Гласно за омбудсманот

Гласно за омбудсманот

И СО НОВИОТ ЗАКОН МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ЌЕ ОДЛУЧУВА КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ИМА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Ниедна од препораките на Рајнхард Прибе и експертската група не е прифатена во Законот за Народен правобранител на РМ, кој Собранието го усвои вчера доцна попладне, освен таа Омбудсманот да биде пријател на Судот и да може да следи судски постапки од почеток до крај, по лична иницијатива и на барање на странките. Законот нема веднаш да се применува,...

УРНАТО КУПАТИЛОТО НА СКОПЈАНКА, ИЗМАМЕНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ КОЦЕ И СОКОЛ, ЗА ИЗГРАДБА НА БУЛЕВАР

Општина Ѓорче Петров го урна купатилото на Елица Обрадовиќ од Ѓорче Петров што ѝ го изгради градоначалникот Коце Трајановски, бидејќи на негово барање таа му дозволи да ѝ го урнат старото, за да се прошири булеварот “Борис Сарафов“. Трајановски, според ветеното, летово преку ЈП “Улици и патишта“ ѝ изгради на Елица купатило-лепенка до нејзината мала куќичка-соба, во која живее...

ПОЛИЦИЈАТА ГИ ИЗГЛАДНУВА ПРИВЕДЕНИТЕ, А ВО ИСТРАЖНИТЕ ЗАТВОРИ ПРИТВОРЕНИТЕ СПИЈАТ НА ДАСКИ

Полициските станици во Македонија немаат пари за оброк на приведените лица, па затоа со часови лишените од слобода ги држат гладни. Ова го утврдил Националниот превентивен механизам при Народниот правобранител на Македонија, по посетата на полициските станици во државава. „Меѓународните стандарди за лица лишени од слобода го гарантираат правото на храна, а  МВР на задржаното лице му утврдува право на...

ПОЧИНАТИОТ ЗАТВОРЕНИК НА ОБДУКЦИЈА, СЕ ИСПИТУВА КАКО ГО ТРЕТИРАЛА ЗАТВОРСКАТА АМБУЛАНТА

Телото на 46-годишниот затвореник Златко Шеќероски од Радожда, кој почина завчераноќ во затворот Идризово, е веќе предадено на обдукција во Институтот за судска медицина, за да се утврди причината за неговата смрт. Ќе се испитува и точно каде и кога умрел, бидејќи според семејството, кое се повикува на неговите цимери затвореници, Шеќероски починал во ќелијата, а според директорот на Идризово...

КОЈ ГИ ПЕЧАТИ ГЛАСАЧКИТЕ СПИСОЦИ ФАЛИЧНИ, ДАЛИ МОЖЕ ДА БИДАТ ФАЛСИФИКУВАНИ, ПРАШУВА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Нешто сомнително се случува од денот на заклучувањето на Избирачкиот список до денот на гласањето, се сомнева Народниот правобранител на РМ Иџет Мемети. Во неделата, на денот на гласањето, и вчера, граѓани поднеле претставки кај него поради ускратување на правото да гласаат. Сите што поднеле претставки, вели Мемети, ги има на електронската апликација на Избирачкиот список на веб-страната на Државната...

КОЦЕ И СОКОЛ СЕ НАТЕГААТ ЗА ТОАЛЕТ, А СОПСТВЕНИЧКАТА СЕ КАПЕ ПО КОМШИИ

Народниот правобранител на 25 јули годинава повел постапка по претставка на Елица Обрадовиќ, жителка на улицата Арсениј Јовков во скопската населба Ѓорче Петров, бидејќи поради изградба на булеварот Борис Сарафов, дозволила да ѝ биде урната бањата, но усниот договор со локалните и градските власти дека ќе и изградат нова, пропаднал. Изиграна, таа, синот, снаата и 7-месечното бебе, останале цело...

КРИВИЧНО ГОНЕЊЕ НА ПОЛИЦАЈЦИТЕ ЗА МАЧЕЊЕ НА ШАРЕНИТЕ РЕВОЛУЦИОНЕРИ, БАРА ОМБУДСМАНОТ

Народниот правобранител Иџет Мемети до Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) поднел предлог за утврдување кривична одговорност против четворица полицајци и против други непознати службени лица од МВР за мачење и друго сурово, нечовечко и понижувачко постапување и казнување врз повредените Горјан Атанасов, Горан Наумовски, Бахри Реџепи и Димитрија Анѓелковски, дел учесници, а дел репортери од протестите на Шарената револуција...

КАТАСТАР СЕЛЕКТИВНO ДАВА ИМОТНИ ЛИСТОВИ ЗА СТАНАРИ НА ИСТА ЗГРАДА

Народниот правобранител констатира кршење на правата на станари на улица Јордан Мијалков број 46 во Скопје од Центарот за катастар на недвижности - Скопје, кој селективно, на едни станари во истата зграда дал имотни листови, а другите ги одбива со години. За двојните аршини на оваа институција за станарите од истата зграда, при несменети закони и исти услови за...

ВО ЗАТВОРИТЕ СЕ УМИРА ОТИ ВЛАСТА ТРИ ГОДИНИ ЈА КОЧИ РЕФОРМАТА

Осудени лица оставени без лекар, без лекови и затворски амбуланти без соодветна медицинска опрема е состојба за која канцеларијата на Народниот правобранител укажува со години. Проблемот со лошиот и нефункционален систем на здравствена заштита во затворите деновиве повторно се актуелизираше, откако во рок од осум дена починаа двајца затвореници од затворот Идризово. Едниот почина во затворот, а неговото семејство...

ВЛАДАТА ЈА ВРАТИ ПОМОШТА ЗА БОЛНИТЕ ОД ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА ПО РЕАКЦИЈАТА НА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Болните од цистична фиброза повторно ќе добиваат паричен надомест од Министерството за труд и социјална политика, откако во јануари годинава со одлуката на Владата тие да бидат изоставени од списокот на пациенти со ретки болести, го изгубија правото на надоместот од 4.300 денари. За паричниот надомест, кој ќе биде различен во зависност од социјалната состојба на семејствата со болен...