РОНАЛДО СЕ ПОЧЕСТИ СО НАЈБРЗИОТ АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ ЗА ПОБЕДАТА НА ЕВРОПСКОТО

Кристијано Роналдо додаде уште еден примерок на неговата збирка автомобили по победата на Португалија на Европското првенство во Франција. Капитенот на португалската фудбалска репрезентација уште е на седмо небо една недела откако неговиот национален тим победи на Европското првенство во Франција за прв пат во историјата на земјата. Иако ѕвездата на Реал Мадрид не ги одигра сите 90 минути од натпреварот...

ТАТКО МИ Е ВО ЗАТВОР ЗА УБИСТВОТО НА МОЈАТА МАЌЕА, ОТКРИ ХЕРОЈОТ НА ПОРТУГАЛИЈА ЕДЕР

Португалскиот фудбалер Едер, кој го постигна победоносниот гол во финалето на Европското првенство во Франција, откри дека неговиот татко е во затвор за убиство на неговата маќеа. Едер влезе во игра од клупата за резерви во неделата во Париз и постигна гол во продолженијата за победа на Португалија од 1:0 над домаќинот Франција за прва титула на Португалците на големите...

УЕФА Е СИГУРНА ДЕКА НЕМАЛО НАМЕСТЕНИ НАТПРЕВАРИ НА ЕВРОПСКОТО

Европското првенство во Франција помина без ниту еден случај на местење натпревари или нерегуларно обложување, соопшти УЕФА. Европската фудбалска организација вели дека вовела серија мерки за задржување на интегритетот на фудбалскиот шампионат за да спречи нерегуларности и тие се покажале како невиден успех. Сите 24 учесници, како и судиите биле запознаени со мерките пред почетокот на турнирот во Франција, а системот...

ПЕТИЦИЈАТА ДА СЕ РАСПУШТИ РУСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА СТИГНА ДО МИЛИОН ПОТПИСИ

Еден милион Руси веќе ја потпишаа петицијата за распуштање на нивната фудбалска репрезентација, откако беше елиминирана уште во првата фаза на Европското првенство во Франција со само еден освен бод. „Распуштање на руската фудбалска репрезентација. Сакаме да бидеме горди, не засрамени”, гласи петицијата, која, меѓу другите, е упатена и до рускиот претседател Владимир Путин. Русија беше оценета како една од најлошите...

ТВИТОТ НА ЛИНЕКЕР ЗА ЕЛИМИНАЦИЈАТА НА АНГЛИЈА ОД ИСЛАНД БЕШЕ НАЈПОПУЛАРЕН НА ЕВРОПСКОТО

Победата на португалската фудбалска репрезентација во финалето на Европското првенство беше кулминација на изненадувања, коишто го одбележаа турнирот во Франција. Англиските навивачи, пак, ќе го паметат шампионатото во Франција по раната елиминација на нивната репрезентација и тоа од аутсајдерот Исланд. Иако, Англија имаше еден од најдобрите тимови во Франција, барем според имињата во составот, тимот на сега веќе бившиот селектор...

МЛАД РУСИН СЕ САМОУБИ ОТКАКО ЈА ЗАГУБИ ЦЕЛАТА ЗАШТЕДА НА ОБЛОГ ДЕКА ФРАНЦИЈА ЌЕ ПОБЕДИ ВО ФИНАЛЕТО

Русинот Фидел Никитин (27) се самоуби откако ја загуби целата заштеда на облог дека Франција ќе победи во финалето на Европското првенство во фудбал. Тој се надеваше дека со облогот од 2.300 фунти ќе може да ги врати долговите, но Португалија го победи домаќинот во финалето во Париз во неделата. Никитин, кој е од Ижевск и работеше како продавач на мобилни...

ПОРТУГАЛИЈА ГО ПОКАНИ РАСТРЕВОЖЕНИОТ ФРАНЦУСКИ НАВИВАЧ ДА ЈА ПОСЕТИ ПО ЕМОТИВНОТО ВИДЕО

Португалското туристичко биро почна потрага по францускиот навивач, кој беше тешен од млад португалски навивач по поразот од неговата фудбалска репрезентација во финалето на Европското првенство во Франција. Португалските функционери сакаат да го поканат растревожениот Французин во Португалија за да ја запознае земјата на новиот европски шампион и да искуси автентично добедојде. По финалето во Париз во неделата, во кое...

НАНИ И РЕНАТО САНЧЕС ПОКАЖАА ИМПРЕСИВНИ БИТБОКС ВЕШТИНИ НА ШАМПИОНСКАТА ПАРАДА

Португалските фудбалери ја слават победата на Европското првенство во Франција на сите можни начини. И со право. Прво ја објавија задолжителната тимска фотографија во авионот на враќање дома. Потоа парадираа пред илјадниците обожаватели во Лисабон, ги поздравуваа верните фанови, покажуваа љубов. Во духот на прославата и забавата, дознавме некои работи за играчите на репрезентацијата, на пример дека Кристијано Роналдо ич не...

РОНАЛДО ЗАМИНА НА ОДМОР СО ФАМИЛИЈАТА ВЕДНАШ ПО ПРОСЛАВАТА НА ТИТУЛАТА

Веднаш по прославата на титулата на Европското првенство во Франција, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо замина на заслужен одмор со фамилијата. 31-годишникот доби спектакуларен дочек со соиграчите, кога вчера слетаа на аеродромот во Лисабон со трофејот и потоа ѕвездата на Реал Мадрид не чекаше долго пред повторно да се качи во авион и да замине на засега непозната дестинација. „Патување со фамилијата”,...

СЀ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТАТ НАЈДОБРИТЕ, ПОРТУГАЛСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ СЕ ВРАТИЈА ДОМА ВО ПРИДРУЖБА НА БОРБЕНИ АВИОНИ

Португалскиот фудбалер Жоао Мутињо сними како авионот Боинг 737 со кој неговата репрезентација се враќаше од Европското првенство во Франција е придружуван од два борбени авиони Ф-16. „Кога го гледам ова, уште повеќе ме преплавуваат чувства. Ќе направат сѐ за да ги заштитат најдобрите во Европа“, се слуша гласот на еден од играчите во видеото. Портпаролот на Португалското воено воздухопловство кажа...