АМБАСАДА НА САД: ДА СЕ СВИКА СОБРАНИЕТО И ДА СЕ СЕ ОТКАЖАТ ИЗБОРИТЕ

Фактот дека само една голема политичка партија поднесе кандидатски листи за изборите за 5 јуни ја потенцира и засилува загриженоста дека условите не се погодни за спроведување на кредибилни избори, велат од амбасадата на САД, на прашањето од „Мета“ за чекорот на владејачката партија сепак да поднесе кандидатски листи на пратеници до Државната изборна комисија (ДИК). – Останува уште недовршена работа...

ВМРО-ДПМНЕ ГИ ПОДНЕСЕ ЛИСТИТЕ ДО ДИК, АМА ПРОДОЛЖУВА СО ПРЕГОВОРИ

Претседателот на Унијата на млади сили, Владимир Нелоски пред полноќ во Државната изборна комисија ги достави листите на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, јави агенцијата МЕТА. „Извршниот и Централниот комитет на нашата партија одлучија да го поддржат нашиот преговарачки тим да продолжи со преговори за излез од оваа криза во која СДСМ ја воведе нашата земја“, изјавил Нелоски при поднесувањето на...

ВМРО-ДПМНЕ И ГРОМ СО ЗАЕДНИЧКА ЛИСТА САМИ НА ИЗБОРИ

ВМРО-ДПМНЕ И ГРОМ ќе поднесат заеднички листи за кандидати за пратеници до ДИК вечерва најдоцна до полноќ, штотуку објави агенцијата МЕТА. Ова било потврдено вечерва на Централниот одбор на ГРОМ. Од ВМРО-ДПМНЕ ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат информацијата и велат дека на сите прашања ќе одговорат откако ќе ги достават листите до ДИК. Се очекува на овие листи да се...

ДИК ИЗБРОИ 2.446.266 ДРЖАВЈАНИ НА МАКЕДОНИЈА

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа едногласно го усвои извештајот за податоците од регистарот на државјани (лица со македонски пасош) на Министерството за внатрешни работи (МВР), според кој Македонија има 1.958.844 полнолетни државјани и 505.422 малолетни државјани или, вкупно, 2.464.266 државјани. Инаку, ако денеска до полноќ, кога истекува последниот рок за доставување листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија...

ШКАРИЌ: ПОЖЕЛНО Е ВМРО-ДПМНЕ ДА ИЗЛЕЗЕ НА ИЗБОРИ ЗА ДА СИ ЈА ОТКРИЕ МИЗЕРИЈАТА

„ВМРО-ДПМНЕ може сама да истрча на избори, ќе ѝ се придружат тие нејзини мали сателит партии. Ако, нека истрча сама, дури и пожелно е. Нека си ги покаже роговите, ќе се види нејзината мизерија на таквите избори, бидејќи тоа ќе биде еден вид попис колку гласачи се за власта“, вели за САКАМДАКАЖАМ.МК професорот по уставно право Светомир Шкариќ. Ноќеска на...

АКО НЕМА КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИЦИ, НЕМА НИ ИЗБОРИ, ВЕЛАТ ОД ДИК

Ако до утре на полноќ, последниот рок за доставување листи на кандидати за пратеници до Државната изборна комисија (ДИК), не пристигне ниту една кандидатска листа, Комисијата има само една можност – да ја констатира таквата состојбата. Како што велат за „Мета“ од ДИК, тоа е новонастаната состојба, која не е предвидена во Изборниот законик. Оттаму брифираат, дека доколку се реализира...

ВМРО-ДПМНЕ: МОЖЕБИ И НЕМА ДА ОДИМЕ НА ИЗБОРИ, МОЖЕБИ ЌЕ ИЗЛЕЗЕМЕ ОД ВЛАДАТА…

Во тек се интензивни – посредни и засега неплодни – контакти меѓу партиите, кои ги координира меѓународната заедница преку амбасадорите во земјава за да може до задутре, кога истекува рокот за поднесување кандидатски листи за пратеници, да се најде некакво решение за излез од политичката криза. Од опциите што се во игра, ниту една не е прифатлива за владејачката партија. –...

ХОЛАНДСКИОТ АМБАСАДОР ГО ПОТВРДИ ПИСМОТО ДО ПАРТИИТЕ

Попладнево и амбасадорот на Кралството Холандија во Македонија Ваутер Пломп испрати изјава со која го потврди писмото што министерот за надворешни работи на Холандија Берт Кундерс го испратил до лидерите на партиите потписници на договорот од Пржино. Тој ја искажа загрижноста на ЕУ и на Холандија како  тековен претседавач во врска со политичката состојба во Македонија. „Во писмото тој уште еднаш ја потенцира...

ХОЛАНДИЈА СМЕТА ДЕКА НЕМА УСЛОВИ ЗА ВЕРОДОСТОЈНИ ИЗБОРИ

Холандскиот министер за надворешни работи и претседавач со претседателство на ЕУ, Берт Кундерс смета дека минималните услови за веродостојни избори во Македонија не се исполнети. Тој изразува сериозна загриженост за состојбата во Македонија и бара итно наоѓање решение од политичката криза преку целосно спроведување на договореното. Во писмото што го испратил до лидерите на партиите постписнички на договорот од Пржино...

ДИК ГИ ЧЕКА СПИСОЦИТЕ, ЛИДЕРИТЕ КОКЕТИРААТ, ПАРТИИТЕ КАЛКУЛИРААТ

Ниту една партија досега не поднела листи на членови за избирачките одбори, дознава „Мета“ од извори од Државната изборна комисија (ДИК). Рокот за поднесување листи истекува вечерва на полноќ. Дознаваме дека ВМРО-ДПМНЕ има подготвено список со имиња на членови што ќе седнат во избирачките одбори и се очекува од партијата денеска да ги достави до општинските изборни комисии. Што се...