„ВОДОВОД“ ГО НАПЛАЌА БАРОКОТ ПРЕКУ ВОНРЕДНИ ФАКТУРИ ЗА СКОПЈАНИ И ДО 18.000 ЕВРА

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ последнава 1,5 година кај корисниците доставило стотина сметки за вода која тие не ја потрошиле. На станови од седумдесеттина квадратни метри фактурирани им се месечни сметки како да полнеле олимписки базени. Канцеларијата на Народниот правобранител е затрупана со претставки од незадоволни корисници. Голем дел од нив веќе се обработени. „Имаме преку педесетина предмети во кои е утврдено...

„ВОДОВОД“ КРИЕ ЗОШТО ОТПИШАЛ НАД ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ДОЛГОВИ ЗА ВОДА НА ЕКСМИНИСТРИ И ПРАТЕНИЦИ

Четири меcеци скопското Јавно претпријатие „Водовод и канализација“ крие зошто им отпишало долгови за вода во износ од над три милиони евра на бивши министри, актуелни пратеници и граѓани блиски до власта. Во мај годинава за овие отписи на долгови за вода во Советот на Скопје праша советничката група на СДСМ. „Зошто едни да плаќаат, а на други да им се...

ДЕЦАТА БОЛНИ ОД ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА ПАК ЌЕ ПРИМААТ ПАРИЧНА ПОМОШ ЗА ЛЕКУВАЊЕ, ПО РЕАКЦИЈАТА НА ОМБУДСМАНОТ

Лицата со цистична фиброза од вчера се вратени во Правилникот за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој и тие пак ќе имаат право на месечен паричен надомест за лекувањето на оваа неизлечлива болест. Таа помош, како што објави САКАМДАКАЖАМ.МК,  на овие лица им беше ускратена на почетокот на годинава, поради што...

И СО НОВИОТ ЗАКОН МИНИСТЕРОТ ЗА ФИНАНСИИ ЌЕ ОДЛУЧУВА КОЛКУ ПАРИ ЌЕ ИМА НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ

Ниедна од препораките на Рајнхард Прибе и експертската група не е прифатена во Законот за Народен правобранител на РМ, кој Собранието го усвои вчера доцна попладне, освен таа Омбудсманот да биде пријател на Судот и да може да следи судски постапки од почеток до крај, по лична иницијатива и на барање на странките. Законот нема веднаш да се применува,...

СЕ ВРАЌА ПАРИЧНАТА ПОМОШ ЗА БОЛНИТЕ ОД ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА?

Владата ќе прави нова проценка за да им се врати укинатата месечна парична помош од 4.300 денари на болните од цистична фиброза. Оваа парична помош беше укината со владина одлука во јануари, а Народниот правобранител поднесе иницијатива до надлежните министерства за труд и социјала, за здравство и за образование за помошта да им се врати на болните. Минатиот месец, САКАМДАКАЖАМ.МК...

ОСУДЕНА ШВЕРЦЕРКА НА КОКАИН ГИ ЛЕКУВА ЗАТВОРЕНИЧКИТЕ ВО ИДРИЗОВО

Осудена шверцерка на голема количина кокаин, која е на отслужување на повеќегодишната затворска казна, им прави коктели од седативи и други видови апчиња, а потоа им ја дели медицинската терапија на осуденичките во затворот Идризово. Осуденичката ова го правела повеќе од една година, по претходна усна наредба од затворската полиција. Кога таа, која е во улога на медицинска сестра,...

КАТАСТАР СЕЛЕКТИВНO ДАВА ИМОТНИ ЛИСТОВИ ЗА СТАНАРИ НА ИСТА ЗГРАДА

Народниот правобранител констатира кршење на правата на станари на улица Јордан Мијалков број 46 во Скопје од Центарот за катастар на недвижности - Скопје, кој селективно, на едни станари во истата зграда дал имотни листови, а другите ги одбива со години. За двојните аршини на оваа институција за станарите од истата зграда, при несменети закони и исти услови за...

ОМБУДСМАНОТ БАРА ИТНО СМЕСТУВАЊЕ НА РОМИТЕ НА КОИ СКОПСКАТА ВЛАСТ ИМ ГИ УРНА КУЌИТЕ

Народниот правобранител денеска апелираше неодложно да се преземат мерки за сместување на семејствата кои останале под ведро небо и без никаква заштита, откако на стотина граѓани од ромска заедница утрово багери им ги урнале импровизираните домови под Кале до реката Вардар во Скопје. Омбудсманот бара Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје и Министерството за труд и социјална...

ВЛАДАТА ШТЕДИ СО ДИСКРИМИНИРАЊЕ ТЕШКО БОЛНИ ДЕЦА

На петти јануари годинава, Владата донела Програма за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2016. За таа цел, обезбедила финансиски средства од 203 милиони денари. Но, во неа се изземени децата болни од цистична фиброза, со една реченица: “Во Регистерот на пациенти со ретки болести се вбројуваат единствено заболувања кои афектираат едно во 2.000 лица, но не надминуваат...

ТОДОРОВ, СПАСОВ И ЉУТФИУ ЈА КОЧАТ ПОМОШТА ЗА ДЕЦАТА СО ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА

Новите регистрирани болни од цистична фиброза, ретка, тешка и наследна болест што се јавува од раѓање, го изгубија неопходниот додаток од 4.300 денари месечно, што до лани го добиваа сите овие болни. Има и семејства на кои лани им е укината, иако оваа скромна помош од државата ја добивале неколку години. Сега родителите на овие деца се оставени сами на...