ОСЛОБОДЕНИОТ ИЗБИРАЧКИ СПИСОК УШТЕ НЕ Е ДОСТАПЕН НА ВЕБ СТРАНАТА НА ДИК

Уште ја нема електронската апликација за непречен пристап во Избирачкиот список на веб-страната на Државната изборна комисија (ДИК), преку која граѓаните можеа слободно да влезат и да го гледаат целиот список на гласачи. Управниот суд уште на петти овој месец донесе одлука дека апликацијата треба да се врати на интернет-страната на Комисијата. “Нема никаква пречка веќе, даден е налог, апликацијата треба...

ОДБРОЈУВАЊЕТО ЗА СПОРНИТЕ ГЛАСАЧИ ПОЧНУВА УТРЕ ИЛИ НАЈДОЦНА В СРЕДА

Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) во саботата ги утврдиле упатството и образецот за пријавување на 39.502-та спорни запишани гласачи во Избирачкиот список, за кои треба да се објави повик овде во Македонија и во дипломатско конзуларните претставништва во странство. Овие луѓе при теренските проверки не беа најдени дома, а за нив немаше ни повеќе записи во институциите. Готова...

ДИК: БРОЈКИТЕ ЗА СПОРНИТЕ ГЛАСАЧИ СЕ САМО ШПЕКУЛАЦИЈА

Скопје, 17 март, 2016 - (META) Сè додека членовите на Државната изборна комисија не го усвојат извештајот за резултатите од вкрстените проверки, сите бројки што се појавуваат во јавноста се на база на шпекулации – рече денеска на прес-конференција Љупка Гугучевска, советник во ДИК. Таа не сакаше да одговори на новинарски прашања дали бројката е иста или барем приближна на...

„МОСТ“: НЕМА УСЛОВИ ЗА ФЕР И ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ НА 5 ЈУНИ

Поради голем број недоследности и прекршувања, а кои се игнорирани од ДИК, констатираме дека Владата и другите институции не успеаја да обезбедат услови за одржување на фер и веродостојни избори на 5 јуни, велат од граѓанската асоцијација „Мост“. Претседателот на „Мост“, Дарко Алексов, вели дека проверките на избирачкиот список не биле транспарентни, а тоа довело до нејасни резултати. – ДИК вложи...

ПОЧНУВА ТЕРЕНСКАТА ПРОВЕРКА, НАЈСПОРНИ СЕ 89.383 ЗАПИСИ

Анкетарите од Државната изборна комисија, на теренска проверка  ќе одат со прашалници со точно име, презиме, матичен број и адреса на лицето кое се проверува. Анкетите почнуваат утре и ќе завршат на први април. За спорните гласачи кои ќе се потврдат и при анкетирањето, ДИК ќе се обрати до Министерството за внатрешни работи и до Управата за водење матични книги,...

ПАРТИИТЕ УШТЕ НЕ ПРЕДЛАГААТ ЧЛЕНОВИ ЗА ИЗБИРАЧКИТЕ ОДБОРИ

Ниту една партија до овој момент нема предложено членови за избирачките одбори за предвремените парламентарни избори кои треба да се случат на петти јуни годинава. Рокот за поднесување на кандидатите е до утре на полноќ. Оттаму, се уште останува мистерија дали ДУИ и ДПА ќе одат на избори или не, со оглед на тоа дека СДСМ и опозицијата се изјаснија...

МОГЕРИНИ ПОБАРА ПОДДРШКА НА СЈО И РЕФОРМИ ЗА ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗБОРИ

Високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Федерика Могерини на прес-конференција по завршувањето на Советот за надворешни работи на Европската Унија рече дека политичарите во Македонија мораат да се заложат за отворен дијалог и дека треба целосно да се имплементира Договорот од Пржино. "За БЈРМ е многу јасна пораката на земјите членки. Потребно е политичкото лидерство на земјата да се...

САД: ИВАНОВ ГИ УНИШТИ ШАНСИТЕ ЗА КРЕДИБИЛНИ ИЗБОРИ

САД сметаат дека одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за  аболиција на политичари и нивни соработници под истрага за криминал во врска со скандалот за прислушувањето сериозно ја доведува во прашање способноста на Македонија да одржи веродостојни избори на 5 јуни, изјави Даниел Бер, амбасадорот на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена. „САД ги охрабруваат напорите на граѓанското општество...

ОД 87.000 СПОРНИ ГЛАСАЧИ, САМО 34.000 ПОКАЖАЛЕ ЛИЧНА КАРТА, ДИК ГО УСВОИ ИЗВЕШТАЈОТ ЗА ПРОВЕРКАТА

Синоќа Државната изборна комисија (ДИК) го усвои збирниот извештај за спроведените вкрстени, административни и теренски проверки и покрај тоа што пред една недела членовите добиле извештај од меѓународниот експерт Џон Арон од ИФЕС (Меѓународна фондација за изборни системи) дека нема доволно време до 5 јуни за прочистување на Избирачкиот список. Според документот до кој дошла ТВ АлсатМ, од 87.000 сомнителни имиња...

ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ГО ПОТВРДИ ПИСМОТО ДО ПАРТИИТЕ

Попладнево и амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Ваутер Пломп испрати изјава со која го потврди писмото што министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс го испратил до лидерите на партиите потписници на договорот од Пржино. Тој ја искажа загрижноста на ЕУ и на Холандија како  тековен претседавач во врска со политичката состојба во Македонија. „Во писмото тој уште еднаш ја потенцира...