ОД ДЕНЕСКА ЗА ВЛЕЗ ВО КОКИНО ОД 30 ДО 120 ДЕНАРИ

Од денеска се  наплаќа влезница за влез во мегалитската опсерваторија Кокино, според одлуката на Кумановскиот музеј за воведување систем за наплата на билети и ангажирање на лиценцирани туристички водичи за разгледување на локалитетот. Влезниците чинат од 30 денари за деца од 5 до 15 години, 60 денари за домашни гости и 120 денари за странци, ќе се продаваат кај...

НОВИ ДВЕ ПРИЈАВИ ОД МВР ЗА ПРИЛЕПСКИОТ АКТИВИСТ СТЕВАНОСКИ ЗА ГРАФИТОТ „ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“

Прилепската полиција поднела две нови прекршочни пријави против граѓанскиот активист Жарко Стеваноски, кој се товари затоа што за време на протестите на Шарената револуција во Прилеп, го испишуваше графитот „Че си лежите“ на коловозот пред општинската зграда во Прилеп. „Денеска ме известија дека полицијата поднела две нови прекршочни пријави, за истиот прекршок, по ист член 191 од Законот за безбедност...

ТАЛЕВСКИ ОД КУЌЕН ПРИТВОР ЌЕ ТУЖИ НОВИНАР ОТИ ПРЕНЕЛ ИЗЈАВА НА ФАТИМЕ ФЕТАИ

Битолскиот градонaчалник Владимир Талевски од куќен притвор преку писмен допис на адвокат му се закани на новинарот од Битола, Симе Алушевски дека ќе го тужи ако јавно не му се извини за објавен текст. Слична најава за тужба новинарот доби и од секретарот на општина, Слободан Бончановски, кој исто како и Талески за случајот „Транспортер“ беше во притвор. На Талевски...

БОРБА ЗА ГРАМ КИСЛОРОД ПОД ОЏАЦИТЕ НА РЕК

Ги разеленуваат дворовите со големи тревници, садат ружи, борови високи по неколку метри.  Создаваат зелени оази за да добијат некој кубик чист воздух. Секое разеленето парче земја  има голема вредност под оџаците на РЕК „Битола“. Неколку стотици жители од општина Новаци живеат на километар до два од најголемиот произведувач на струја во Македонија. Ветерот некаде носи свежина, но тука...

ПРОТЕСТИРААТ ПРЕД ПОЛИЦИЈАТА ВО ОХРИД ОТИ СЈО ГИ ПОВИКАЛО НА РАСПИТ

Стотина демонстранти се собраа пред полициската станица во Охрид, кадешто денеска почна распитот на сегашни и поранешни раководители на разни институции во градот, членови на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на Специјалното јавно обвинителство. Ова е прв ваков протест пред полицијата, иако и претходно охриѓани биле повикувани на распит од СЈО за други предистражни постапки, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од полициски извори. Неофицијално, распитот...

СОБИРААТ СУВИ ГРАНКИ ЗА ДА СЕ ЗГРЕАТ

Со кратки панталони среде зима четиригодишниот Исмаил Алиов собира суви гранки за да го згрее шестмесечното братче, но и да се згреат и останатите членови од четиринаесетчленото семејство во Кавадарци. Го сретнавме како и помагаше на мајка си Џеврие, додека ја полнеа количката со суви гранки, кои ги собираа на патот близу кавадаречката градска општа болница. И додека други...

ГРАДИЛИШТЕТО ВО ТАФТАЛИЏЕ ШТО ГО ЧУВААТ БОДИГАРДИ Е НА СНАБДУВАЧ НА ВЛАДАТА СО ЦВЕЌЕ

Новата зграда на улицата Букурешка во скопско Тафталиџе, чие градилиште го чуваат бодигарди, ќе ја гради фирмата „Флорастат“ ДООЕЛ Скопје, информираа од Општина Карпош. Таа е запишана во Централниот регистар на Република Македонија како Друштво за трговија на големо и мало и услуги и како мал правен субјект. Оваа фирма изминативе години има добиено низа тендери за едногодишна набавка на...

ГРУЕВСКИ ЗНАЕ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СОСТАВИ ВЛАДА, РЕЧЕ ЗАЕВ ВО БИТОЛА

„Знам јас, знае и Груевски дека без разлика какви ќе бидат одлуките на Државната изборна комисија и евентуално на Управниот суд, тоа не ги менува работите, Груeвски не може да ја состави владата на Република Македонија“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев денес во Битола, при посетата на локалното партиско седиште. Тој додаде дека одлуките на ДИК „се во...

ОПОЖАРЕНА ГАРАЖАТА НА НОВИНАРОТ НА „ПУБЛИКУМ“ ЗОРАН МИЛОШЕСКИ

Непознат сторител половина час пред полноќ истурил запалива течност пред гаражата на прилепскиот новинар Зоран Милошески, сопственик на веб порталот „Публикум“ и дописник на неделникот „Фокус“ и порталот „Слободна Македонија“. За среќа, сосед веднаш го забележал распламтениот оган, случајот го пријавил во полиција и сам со изгаснал огнот. „Полицијата изврши увид на местото на настанот,веднаш по пријавата. Имало возило во гаражата...

ЗА НАСТАВНИЧКАТА СО КРСТОТ НЕМА ПРИЈАВА, А ДУШКО МЛЕКАРОТ БЕШЕ ОСУДЕН ЗА НАВРЕДА НА ГРУЕВСКИ

За наставничката Жанета Петровска која на прославата на ВМРО-ДПМНЕ носеше погребален крст за Зоран Заев, ни полицијата ни обвинителството за сега нема да покренат пријава. Обвинителот Антонио Јолевски во телефонски разговор за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави дека до сега не е доставена никаква пријава против наставничката.Тој рече дека обвинителството не може да покрене постапка против неа по службена дожност врз основа...