УЕФА ПОТРОШИ 650 МИЛИОНИ ЕВРА НА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕВРОПСКОТО, А ПРИХОДОТ ИЗНЕСУВА 1,93 МИЛИЈАРДИ

Проширениот формат на Европското првенство во фудбал и се исплатеше на УЕФА, која очекува рекорден профит од 830 милиони евра од турнирот во Франција. УЕФА вчера објави дека вкупниот приход ќе изнесува 1,93 милијарди евра, што е за 34 отсто повеќе од минатото Европско првенство во Полска и Украина, кога имаше 20 натпревари помалку, поради помалиот број учесници. Во Франција...

СЛАВЕНИЧКИОТ ТАНЦ НА ГРИЗМАН Е ПОЗАЈМЕН ОД РАПЕРОТ ДРЕЈК

Антоан Гризман имаше уште две прилики да ги покаже своите препознатливи славенички движења, откако со неговите два гола домаќинот Франција синоќа се пласираше во финалето на Европското првенство во фудбал. Со пеналот во првото полувреме и уште еден гол во второто полувреме во победата од 2:0 против Германија во Марсеј, неговиот вкупен број на голови на турнирот се искачи на...

ВЕЛШАНЕЦОТ ЛЕДЛИ ЌЕ ГО ПРОПУШТИ ДОЧЕКОТ ВО КАРДИФ, ЗАМИНА ЗА ИБИЦА ДА СЕ ОЖЕНИ

Велшкиот фудбалер Џои Ледли ќе го пропушти дочекот на неговата репрезентација во Кардиф, откако замина за Ибица да се ожени. Ледли најави дека ќе ја откаже свадбата поради пласманот на Велс во полуфиналето на Европското првенство во Франција, но веднаш по поразот од Португалија со 2:0 во средата, сепак реши да отиде на медитеранскиот остров и да се венча со...

ПАРИСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ГИ ОДЛИКУВАШЕ ИРСКИТЕ НАВИВАЧИ

Фудбалските навивачи на Ирска и Северна Ирска добија медали од париската градоначалничка Ан Идалго за примерно однесување за време на Европското првенство во Франција Опкружена со претставници на двете навивачки групи под Ајфеловата кула, Идалго им се заблагодари за песните и за дружењето. „Им благодарам на ирските навивачи, видовме исклучителни работи. Видовме серенади на улиците! Видовме песни за успивање бебиња во...

ГРИЗМАН СЕКОГАШ ИГРА СО ДОЛГИ РАКАВИ ОТИ САКА ДА БИДЕ КАКО БЕКАМ

Антоан Гризман беше единствениот фудбалер во француската репрезентација по долги ракави во полуфиналниот натпревар на Европското првенство во Франција против Германија. Напаѓачот на Атлетико Мадрид често експериментира со изгледот и важи за модна икона во фудбалот. Уште од почетокот на Европското првенство, француските навивачи се прашуваа зошто Гризман игра во дрес со долги ракави, кога температурата често беше и над...

ДВОЈНИЧКА НА ЈОАКИМ ЛЕВ ГО ВОЗИ АВТОБУСОТ НА ГЕРМАНСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

Бела кошула, долга црна коса, шармантна насмевка, очила за сонце... Изгледа како шофер на автобусот на германската фудбалска репрезентација да е селекторот Јоаким Лев. Сепак, ако се погледне убаво, тоа не е селекторот на светскиот шампион, туку жена која личи збунувачки слично на 56-годишниот фудбалски стратег. Германските фудбалери нешто порано го напуштија хотелот „Златно лале“ во Марсеј  за вечерниот полуфинален дуел...

ЦЕЛ МАРСЕЈ Е НА НОЗЕ И СЕ ЖУРКА ПРЕД ПОЛУФИНАЛНИОТ ДУЕЛ НА ГЕРМАНИЈА И ФРАНЦИЈА

Повеќе од 15.000 германски навивачи пристигнаа во Марсеј за полуфиналниот натпревар на нивната фудбалска репрезентација против Франција на Европското првенство во Франција, а возбудата ги зафати и домаќините. Откако вчера Кристијано Роналдо ја однесе Португалија во финалето со победата од 2:0 над Велс, сега вниманието е свртено кон двата фаворити, од кои само еден вечерва ќе се пласира во финалето...

ПОГБА ИМА ЗАМОРЧЕ НА КОЕ ГИ ПРОБУВА ЕКСТРАВАГАНТНИТЕ ФРИЗУРИ

Амине, соседот на Пол Погба, има интересна професија - на него ги пробуваат екстравагантните фризури, коишто подоцна ги носи француската фудбалска ѕвезда на натпреварите од Европското првенство. Погба не остава ништо на случајот, посебно не кога се работи за фризурата. Фудбалерот на Јувентус внимава до милимиметар кога е во прашање косата, не само на натпреварите, туку и на тренинзите. И...

РОНАЛДО СЕ НАДЕВА ДЕКА ЌЕ ПЛАЧЕ ОД СРЕЌА ВО НЕДЕЛА

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо пред 12 години плачеше по поразот од Грција во финалето на Европското првенство на домашен терен и сега се надева дека повторно ќе плаче по финалето во Париз во недела, но овојпат од среќа. Капитенот на португалската фудбалска репрезентација постигна еден гол во синоќешната победа од 2:0 над Велс во првото полуфинале на Европското првенство во...

БЕНЕДИКТ КАМБЕРБАЧ И ЕКИПАТА ОД „ШЕРЛОК“ НАВИВААТ ЗА ВЕЛС

Сју Верчју, една од продуцентите на хит серијата на „Би-Би-Си“ „Шерлок“, денеска објави на социјалните мрежи видео, во кое Бенедикт Камбербач и остатокот од актерската екипа му даваат поддршка на Велс за дуелот со Португалија на Европското првенство во фудбал. Серијата во моментов се снима во Велс и, очигледно, целата екипа вечерва е пред ТВ екраните да го следи полуфиналниот...