КОЈ ГИ ПЕЧАТИ ГЛАСАЧКИТЕ СПИСОЦИ ФАЛИЧНИ, ДАЛИ МОЖЕ ДА БИДАТ ФАЛСИФИКУВАНИ, ПРАШУВА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Нешто сомнително се случува од денот на заклучувањето на Избирачкиот список до денот на гласањето, се сомнева Народниот правобранител на РМ Иџет Мемети. Во неделата, на денот на гласањето, и вчера, граѓани поднеле претставки кај него поради ускратување на правото да гласаат. Сите што поднеле претставки, вели Мемети, ги има на електронската апликација на Избирачкиот список на веб-страната на Државната...

НЕИЗБРИШАНИТЕ ГЛАСАЧИ ОД ПУСТЕЦ ПАК ЌЕ МОЖЕ ДА ГЛАСААТ В НЕДЕЛА

Поголема група граѓани се обратила до Народниот правобранител со поплаки дека во Избирачкиот список, на нивната адреса, сѐ уште има и други луѓе. Дел од овие граѓани поднеле и претставки. Избирачкиот список е затворен и преостанатите фантоми, впишани со живеалишта на одредени адреси низ Македонија, ако се појават в недела ќе имаат право да гласаат, бидејќи личните карти им се...

ДА НЕ СЕ ОБЈАВУВААТ СЦЕНИ СО ДЕЦА ВО ПОЛИТИЧКА КАМПАЊА, АПЕЛИРА ОМБУДСМАНОТ ДО МЕДИУМИТЕ

  Народниот правобранител Иџет Мемети отворил постапка за вклучување на деца во изборна кампања. Тој засега не кажува која е партијата што го скршила на ваков начин Изборниот законик. “По наша иницијатива имаме отворено една постапка во однос на злоупотреба на децата за настан во училиште од страна на една политичка партија, каде што децата биле принудени да следат и да...

32 ОТСТО НАСТАВНИЦИ И РОДИТЕЛИ НЕ ОДОБРУВААТ МЕШАЊЕ ВО ШКОЛО НА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ СО РЕДОВНИТЕ УЧЕНИЦИ

Во Македонија во моментов во основните училишта се запишани 2.235 ученици со попреченост, од кои 1.902 ученика учат во редовни паралелки, заедно со останатите деца, додека 335 ученици со попреченост, учат во посебни паралелки. Како што истакна Заменикот-народен правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа на денешната презентација на Извештајот од истражувањето за вклученоста на децата со посебни потреби во редовното...

УРНАТО КУПАТИЛОТО НА СКОПЈАНКА, ИЗМАМЕНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ КОЦЕ И СОКОЛ, ЗА ИЗГРАДБА НА БУЛЕВАР

Општина Ѓорче Петров го урна купатилото на Елица Обрадовиќ од Ѓорче Петров што ѝ го изгради градоначалникот Коце Трајановски, бидејќи на негово барање таа му дозволи да ѝ го урнат старото, за да се прошири булеварот “Борис Сарафов“. Трајановски, според ветеното, летово преку ЈП “Улици и патишта“ ѝ изгради на Елица купатило-лепенка до нејзината мала куќичка-соба, во која живее...

ПО НАЛОГ НА АЕК КАБЕЛСКИ ОПЕРАТОР НЕМА ДА ТУЖИ ЗА НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ ЛИЦЕ СО НАРУШЕН ПСИХОФИЗИЧКИ РАЗВОЈ

Кабелскиот оператор, кој пред околу една година склучил договор со 27- годишен клиент без деловна способност, со видливи болести церебрална парализа, нефункционална лева страна, епилепсија, намален вид, пречки во говорот и долна граница на дебилитас ментис, ќе го раскине договорот, по реакцијата на Народниот правобранител. Операторот повеќе од една година одбиваше да го раскине договорот и на неговиот старател, таткото,...

КОЦЕ Ѝ ЗАРАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА ЕВРОПСКА ТУЖБА, ОСТАВИ 6 ТРУДНИ ЖЕНИ И 78 ДЕЦА БЕЗ ДОМОВИ

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски на Македонија ѝ заработи европска тужба со уривањето на импровизираната ромска населба под Кале во Скопје. Европскиот центар за заштита на Ромите со седиште во Будимпешта најавил тужба за Република Македонија, поради уривањето на населбата и нехуманите услови за живот на Ромите кои од почетокот на август се под отворено небо. Европскиот центар за тужбата...

ДИРЕКТОРОТ ИБРАИМИ ПОПУШТИ, ЌЕ СЕ НАБАВИ ОРИГИНАЛЕН ХОРМОН ЗА РАСТ ЗА 30 ДЕЦА

Eкономскиот директор на Клиниката за детски болести Ридван Ибраими ќе ја потпише одлуката за набавка на оригиналниот хормон за раст, кој е неопходен за да продолжи лекувањето на 30 деца со проблеми во растот. Ибраими го промени мислењето откако вчера го доби мислењето што минатиот четврток го потпишаа пет супспецијалисти од Детската клиника чии пациенти се овие деца, дека преминувањето...

КАБЕЛСКИ ОПЕРАТОР ЌЕ ТУЖИ ЗА НЕПЛАТЕНИ СМЕТКИ ЛИЦЕ СО НАРУШЕН ПСИХОФИЗИЧКИ РАЗВОЈ

  Кабелски оператор му пополнил формулар и заверил двегодишен договор за услуги со 27-годишен клиент без деловна способност. Неговата деловна неспособност била видлива, тој е со церебрална парализа, нефункционална лева страна, епилепсија, намален вид, пречки во говорот и долна граница на дебилитас ментис, како што се наведува во специјалистичкиот наод. И покрај тоа што операторот склучил договор со овој корисник,...

30 ДЕЦА СО ПРОБЛЕМИ ВО РАСТОТ ЌЕ НАСТРАДААТ ЗА 260.000 ЕВРА, ДИРЕКТОРОТ ИБРАИМИ ШТЕДИ

Пет супспецијалисти од Клиниката за детски болести во четвртокот го потпишаа  стручното мислење, дека промената на терапијата на 30 деца со проблеми во растот од оригинален хормон на биолошки сличен хормон за раст ќе има нуспоследици и негативно ќе влијае врз нивното здравје. Со тоа, тие се изјаснија во врска со процедурата што ја спроведе Народниот правобранител и која...