месечна Архива: октомври 2016

СЈО ЌЕ ОБЖАЛИ ШТО ПАСОШОТ НА БЕТИ НЕ Е ОДЗЕМЕН, А ТАА ДО СУДОТ СЕ ЖАЛИ ОД ДОКАЗНАТА ПОСТАПКА

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) ќе ја обжали денешната одлука на судијата на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1, која го одби барањето за одземање на пасошот на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска како неосновано, потврди СЈО за САКАМДАКАЖАМ.МК. Министерката е првоосомничена во случајот на СЈО „Тендери“, во кој Специјалното обвинителтво истражува како министерката наместила тендер во корист на „Бетон...

ЈАВНИОТ ДОЛГ ПРВПАТ НАДМИНА 50 ОТСТО ОД БДП

Јавниот долг за третиот квартал од 2016  е и 50,6 проценти, а државниот долг е 41,9 отсто од домашниот бруто-производ (БДП) објави денеска Министерството за финансии. Ова е првпат јавниот долг да надмине 50 отсто од БДП. Како што велат од Министерството за финансии, зголемувањето на државниот и на јавниот долг во однос на вториот квартал се должи на издавањето...

РЕМЕНСКИ ГО ПОВИКА ДИМЕ СПАСОВ ДА ДАДЕ ОСТАВКА ОТИ НЕЗАКОНСКИ ВОЗЕЛ СЛУЖБЕНА КОЛА

Возилото со кое дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов во петокот вечерта предизвика две сообраќајки е во сопственост на Агенцијата за вработување, која според правилникот, нема правна основа да им дава возила на управување на други лица надвор од агенцијата, изјави министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски. Таа го повика Спасов да си...

ЗНМ БАРА ОСТАВКА ОД ВИЦЕПРЕМИЕРОТ ПЕШЕВСКИ ОТИ НАВРЕДИЛ НОВИНАРКА

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) остро гo осуди вицепремиерот Владимир Пешевски, кој минатата недела, по прес конференцијата на која го претставувал извештајот на Дуинг бизнис за Македонија, навредил новинарка од дневниот весник „Вест“, и побара тој да си даде оставка или премиерот Емил Димитриев да го разреши, како и јавно да ѝ се извини на новинарката. На споменатиот прес,...

СТИПЕНДИИ ЗА 35 СТУДЕНТИ ОД ФОНДАЦИЈАТА “ТРАЈЧЕ МУКАЕТОВ“

Фондацијата “Трајче Мукаетов“ годинава ќе стипендира 35 студенти, односно 15 студенти од Фармацевтскиот факултет и 20 студенти од Медицинскиот факултет. Стипендијата, во износ од 6.500 денари месечно, најдобрите студенти од трета и четврта година на овие два факултета при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“, ќе ја добиваат 12 месеци. Живко Мукаетов, генерален директор на „Алкалоид“ АД Скопје, рече дека годинава...

„ЈУГОХРОМ“ БАРА УШТЕ 18 МЕСЕЦИ ДА ЗАГАДУВА БЕЗ ФИЛТЕРИ

„Југохром“ бара ново 18-месечно продолжување на рокот да постави филтри за отпрашување на отпадните гасови од фабриката. Рокот, кој истекува денеска, го одреди Владата пред две години. Досега овој рок Владата и Министерството за екологија неколку пати го продолжуваа на барање на „Југохром“, но во фабриката и понатаму нема поставено филтри. Од „Југохром“ велат дека интензивно работат на поставување филтри. “Ние...

СУДОТ НЕ Ѝ ГО ОДЗЕДЕ ПАСОШОТ НА БЕТИ ЗА „ТЕНДЕРИ“

Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1 денеска го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за одземање на пасошот на министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која е првоосомничена во случајот на СЈО „Тендери“ и во петокот беше на распит во Судот. Барањето на СЈО за предложената мерка за претпазливост е неосновано, соопшти Кривичниот суд. „Тендери“ се однесува на склучување договор...

ПРИВЕДЕН ГЛАВНИОТ УРЕДНИК НА ТУРСКИОТ ОПОЗИЦИСКИ ВЕСНИК „ЏУМХУРИЕТ“

Турската полиција го приведе главниот уредник на опозицискиот весник „Џумхуриет“, Мурат Сабунџу, и врши претрес на раководството на тој весник, објавија турските медиуми. Телевизијата „Си-ен-ен Турк“ јавува дека биле издадени налози за апсење на вкупно 12 новинари и раководители, вклучувајќи го и претседателот на управниот одбор на весникот, Акин Аталај. Новинарите се под полициска истрага поради наводна поврзаност со муслиманскиот водач...

СЛОБОДАН БОГОЕВСКИ ЌЕ ТУЖИ АКО СУДОТ НЕ ЈА ОТФРЛИ ТУЖБАТА НА АХМЕТИ И ЏАФЕРИ ЗА КЛЕВЕТА

Ако Основниот суд Скопје 2 не ја отфрли тужбата за клевета поднесена од лидерот на ДУИ Али Ахмети и од Муса Џафери против ексразузнавачот Слободан Богоевски за случајот „Маѓар Телеком“, со која тој и пред Њујоршкиот суд сведочеше дека во 2005 двајцата примиле мито од по 2,5 милиони евра, Богоевски најави дека ќе иницира кривична постапка за влијание врз...

ТАЛЕНТОТ Е НОВОТО СЕКСИ, ПОЧНА МОДНИОТ ВИКЕНД ВО СКОПЈЕ

Есенскиот Моден викенд Скопје отвори синоќа со колекциите на Јована Филиповиќ, Андреј Папаз Ѓоргиевски и на Филип Тренчовски, а во „Скопје Мериот хотел“, каде се одржува 14. издание на Модниот викенд, излезе и најновата колекција на уникатен накит од „Сигма“. Модниот викенд, кој годинава е под мотото „Талентот е ново секси“, продолжува вечерва со ревиите на студентите од Институтот за...