КОЛИНДА ЗБЕСНА И ИМ СЕ ЗАКАНИ НА ХРВАТСКИТЕ ХУЛИГАНИ

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ беше бесна по инцидентите што се случија за време на фудбалкиот натпревар на Хрватска против Чешка на Европското првенство во Франција. Натпреварот во Сен Етјен беше привремено прекинат во финишот, откако хрватските навивачи фрлија факели на теренот, а потоа и почнаа да се тепаат меѓу себе на трибината. Еден припадник на обезбедувањето беше погоден со факел,...

РОНАЛДО ЗАМИНА НА ОДМОР СО ФАМИЛИЈАТА ВЕДНАШ ПО ПРОСЛАВАТА НА ТИТУЛАТА

Веднаш по прославата на титулата на Европското првенство во Франција, португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо замина на заслужен одмор со фамилијата. 31-годишникот доби спектакуларен дочек со соиграчите, кога вчера слетаа на аеродромот во Лисабон со трофејот и потоа ѕвездата на Реал Мадрид не чекаше долго пред повторно да се качи во авион и да замине на засега непозната дестинација. „Патување со фамилијата”,...

РОНАЛДО СЕ ПОЧЕСТИ СО НАЈБРЗИОТ АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ ЗА ПОБЕДАТА НА ЕВРОПСКОТО

Кристијано Роналдо додаде уште еден примерок на неговата збирка автомобили по победата на Португалија на Европското првенство во Франција. Капитенот на португалската фудбалска репрезентација уште е на седмо небо една недела откако неговиот национален тим победи на Европското првенство во Франција за прв пат во историјата на земјата. Иако ѕвездата на Реал Мадрид не ги одигра сите 90 минути од натпреварот...

ЕМОТИВНИОТ ИСЛАНДСКИ КОМЕНТАТОР МОЖЕ ДА ОСТАНЕ БЕЗ РАБОТА

Исландскиот телевизиски коментатор Гудмундур Бенедиктсон, кој стана светски популарен по фудбалскиот натпревар Исланд-Австрија на Европското првенство во Франција, е во опасност да ја загуби работата. ТВ-коментаторството му е „тезга“ на Бенедиктсон, а примарна работа му е позицијата помошник тренер во исландскиот фудбалски клуб КР Рејкјавик. Тој, заедно со главниот тренер и другите помошници, се наоѓа пред отказ, откако тимот ги...

СЕЛФИТО НА РОНАЛДО СКАПО ЌЕ ЈА ЧИНИ ПОРТУГАЛИЈА

Португалскиот навивач кој синоќа влезе на теренот на „Паркот на принцовите“ за да направи селфи со Кристијано Роналдо скапо ќе ја чини Португалската фудбалската федерација, соопшти УЕФА. УЕФА денеска отвори дисциплински случај против Португалската фудбалска федерација за „навивачка инвазија на теренот“ и, според правилата, ќе изрече висока парична казна. За секој прекршок што ќе го направат навивачите на стадионите, УЕФА...

РУНИ ГО ОПОМЕНА ВАРДИ ЗА ОДНЕСУВАЊЕТО НА НЕГОВАТА СОПРУГА РЕБЕКА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Капитенот на англиската фудбалска репрезентација Вејн Руни ги посоветувал понеискусните соиграчи и нивните партнерки да ги избегнуваат социјалните мрежи додека трае Европското првенство во Франција, открива „Тајмс“. Според англискиот весник, Руни посебно внимание обратил на Џејми Варди, чијашто сопруга Ребека е доста активна на Твитер и на Инстаграм и често влегува во дискусии со навивачите. Стручниот штаб на англиската репрезентација...

ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ РАЗОЧАРАН СЕ ВРАТИ ОД ФРАНЦИЈА СО РЕДОВНА ЛИНИЈА СО ОСТАНАТИТЕ НАВИВАЧИ

Англиските навивачи си заминаа разочарани од натпреварот на нивната фудбалска репрезентација против Словачка на Европското првенство во Франција и Принцот Вилијам не беше исклучок. Завчерашниот натпревар во Сен Етјен заврши без голови и Војводата од Кембриџ се врати во Лондон со редовна линија на „Бритиш Ервејз“, заедно со останатите навивачи и изгледаше уморно и разочарано додека го сместуваше својот багаж...

СРНА ЌЕ ЈА ИСПОЧИТУВА ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА ПОЧИНАТИОТ ТАТКО

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Даријо Срна ќе ја испочитува последната желба на неговиот починат татко и ќе настапи утре против Чешка на Европското првенство во Франција. Срна дозна дека татко му Узеир починал веднаш по натпреварот против Турција во неделата и потоа се врати во Хрватска за да присуствува на погребот. Ренато Срна, постариот бран на хрватскиот капитен, за...

ФРАНЦУЗИНКА НА ФЕЈСБУК БАРАШЕ ИРСКИ НАВИВАЧ КОЈ ГО ЗАПОЗНАЛА НА ЕВРОПСКОТО, ЈА НАЈДЕ ДЕВОЈКА МУ

Големите фудбалски настани како Европското првенство во Франција се одлична можност за навивачи од целиот свет да се соберат на едно место, да се дружат меѓу себе и да се спријателуваат со локалните жители. Ирските навивачи го прават тоа најдобро и еден од нив изгледа оставил силен впечаток кај една Французинка, која се обиде да го пронајде, објавувајќи оглас на...

МАЈКАТА НА РОНАЛДО ГО ИСКАРА ПАЈЕ

Долорес Авеиро, мајката на португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, се пожали на Твитер по повредата на нејзиниот син во финалето на Европското првенство во Франција. „И јас не можам да го гледам син ми. Во фудбалот треба да ја удриш топката, а не да го повредиш противникот“, го искара Долорес Французинот Димитри Паје, кој го повреди Роналдо при еден дуел во...