторија Нуланд, ќе ја посети Македонија, но во моментов нема потврда за...

ВМРО-ДПМНЕ ГО НАПУШТИ СОВЕТОТ НА ТЕТОВО, ОТИ ТЕУТА НЕ ГИ ИСПОЛНИЛА ВЕТУВАЊАТА НА ДУИ

Шесте советници од редовите на ВМРО ДПМНЕ во Советот на општина Тетово денеска револтирано, на самиот нејзин почеток, ја напуштија работата на редовната седница. “Револтирани сме, не од работата на Советот, туку сме револтирани од односот  на градоначалничката Теута Арифи. Голем број од договорените проекти не се реализирани и тоа најмногу оние кои се однесуваат на граѓаните од македонска припадност....

КООРДИНАТОРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ ОД БИТОЛА ГО НАПУШТИ ПРЕСОТ НА ПРАШАЊАТА ЗА ТАЛЕСКИ

Координаторот на ВМРО ДПМНЕ од Битола, Борче Димитровски  ја напушти говорницата на денешната прес конференција во Општинскиот комитат кога новинарите почнаа да го прашуваат за градоначалникот Владимир Талески кој е во куќен притвор. Новинарите го прашаа како ќе продолжи да функционира општината без градоначалник, на што Димитровски одговори дека ќе најдат решение по позитивните законски прописи. По ова следуваше прашање...

ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА БЕЗ ОПОЗИЦИЈА, ЛЕСЕН ДЕБИ НАСТАП НА ПРЕМИЕРОТ ДИМИТРИЕВ

Пратениците на СДСМ, НСДП и на ЛДП на денешната собраниска седница за пратенички прашања нема да учествуваат. На седницата деби настап треба да има премиерот за спроведување на предвремени парламентарни избори Емил Димитриев. Тој за првпат ќе одговара на прашања на пратениците, откако е на функцијата. Прашањата ќе доаѓаат главно од пратениците од власта, од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ. Опозицијата...