ЗАМРЗНА ХРАНАТА ВО ЗАГЛАВЕНИТЕ КАМИОНИ НА ТАБАНОВЦЕ, ШТЕТА НАД 10.000 ЕВРА

Повеќе од 10.000 евра штета претрпеа дел од сопствениците на камиони што беа заглавени на царинскиот терминал Табановце, поради нерасчистениот снег. Еден од увозниците на овошје и зеленчук за кванташкиот пазар во Скопје, кажува дека стоката што била во камионот е целосно измрзната и мора да ја фрли. „Ние што увезуваме прехрамбени производи, пред сѐ овошје и зеленчук, имаме најголема...

ЗЕЛЕНИОТ КАТАСТАР КОЦЕ НЕ ГО НАПРАВИ НИ ДО КРАЈ НА 2016

Две години градските власти вложуваат пари во изработка на Зелeн катастар за Град Скопје, но никако да го направат. Градоначалникот на Скопје Коце Трајановски лани, на почетокот на годината, уверуваше дека сите дрвја и сето зеленило во Скопје ќе бидат пребројани и документирани најдоцна до крајот на годината. Тоа не се случи, а нов рок за комплетирање на катастарот...

ЗАМРЗНА РЕКАТА ДРАГОР ВО БИТОЛА

Екстремно ниските температури замрзнаа делови од реката Драгор во Битола. Денеска Битола беше прв град по најниски измерени температури во земјава, единствено во Маврово беше постудено со минус 21 степени целзиусови. Во Битола утрово беа измерени 20 степени под нулата, а и денеска се очекуваат слични температури. Ниските температури ја замрзнаа и водата од градската чешма. Во голем дел куќи испукаа водоводни...

ПАТНИЦИ ОД БИТОЛА ИЗМРЗНАА НА МИНУС 13 ЧЕКАЈЌИ ГО ВОЗОТ ЗА СКОПЈЕ

Студенти и други патници од Битола попладнево измрзнаа на битолската железничка станица чекајќи да тргне возот за Скопје. Патниците за САКАМДАКАЖАМ.МК изјавија дека патничкиот воз според возниот ред поаѓал во 18.05 часот, а тргнал дури во 19.40 часот. Поради доцнењето, патниците останале на перон да чекаат час и половина на температура од 13 степени под нулата. „Изѕемнавме чекајќи го возот....

ИНТЕР ЌЕ ГОСТУВА НА ОТВАРАЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ НА ПАНДЕВ ВО СТРУМИЦА

Оваа година треба да заврши изградбата на спортско-рекреативниот центар Пандев во Струмица, вреден повеќе милиони евра, а се очекува на отварањето да гостува италијанскиот тим Интер од Милано. Откако се подигна зградата каде ќе има апартмани, базени, теретани, сауни и фитнес центар, градежни екипи почнаа да го расчистуваат теренот каде треба да се изгради фудбалското игралиште, кое ќе биде...

СУДОТ ГО ОСЛОБОДИ ПРИЛЕПСКИОТ АКТИВИСТ ТУЖЕН ЗА ГРАФИТОТ „ЧЕ СИ ЛЕЖИТЕ“

Прилепскиот Основен суд донесе ослободителна пресуда за Жарко Стеваноски, граѓанскиот активист којшто МВР го товареше за сторен прекршок по член 191 од Законот за безбедност во сообраќајот за време на протестите на Шарената револуција. За Стеваноски, кој е адвокат по професија, очекувана е оваа пресуда на Основниот суд, зашто како што вели, тој едноставно не го сторил прекршокот за...

КУМАНОВО ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ЈА МЕРИ ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ

Општина Куманово ќе ангажира лиценцирана лабораторија која ќе изврши дополнително, независно мерење на загадувањето на возухот во градот, за да се утврди фактичката состојба и со тоа да прекине политичката хајка, најавува градоначалникот Зоран Дамјановски, откако изминатите неколку денови беше мета на напади дека Куманово е најзагаден град во Европа, а локалната самоуправа не презема ништо да го реши...

ЗАГЛАВЕНИ ВОЗИЛА И КОЛОНИ НА ПАТОТ ЗА ПЕЛИСТЕР

Камионот кој утрово требаше да го исчисти патот за Пелистер, имал проблеми да се искачи по планинските угорнини завеани во снег и мраз. Поради ова, расчистувањето одеше бавно, а патот беше блокиран. Поголем број на битолчани кои утрово се упатија кон ски центрот „Копаnки“ не можеа да се искачат до горе, па со своите возила подолго време останаа заглавени...

СЕ РАСИПАЛ КАМИОНОТ ШТО ГО РАСЧИСТУВАЛ ПРЕВОЈОТ БУКОВО НА ПАТОТ РЕСЕН-ОХРИД

Се расипа камионот кој работеше на расчистување на снежните наноси од превојот Буково на патниот правец Ресен-Охрид. Сообраќајот на овој пат е во прекин заради расчистување. Со цел состојбата побрзо да се нормализира на помош се испратени два камиони од Битола, соопшти за САКАМДАКАЖАМ.МК директорот на битолската подружница на „Македонија пат“, Веселинчо Спасевски. Тој вели дека не е точна информацијата...

МИЛОШОСКИ ШЕСТ ГОДИНИ ВО БИТОЛА ВЕТУВА ТОПЛИФИКАЦИЈА

Оваа грејна сезона се навршија десет години откако паднаа првите ветувања дека Битола ќе се топлифицира. Во 2006, неколку месеци по парламентраните избори на кои победи ВМРО-ДПМНЕ, локалната власт раскопа улица во центрот на градот кажувајќи дека става цевки за топлана. Не само што не се изгради, туку и Топлификација отиде во стечај.  Снегот и асфалтот ги покрија трагите. Пет...