месечна Архива: јули 2016

ТРИ МЕСЕЦИ ЗАТВОР ЗА ПИСАТЕЛОТ ДОНЕВ ОТИ ЖЕНА СЕ ПРЕПОЗНАЛА ВО ЛИКОТ НА СЕЛСКА РАСПУШТЕНИЦА ОД НЕГОВ РАСКАЗ

Писателот Киро Донев, кој  пред неколку години од Скопје се врати во родното Моноспитово, струмичко, веќе со месеци работи на новата книга „На што се смеат моите соселани“. Станува збор за хумористична книга,  во која за првпат јавно ќе проговори за казната затвор од три месеци  што ја добил на почетокот од својата писателска кариера. За  САКАМДАКАЖАМ.МК , тој се...

ЗАГАДЕНА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ПОПОВА ШАПКА, ТЕТОВСКИТЕ КОМУНАЛЦИ МОЛЧАТ

Водата за пиење во туристичкиот центар Попова Шапка е фекално загадена, покажаа последните испитувања на Центарот за јавно здравје Тетово. Микробиолошкото загадување е резултат на неодржување на резервоарите на водата за пиење на Попова Шапка, изјави Центарот. „Резервоарите на водата за пиење треба редовно да се дезинфицираат, во спротивно може да дојде до микробиолошко загадување на водата. Затоа препорачуваме итна дезинфекција...

ВО ДИК ДОСЕГА СЕ ПРИЈАВИЛЕ 595 ОД СПОРНИТЕ 39.502 ГЛАСАЧИ

Државната изборна комисија соопшти дека заклучно со денеска до 13:00 часот се пријавиле вкупно 595 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список. На списокот се 39.502 спорни гласачи, кои до 19 август треба сами да се пријават за да се регистрираат за гласање. „142 се...

ПОЛИЦАЕЦОТ ВО КУМАНОВО УМРЕЛ ОД ВНАТРЕШНО КРВАРЕЊЕ

Психички растроен маж го уби полицаецот во кумановската населба Средорек. Енвер Бајрамовски (33), кој боледувал од шизофренија и се лекувал во болницата во Бардовци, синоќа со еден убод од нож го усмрти полицаецот Горан Станишевски (33) од Куманово, додека се обидувал да го приведе. Крвата пресметка започнала околу 21.30 часот, кога Бајрамовски ги претепал неговата сестра и мајка. Тие биле...

РУСИЈА ЗАБРАНИ УВОЗ НА ГОВЕДСКО МЕСО ОД МАКЕДОНИЈА

Руската Федерална служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола вчера воведе привремено ограничување на увозот на говеда, месо и на други месни производи од Македонија во Русија. Одлуката е донесена поради регистрирањето на епидемија на јазлеста кожа кај стоката во Македонија. Забраната се однесува и на увоз на производи од говедско месо, како и од други животни што се подложни на болеста...

„ШАРЛИ ЕБДО“ ГИ ИСМЕА СУСПЕНДИРАНИТЕ РУСКИ СПОРТИСТИ, РУСИТЕ ГНЕВНИ

Повеќе од една третина од 387-те руски спортисти коишто требаше да учествуваат на Олимпијадата во Рио се суспендирани поради допинг и како одговор, казнетите атлетичари си организираа „алтернативни Олимписки игри“ во Москва, а претседателот Владимир Путин тврди дека неговата земја е жртва на политички заговор. И додека Русите првично реагираа на извештајот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) со циничен хумор,...

ВО ПРЕСПА САМО ЃУБРЕТО Е ГРДО

Преспа доживува туристичка ренесанса и рекордна посетеност на плажите, но ваквиот тренд не го следат сместувачките капацитети. Ѓорги Ѓоргиевски еден од првите туристички работници  во изминатата деценија во Преспа, сопственик на туристичкиот комплекс „Галакси“ во Претор, вели дека интересот за престој расте, а немаат можност да примат поголеми групи туристи кои би престојувале повеќе денови. Се отвораат нови плажи,...

УБИЕН ПОЛИЦАЕЦ ВО КУМАНОВО

Полицаец од СВР Куманово е прободен со нож додека интервенирал за семејно насилство во кумановската населба Средорек. Од задобиените повреди полицаецот починал. Убиството се случило пред 23 часот во сабота во семeјство каде било пријавено дека насилник ги малтертира домашните. Кога полицаецот влегол во куќата насилникот се нафрлил врз него и го пробол со нож во грбот. Од задобиените повреди...

КРИВИЧНИТЕ ПРИЈАВИ ЗА ШАРАЊЕТО НА ПОРТА МАКЕДОНИЈА СЕ НЕЗАКОНСКИ, ШАРЕНИТЕ ДА БАРААТ ОТШТЕТА

Регистрацијата за недвижно културно наследство на Музеј на ВМРО и на Порта Македонија нема правна сила оти е спротивна на одредбите од Законот за заштита на културно наследство и Законот за музеите, па според тоа, ништовни се и поднесените кривични пријави против триесетина учесници во Шарената револуција кои со боја ги ишараа некои од објектите кои поседуваат статус на...

РУСИЈА ЈА ХАКИРАЛА КАМПАЊАТА НА ХИЛАРИ КЛИНТОН

Претседателската кампања на Хилари Клинтон е хакирана како дел од поголем сајбернапад против институциите на Демократската партија, објавија американските медиуми. Овој напад следи по две пробивања на податоците во Демократскиот национален комитет (ДНЦ) и Демократскиот комитет за конгресна кампања (ДЦЦЦ). Американските власти веруват дека сајбернападите се извршени од агенти кои работат за владата на Русија. Се стравува дека Русија се...