СИНОТ НА БЕДРЕДИН ИБРАИМИ ОД ДИК ГО ВРАБОТИЛЕ ВО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ПРЕД ИЗБОРИ?

Синот на Бедредин Ибраими, член на ДИК од ДПА од пред две-три недели бил примен на работа во Агенцијата за цивилно воздухопловство, тврдат вработени во Агенцијата. Три дена Агенцијата за цивилно возухопловство го игнорира нашето прашање каков ангажман добил синот на членот на ДИК непосредно пред изборите. На Ибраими му испративме СМС порака со прашање „ Дали ангажманот на Вашиот син...

ШКАРИЌ: ПОЖЕЛНО Е ВМРО-ДПМНЕ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ИЗБОРИ ЗА ДА СИ ЈА ОТКРИЕ МИЗЕРИЈАТА

„ВМРО-ДПМНЕ може сама да истрча на избори, ќе ѝ се придружат тие нејзини мали сателит партии. Ако, нека истрча сама, дури и пожелно е. Нека си ги покаже роговите, ќе се види нејзината мизерија на таквите избори, бидејќи тоа ќе биде еден вид попис колку гласачи се за власта“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК професорот по уставно право Светомир Шкариќ. Ноќеска на...

НЕОФИЦИЈАЛНО: СДСМ ЌЕ ОДИ НА ИЗБОРИ КОГА ЌЕ СЕ ИСПОЛНАТ ПЕТ УСЛОВИ

СДСМ ќе оди на избори дури кога ќе се исполнат пет услови што ќе гарантираат нивна веродостојност, дознаваме од извори во партијата, по денешните консултации што врвот на СДСМ ги имал и со меѓународни претставници и со политички конкуренти. „Ние нема да отстапиме од принципите и од тоа во што веруваме. Сега и целиот демократски свет е со нас„, ни...

ВМРО-ДПМНЕ: МОЖЕБИ И НЕМА ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ, МОЖЕБИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ ОД ВЛАДАТА…

Во тек се интензивни – посредни и засега неплодни – контакти меѓу партиите, кои ги координира меѓународната заедница преку амбасадорите во земјава за да може до задутре, кога истекува рокот за поднесување кандидатски листи за пратеници, да се најде некакво решение за излез од политичката криза. Од опциите што се во игра, ниту една не е прифатлива за владејачката партија. –...

САД ПОВТОРНО ПОБАРАА ОД ИВАНОВ ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ АБОЛИЦИЈАТА

САД вчера повторно побара од претседателот Ѓорге Иванов да ја повлече аболицијата затоа што таа предизвикува загриженот за неможност за организирање веродостојн избори. На прашањето како гледа администрацијата на САД на заострувањето на политичката криза во Македонија што предизвика масовни провладини и антивладини демонстрации, Елизабет Трудо, директотката на Канцеларијата за печат на Стејт департметот изјави: „Ние и Европската Унија ја искажавме...

УСТАВНИОТ СУД ПОМАГА НЕКАЗНУВАЊЕ ИЗБОРНИ ИЗМАМИ

Брзината со која дејствуваше Уставниот суд и нетранспарентното одлучување беа во голема мера без преседан, изјавија од Американската амбасада за САКАМДАКАЖАМ.МК. Институциите ја градат довербата преку транспарентност и држење до востановените процедури. Активноста на Судот се чини е спротивна на неговите процедури, велат од Амбасадата. „Уште повеќе што, за да се одговори на проблемите со изборните нерегуларности на кои укажува...

БЕЈЛИ И ОРАВ ДО ПАРTИИТЕ: НА 6 АПРИЛ СЕ ПРОПУШТИ МОЖНОСТА ДА СЕ ПОДГОТВАТ КРЕДИБИЛНИ ИЗБОРИ

САД и Европската унија, по одлуката за распуштање на Собранието, порачуваат дека ги поддржуваат сите партии и другите учесници во процесот за создавање услови за кредибилни избори, што подразбира прочистување на Избирачкиот список, спречување на каква било форма на заплашување или притисок врз гласачите, како и обезбедување на фер медиумско покривање. Во заедничата изјава на амбасадорите Џес Бејли и на...

САД: ИВАНОВ ГИ УНИШТИ ШАНСИТЕ ЗА КРЕДИБИЛНИ ИЗБОРИ

САД сметаат дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за  аболиција на политичари и нивни соработници под истрага за криминал во врска со скандалот за прислушувањето сериозно ја доведува во прашање способноста на Македонија да одржи веродостојни избори на 5 јуни, изјави Даниел Бер, амбасадорот на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена. „САД ги охрабруваат напорите на граѓанското општество...

ДИК СЕ ОТКАЖА ОД ЖДРЕПКАТА ЗА ГЛАСАЧКИТЕ ЛИВЧИЊА САМО СО ВМРО-ДПМНЕ

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) денеска одлучија да не прават ждрепка за утврдување на редоследот на листи на кандидати во гласачко ливче за предвремени парламентарни избори на 5 јуни, затоа што во трката остана само ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата. За утре најавија нова расправа што ќе прават сега кога треба да организираат демократски избори со само еден кандидат, а државата...

156.000 ГЛАСАЧИ ГИ НЕМА ВО НИЕДНА БАЗА

Вкрстените проверки покажале дека само по основ на луѓе кои ги има во Избирачкиот список, а ги нема во ниту една од другите 10 бази на институциите се повеќе од 156 илјади гласови, дознаваме неофицијално од експертските извори во ДИК. Тоа, според нив се чисто фантомски гласови. Според резултатите кои ги шокирале членовите на ДИК, ќе треба да се направи...