СКОПЈАНИ ДЕНЕС СЕ ШВЕРЦУВААТ И ВО ЈСП И КАЈ ПРИВАТНИЦИТЕ, НЕМА КАРТИЧКИ НИ ВО БИЛЕТАРИТЕ НИ КАЈ ВОЗАЧИТЕ

Неперсонализирани картички од 150 денари за јавниот превоз во Скопје денес нема ниту во голем дел од билетарите. Пред една недела почна да ги снемува во автобусите. Оваа картичка е единствената која може да се купи кај возачот по целосното воведување на електронскиот систем за наплата во јавниот превоз со кој истите билети важат и кај приватниците и во...

НОВИ ДВЕ ПРИЈАВИ ОД МВР ЗА ПРИЛЕПСКИОТ АКТИВИСТ СТЕВАНОСКИ ЗА ГРАФИТОТ „ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“

Прилепската полиција поднела две нови прекршочни пријави против граѓанскиот активист Жарко Стеваноски, кој се товари затоа што за време на протестите на Шарената револуција во Прилеп, го испишуваше графитот „Че си лежите“ на коловозот пред општинската зграда во Прилеп. „Денеска ме известија дека полицијата поднела две нови прекршочни пријави, за истиот прекршок, по ист член 191 од Законот за безбедност...

ЕВН РАЗГЛЕДУВА КАКО ДА ГО РЕШИ ДОЛГОТ НА СЛЕПОТО СЕМЕЈСТВО ОД ВРАГОТУРЦЕ

ЕВН ја разгледува можноста да му помогне на слепото семејство Младеновски од планинското село Враготурце, за да го реши проблемот со заостанатиот долг за неплатена електрична енергија, поради што минатата недела остана без струја. Семејството беше исклучено од системот за напојување со електрична енергија минатата среда на температура -20 степени, поради, како што тврди Новко Младеновски, заостанат долг од 2005...

НИКОЈ НЕЈЌЕ ДА ВДОМИ ДЕТЕ ОД УЛИЦА ВО БИТОЛА

„Ајде, убавице дај една десетка да купам млеко за бебето и пелени.  Дај една банка да си купам парче леб, ништо не сум јадела  со денови“, моли парталава жена со бебе во рацете, свиткано во ќебе на температури под нулата, седната на плочникот среде новогодишно украсениот Широк Сокак во Битола. Околу неа има најмалку барем уште три деца. Сите...

40.000 МАЗНИЦИ ЌЕ ИСУКААТ И ИЗЕДАТ БИТОЛЧАНИ НА ВАСИЛИЦА

40.000 мазници ќе се исукаат и изедат вечерва и утре во Битола, по повод верскиот празник Василица. Битолчани на овој ден го вртат мазникот и веруваат дека на тој што ќе му падне парето ќе го следи среќа цела година. Василица во Битола се слави исто како и Нова година. Прославите почнуваат три дена пред празникот и завршуваат два дена...

ОД ДИВИ ПРИКЛУЧУВАЊА И НЕКОНТРОЛИРАНО ТРОШЕЊЕ СТРУЈА , ГОРАТ ОСИГУРУВАЧИТЕ ВО БИТОЛА

Поставувајќи камења, автомобилски гуми и палејќи оган на регионалниот пат Битола-Ресен жителите од битолско Картон Маало, во населбата Баир, се побунија зашто вчеравечер на минус 16 степени останаа без струја. Ова е најсиромашната населба во Битола, каде во најголем дел жителите на диво се приклучуваат на струјната мрежа. „Ќе палиме дури не ни пуштат струја. Ова е претерано. Во најстуденото...

НАД 100 ГРАЃАНИ СО ГРИП ДНЕВНО БАРААТ МЕДИЦИНСКА ПОМОШ ВО ПРИЛЕП

Бројот на заболени од грип во Прилеп секојдневно расте. Во амбулантите на матичните лекари се јавуваат просечно по 100 граѓани за медицинска помош. „Има заболени со грип, има други вирусни инфекции, настинки, а сигурно има и голем број граѓани кои воопшто не бараат медицинска помош и сами се лекуваат во домашни услови, за кои немаме евиденција. Но, појавата на висока...

ХРВАТСКИ „АГРОФРУКТУС“ ГИ ОТПУШТИ ВРАБОТЕНИТЕ ВО СТРУМИЦА

Најголемиот дел од вработените во „Агрофруктус“ од Струмица пред Нова година добиле отказни решенија. Нивните договори за работа не се обновени. Според нив, и процесот на откуп, пакување и дистрибуција на зеленчук и овошје е стопиран. Тие во декември користеле годишни одмори, а пред Нова година речиси сите добиле прекин на договорите за работа во овој центар кој го отвори...

СТУДОТ ГО ЗАТВОРИ ТЕТОВСКИОТ ПАЗАР

Четврток е пазарен ден во Тетово и место денеска Зелениот пазар да „врие“ од продавачи и купувачи, тој денеска беше речиси празен. Тезгите на кои се продава зеленчук и овошје седат покриени со ќебиња и најлони како единствена заштита од екстремно ниските температури кои во полошкиот регион се спуштија и до 20 степени под нулата. „Пет дена не сум ја...

РАБОТНИЦИТЕ ОД НЕГОТИНСКАТА ТУЛАНА ЌЕ ШТРАЈКУВААТ ЗА НАМАЛЕНИТЕ ПЛАТИ

Се намалуваат платите иако тулата се продава, реагираат работници од неготинската тулана „8 Ноември”. Велат дека прифаќањето на планот за реорганизација на фабриката за производство на тули и блокови која една година беше во активен стечај, по одлука која беше донесена од Собранието на доверители, по сѐ изгледа дека не донесе ништо добро за стотината вработени во фабриката. „Се соочуваме со...