20.629 ГЛАСАЧИ ОД ДИЈАСПОРАТА ЌЕ ГЛАСААТ ВО 41 ДИПЛОМАТСКО ПРЕСТАВНИШТВО

Во дипломатско-конзуларните претставништва на Македонија во странство на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември ќе гласаат 20.629 граѓани од пријавените 21.029, објави денес Државната изборна комисија (ДИК). Поради големиот број на пријавени гласачи во Берн (4.256) и Венеција (2.724), ДИК одлучи во Берн да бидат отворени дополнителни три, а во Венеција дополнителни две избирачки места. Покрај Берн и Венеција, најмногу...

ИДНАТА НЕДЕЛА ДОАЃААТ НАБЉУДУВАЧИТЕ НА ОБСЕ/ОДИХР ЗА ИЗБОРИТЕ НА 11 ДЕКЕМВРИ

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември ќе пристигнат во Скопје следната недела, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК Томас Ример, портпаролот на ОБСЕ/ОДИХР. „Главниот тим на изборни аналитичари треба да пристигне во Скопје околу крајот на октомври, додека долгорочните набљудувачи ќе пристигнат и ќе се распоредуваат низ земјата во текот на следната недела“, кажа Ример. ОБСЕ/ОДИХР има обезбедно буџет...

ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК УШТЕ НЕ Е ТОЧЕН, МОРА УШТЕ ДА СЕ ЧИСТИ, ВЕЛИ КОМПАНИЈА ОД САД

Избирачкиот список во Македонија сѐ уште не е чист и тоа во голема мера ќе се одрази врз изборите во декември, вели Керолин Карлсон, сопственичка на компанијата „Дата-клиар” во Вашингтон, која работи на обновување на податоците на гласачите во многу држави во светот, во разговор за македонската редакција на „Глас на Америка“. Таа вели дека побарала пристап до Избирачкиот...

ОДБРОЈУВАЊЕТО ЗА СПОРНИТЕ ГЛАСАЧИ ПОЧНУВА УТРЕ ИЛИ НАЈДОЦНА В СРЕДА

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) во саботата ги утврдиле упатството и образецот за пријавување на 39.502-та спорни запишани гласачи во Избирачкиот список, за кои треба да се објави повик овде во Македонија и во дипломатско конзуларните претставништва во странство. Овие луѓе при теренските проверки не беа најдени дома, а за нив немаше ни повеќе записи во институциите. Готова...

СПОРНИТЕ 39.502 ГЛАСАЧИ ШТО САМИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИЈАВАТ ДИК ЌЕ ГИ ОБЈАВИ ДО ВТОРНИК

На веб страницата на Државната изборна комисија (ДИК) до вторник, ќе бидат објавени имињата на 39.502 спорни гласачи во избирачкиот список. Тие при последната теренска проверка не биле пронајдени дома или за нив нема пронајдено повеќе записи во институциите. ДИК ќе подготви упатства и формулар за пријавување, по што ќе објави јавен повик на својата страница, како и на страниците на...

РЕЧИСИ 40.000 ГЛАСАЧИ ЌЕ ТРЕБА САМИ ДА СЕ ПРИЈАВАТ ВО ДИК ЗА ГЛАСАЊЕ

Спорни 171.500 записи од Избирачкиот список ќе бидат ставени на дополнителен избирачки список, но ќе имаат право да гласаат, но 39.502 гласачи ќе мораат сами да се регистрираат во Државната изборна комисија во рок од 25 дена ако сакаат да гласаат. Тоа се оние гласачи кои за време на теренската проверка не беа најдени дома. Другите 170.000 гласачи се...

ОБСЕ/ОДИХР РЕГИСТРИРАШЕ ЗАПЛАШУВАЊЕ НА ГЛАСАЧИ, НЕТРАНСПАРЕНТНОСТ НА ДИК И НЕБАЛАНСИРАНО ИЗВЕСТУВАЊЕ НА МЕДИУМИТЕ

Веродостојни обвинувања за заплашување на гласачи, недоволно транспарентно работење на ДИК, комплексен процес на ажурирање на избирачкиот список и небалансирано известување на дел од медиумите, забележа во својот финален извештај Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, којашто беше ангажирана за откажаните предвремени избори на 5 јуни. Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР почна со работа на 31 март и беше прекината на 1 јуни...

МОГЕРИНИ ПОБАРА ПОДДРШКА НА СЈО И РЕФОРМИ ЗА ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗБОРИ

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини на прес-конференција по завршувањето на Советот за надворешни работи на Европската Унија рече дека политичарите во Македонија мораат да се заложат за отворен дијалог и дека треба целосно да се имплементира Договорот од Пржино. "За БЈРМ е многу јасна пораката на земјите членки. Потребно е политичкото лидерство на земјата да се...

БУНДЕСТАГОТ ЗА МАКЕДОНИЈА: ГЕРМАНИЈА БАРА БРЗИ ИЗБОРИ,  ТЕХНИЧКА ВЛАДА И ИСЧЕКОР ЗА СПОРОТ СО ГРЦИЈА

СПЕЦИЈАЛНО ОД БЕРЛИН – СИЛВЕРА ПАДОРИ КЛЕНКЕ Актуелната состојба во Македонија е загрижувачка! Ова пред членовите на Комисијата за надворешна политика на германскиот Бундестаг претпладнево го презентираше Михаел Рот, државен секретар во германското МНР. Меѓутоа како што вели за САКАМДАКАЖАМ.КОМ Торстен Фрај, член на Комисијата и пратеник од редовите на ЦДУ-ЦСУ во Бундестагот, извесно олеснување донесе повлекувањето на аболицијата ,...

ИВАНОВ ГИ ПОНИШТИ СИТЕ АБОЛИЦИИ

Претседателот Ѓорге Иванов попладнево соопшти дека ги повлекува сите аболиции. На помалку од еден час од протестот на Шарената револуција закажан пред седиштето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) без најава се појави соопштение на веб страницата на Претседателот на Република Македонија. Во писмена изјава што попладнево се појави на веб страницата на шефот на државата стои: „Во овие десет дена бевме...