месечна Архива: септември 2016

И НОЌЕ СЕ КАРААТ ЗА ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ ВО БИТОЛА

Ги стемни битолските советници во општинската сала, а се уште не завршила дискусијата за раскинување на договорот за зонското паркирање во Битола. Маратонската седница започна претпладне во 11 часот и се уште трае.  Дел од советниците од опозицијата бараа седницата да продолжи друг ден кога ќе бидат присутни и повеќе новинарски екипи за јавноста да се запознае со проблемот....

И ММФ ПРЕДУПРЕДИ ДЕКА МАКЕДОНИЈА НЕМА ДОВОЛНО ПАРИ ЗА ПЕНЗИИ

По Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд во послeдниот извештаj за Македонија предупредува на големиот дефицит на пензискиот фонд. „Јавните финансии се соочуваат со долгорочните предизвици поради стареењето на населението“, се вели во извештајот на ММФ објавен вечерва. „На 4,5 проценти од БДП, дефицитот на пензискиот фонд на Република Македонија е прилично голем. Ова е одраз на релативно големите поволности, ниските...

ОД ПОЛНОЌ ЌЕ НЕМА СРПСКА И МАКЕДОНСКА МУЗИКА

Забраната за емитување српска музика стартува од ноќва на полноќ, а од пред десет дена е забрането емитување македонска музика, па на македонските телевизии и радио станици им останува да пуштаат бугарска, бошњачка, албанска, грчка или друга музика. Исклучок од забраната на Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) и на Организацијата на српските музички автори СОКОЈ, како што...

НЕМА АЈВАР

1 Можам да си ги замислам Никола Груевски и неговото патриотско друштво како седат некаде и си играат мајтап со Катица Јанева. Си викаат - видете ја оваа, нѐ фатила за некои 800.000 евра. Хе , хе, хе... само 800.000 евра. Што се 800.000 евра? Помалку од милион. Кога само за една набавка на опрема за следење успеале да ја...

СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО НА СЈО ЗА ПРИТВОР ЗА „ТРЕЗОР“

Основниот суд Скопје 1 го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за едно осомничено лице во врска со истрагата за предметот „Трезор“. „Судија на претходна постапка постапувајќи по предлогот за определување на мерка притвор поднесен од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела позврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите (СЈО), против...

ОПОЗИЦИЈАТА ПОБАРА ИТНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО ЗА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНИТЕ ШТО ГИ БАРАШЕ КАТИЦА ЈАНЕВА

Пратеничката група на СДСМ и на здружената опозиција доставија барање за свикување итна седница до Собранието на која на дневен ред ќе бидат измените на законите што ги побара специјалната обвинителка Катица Јанева. Се работи за предлог-закон за измена и за дополнување на Законот за заштита на сведоци и предлог-закон за измена на Законот за Јавно обвинителство за гонење...

СЈО ПОБАРА ИЗЗЕМАЊЕ НА УШТЕ ЕДНА СУДИЈКА ОТИ ИМА РЕЛАЦИИ СО „ФИНЗИ“

Специјалното јавно обвинителство побара изземање на еден од судиите на претходна постапка за предметот „Трезор“, соопшти Основниот суд Скопје 1. По барањето на СЈО, претседателот на Судот треба да одлучи во рок од три дена. Од Судот велат дека ова е трето барање за изземање судија од страна на СЈО и го обвинија СЈО дека намерно ги одолговлекува постапките. Од...

ПОКАЧУВАЊЕТО НА ПЕНЗИИТЕ ЌЕ ДОЦНИ ЗА ДА СЕ ПОКЛОПИ СО ИЗБОРИТЕ

Бившиот министер за финансии Зоран Ставрески лани најави дека секој октомври пензиите ќе бидат зголемувани за 5 отсто, за годинава на 14 јули, среде преговорите за избори на 11 декември, собранието да донесе измена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со која покачувањето се поместува во декември. Така, место со септемвриската пензија што се исплатува во октомври како...

ТАЛЕСКИ НЕ СЕ ПОЈАВИ НА ПРЕС КАДЕ ГО ЧЕКАШЕ ГЕРИЛА

Битолскиот градоначалник Владимир Талески не се појави на најавената прес-конференција на спортското игралиште во село Логоварди каде го чекаше герила акција. Општинските служби најавија дека пресот за пуштање во употреба новото игралиште ќе го држи градоначалникот, но, по половина час чекање од страна на новинарите, изјавите ги дадоа вработени од општината. Додека траше пресот, група локални жители кои и претходно...

ИЛИЈА ДА ДОЈДЕ НА ПРОТЕСТ ДА ВИДИ ШТО Е МОБИНГ, ПОРАЧА ЛИЛЕ СТЕЧАЈКАТА

„Илија да дојде на протест со стечајците па да види што е мобинг, а не да се седи во фотелја во собранието и да филозофира“, ваква порака му упати лидерката на стечајните работници Љиљана Георгиевска на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски од денешниот протест на стечајците во Куманово. „Господинот Димовски се жали дека му се врши мобинг во собранието, што...