ПОМЛАД КОЛЕГА СЕ ФРАПИРАЛ ОД СЕКС СЦЕНИ И ГО ПРЕКИНАЛ ФИЛМОТ ВО ДОЈРАН

Организаторот на Д Фестивал, што изминатиот викенд се одржа во Дојран, се огради од забраната на јапонскиот филмски класик „Во царството на сетилата“ на легендарниот режисер Нагиса Ошима. Д Фестивал се извини и на дебатното кино „Контра кадар“ во чија програма се емитуваше филмот. „Чувствуваме потреба да ве информираме дека на споменатата проекција по реакција на лице од публиката, помладиот...

ВАНЕ КОСТУРАНОВ КОЈ ГИ ЦРТАШЕ МАИЧКИТЕ ЗА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО ИЗЛОЖБА ВО СКОПЈЕ

Струмичкиот сликар Ване Костуранов и со актуелната изложба „Скршнувања“ отворена во Галеријата на МКЦ во Скопје, повторно како и многупати досега покажа дека на чудовошен начин е магнет за уметничката јавност, за урбаната публика, за политичарите, дипломатите... Сите го сакаат Ване. Никој не знае да објасни зошто, заради искрената емоција велат посетителите на неговите изложби, но и купувачите, зашто тој...

УНГАРСКАТА КОМЕДИЈА „УБИЈЦИ НА ТРКАЛА“ ПОБЕДИ НА СОЛУН ФИЛМ ФЕСТ

(Специјално од Солун за САКАМДАКАЖАМ.МК: Марина Костова) „Убијци на тркала“, урнебесната комедија што е втор филм на унгарскиот автор Атила Тил, го освои Златниот Александар на 57. Филмски фестивал во Солун, што заврши синоќа. Филмот е за една банда момци приковани за инвалидска количка кои ќе ги понудат своите услуги како атентатори на мафијата и сите перипетии и лични драми...

ПОЧИНА РЕЖИСЕРСКАТА БИЛЈАНА ГАРВАНЛИЕВА

Наградуваната македонска режисерка на документарци Билјана Гарванлиева, почина денеска во Берлин, каде што живееше и работеше. Имаше 43 години. Веста за нејзината смрт, по долгогодишно боледување, ја соопшти на својот фејсбук профил уметникот и соработник на нејзиниот последен проект Јован Балов, од Берлин. „Почитувани пријатели, денес нѐ напушти Билјана Гарванлиева. Имав чест и радост да помогнам и учествувам во реализацијата на...

ИВАНОВ, ПОДАЛЕКУ ОД ДЕЛОТО НА ТАТКО МИ, ПОРАЧА СИНОТ НА ГЛИГОР ЧЕМЕРСКИ

Синот на неодамна починатиот академик сликар Глигор Чемерски, Огнен Чемерски, вчера протестираше поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција и амнестија на политичарите осомничени за криминал од прислушуваните разговори, а со објава на Фејсбук му порача на Иванов да не влегува во претседателската сала каде е мозикот што го создаде татко му. „Одам на пρотест. А по повод телегρамата од Иванов за...

АВТОРОТ НА ПРОМЕТЕЈ АЏИЕВСКИ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВА МАКЕДОНИЈА НА ВЕНЕЦИСКОТО БИЕНАЛЕ СО БОНДОВСКА ПРИКАЗНА

Уметникот Томе Аџиевски е претставникот на Македонија на претстојното Венециско биенале со проектот „Црвен карневал" (Red Carnival), поднесен од Дирекцијата за култура и уметност од Скопје. Куратор на проектот е професорот Бранко Саркањац, а со оглед на тоа што се работи за современ концепт со повеќе медиуми, како што кажа на прес-конференцијата Аџиевски, негов соработник е и Стефан Шашков. Историчарката...

ЗАСИТЕН ОД ВОЈНАТА И ОД ТИТО, ТЕМПО ПОЧНАЛ ДА СОБИРА СЛИКИ – ЗБИРКАТА ВУКМАНОВИЌ ВО СКОПЈЕ

Во Националната галерија на Македонија - Мала станица во тек е изложбата „Епизоди на модернизмот-избор од колекцијата Вукмановиќ“, како реципрочна соработка со Народниот музеј на Црна Гора во Цетиње. Револуционери, политичари, интелектуалци од поранешната Југославија, брачниот пар Светозар Вукмановиќ-Темпо и неговата сопруга Милица Сариќ се запознале во Македонија во 1943 година, каде што тогашната Комунистичка партија на Југославија и Тито,...

АВТЕНТИЧНИ ЛИКОВИ ВО ИЗЛОЖБАТА „ОКОТО НА ГРАДОТ“ НА БАРЛАКОСКИ

Изложбата на фотографии „Окото на градот“, прва самостојна на Божидар Барлакоски во Скопје, е составена од 37 фотографии и ќе биде изложена утре во „Јавна соба“ со почеток во 20 часот. „Во тематиката на оваа фото колекција преовладуваат социјални теми, документарни кадри од занаети во изумирање, улична фотографија, портрети. Поради тоа што свесноста за реалноста која нѐ опкружува некако бидна...

МАЊИФИКО ЈА ДОБИВА ЗЛАТНАТА БУБА МАРА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО

Наградата „Златна Буба Мара на популарноста“ за животно дело оваа година оди кај ансамблот „Мањифико“, соопштија од Радио Буба Мара. Наградата ќе биде врачена на приредбата на 20 февруари во Метрополис арената во Скопје. Ансамблот бил формиран во 1959 година и постоел до 1990 година. Го формирале Пантелеј Кочовски-Панче и Крсто Таушанов, ученици во Средното музичко училиште во Скопје, додека биле на...

ИДЕЈАТА НИ Е ПРОВЕВ ВО ТЕАТАРОТ ШТО РАБОТИ ПО СПИСОК НА ЗАДАДЕНИ ТЕМИ, ВЕЛИ УНКОВСКИ ПО ПРЕМИЕРАТА НА „ЛЕРИН“

  „Лерин - полиња жито, ридишта крв“ од Русомир Богдановски во режија на Слободан Унковски е најновата премиера на Театарот на Навигатор Цветко, чија премиера се изведе синоќа во Кино Култура. Уште еднаш, истата екипа од „Солун, град на духови“, ја покажа свежината и живоста на независната тетарска сцена што се развива во Кино Култура. Со минималистички средства, неколку реквизити, и...