месечна Архива: јануари 2017

ТЕТОВЦИ ТАНЦУВААТ СО ВОЛЦИТЕ

Во топлата соба Теодора, Петар и Васе си ги пишуваат домашните работи и се подготвуваат за училиште. Со нив, легната на креветот е и Тара, нивното домашно милениче. Но Тара не е вобичаено домашно милениче. Таа е волчица стара осум месеци. Тара станува од креветот и оди прво кај Васе и бара тој да ѝ обрне внимание. На Петар...

ХИРШЕР ЈА ИЗРАДУВА ДОМАШНАТА ПУБЛИКА НА СЛАЛОМОТ ВО КИЦБИЛ, РАЈДИНГ СО ИСТОРИСКИ РЕЗУЛТАТ ЗА БРИТАНИЈА

Скијачкиот викенд во Кицбил, Австрија, заврши денеска со машката слалом трка на легендарната патека „Ганшлерн“ и австриската публика ја израдува домашниот скијач Марсел Хиршер, кој го освои првото место пред големото изненадување, Дејв Рајдинг од Велика Британија. Рајдинг, кој имаше водство по првото возење, со втората позиција го повтори најдобриот британски резултат во историјата на Свесткиот куп во алпско скијање,...

ЈАС ВЕ САКАМ, НОВИНАРИТЕ ЛАЖАТ, РЕЧЕ ТРАМП ВО ЦИА

На својот прв работен ден, претседателот Доналд Трамп вчера ги прекори медиумите за следењето на неговата инаугурација, а при посетата на седиштето на ЦИА заради помирување со разузнавачката агенција се пожали на „нечесните“ новинари. Но, токму Трамп беше тој кој шири невистини за тоа колку луѓе дошле да ја гледаат неговата инаугурација во Вашингтон. Застанат пред споменикот на загинатите агенти...

НЕМА ОПШТИНИ КАЗНЕТИ ЗА НЕИСЧИСТЕН СНЕГ ОТИ ТРЕБА САМИ ДА СИ СЕ КАЗНАТ

Сите општини во Македонија, без исклучоци, потфрлија во справувањето со снегот, но ниту една не е казнета. Нема казна поради неисчистен снег и за градоначалниците, па сосема очекувано е и две недели по првите снежни врнежи, насекаде да има затрупани улици. За општините се предвидени казни, но треба да им ги пишат општинските комунални инспектори, а за градоначалниците во сегашната...

ПОЛОВИНА МИЛИОН ДЕМОНСТРАНТИ НА ЖЕНСКИОТ МАРШ ПРОТИВ ТРАМП ВО ВАШИНГТОН

Стотици илјади демонстранти денеска ги наполнија улиците во Вашингтсон, создавајќи море од розови шапки и транспаренти за Женскиот марш против новиот американски претседател Доналд Трамп, само еден ден по неговата инаугурација. Организаторите во Вашингтон ја зголемија бројката на учесници на повеќе од 500.000, но конечната бројка може да биде уште поголема бидејќи учесниците на маршот имаше и на улици...

РЕЗУЛТАТОТ СО НОРВЕШКА НЕ ТРЕБА ДА ГО РАСИПЕ ВПЕЧАТОКОТ, ПОРАЧА СЕЛЕКТОРОТ ЧЕРВАР ПО ЕЛИМИНАЦИЈАТА ВО ОСМИНАФИНАЛЕТО

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар вели дека може да бидеме задоволни од настапот на Светското првенство во Франција по денешната елиминацијата од Норвешка во осминафиналето. Во Албервил, Македонија загуби со 34:24 по слабото издание во второто полувреме, откако во првиот дел одигра добро и на полувреме имаше негатива од само два гола (12:10). „Норвешка денеска беше подобриот тим. Знаев...

ШВАРЦЕНЕГЕР И АВСТРИСКАТА ЕЛИТА ДОЈДОА ВО КИЦБИЛ ЗА СПУСТ ТРКАТА И МАРАТОНСКИТЕ ЗАБАВИ

СПЕЦИЈАЛНО ЗА САКАМДАКАЖАМ.МК ОД КИЦБИЛ: И. ВЕЉКОВИЌ Бројни славни личности како и вообичаено и годинава ја следеа во живо спуст трката од Светскиот куп во алпско скијање во Кицбил, Австрија. На главната трибина, австрискиот канцелар Кристијан Керн налета на Арнолд Шварценегер, холивудски актер и поранешен гувернер на Калифорнија. Сепак, двајцата не можеа да бидат задоволни од настапот на домашните скијачи,...

ПОЧИНА ПЛИВАЧКИОТ ТРЕНЕР ДИМИТРИЈА ПОПОВСКИ-ШКИПЕР

Денеска во Скопје, по кусо и тешко боледување на 76 години почина Димитрија Поповски – Шкипер, еден од најистакнатите тренери во македонското пливање. Шкипер беше тренер на нашите најдобри пливачи, како Наташа Мешкоска, Александар Миладиновски, Александар Маленко и Весна Стојановска, со кои учествуваше на четири Олимпијади од 1992 до 2004 година. Тој  беше и последен селектор на југословенската пливачка репрезентација, а...

СНЕГОТ УНИШТИ СТОТИНА ОРАНЖЕРИИ ВО СТРУМИЧКО, ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ БАРААТ ПОМОШ

Снегот во струмичко уништи стотина оранжерии кои земјоделците ги подготвуваа за сеидба и отпочнување на раноградинарската сезона. Најпогодeни се земјоделците од населените места Куклиш, Бориево и Моноспитово чии оранжерии не ја издржаа на снежната покривка од 15-тина сантиметри, па конструкциите со полиетиленските платна и системите капка по капка се уништени. Дине Дрвошанов од Куклиш вели дека пред негови очи...

ИЛЈАДНИЦИ ЖЕНИ ПРИСТИГНАА ВО ВАШИНГТОН ЗА МАРШОТ ПРОТИВ ТРАМП

Решени да му се спротивстават на новиот американски претседател, илјадници жени пристигнаа во Вашингтон за маршот, чија цел е да му се покаже на Доналд Трамп дека тие нема да молчат во наредните четири години. Организаторите на Женскиот марш на Вашингтон очекуваат над 200.000 луѓе да се појават за помирен протест во однос на вчерашниот хаос, создаден од самопрогласените...