НЕПРИЗНАВАЊЕТО НА ДИПЛОМИТЕ Е ДОГОВОРЕНО СО ТУРЦИЈА, ВЕЛИ МНР, А МИНИСТЕРОТ ЗА ОБРАЗОВАНИЕ НЕ ЗНАЕ

Непризнавање на македонските дипломи во Турција е резултат на претходен договор меѓу надлежните институции на Македонија и на Турција, изјавија од Министерството за надворешни работи (МНР). Одлуката, потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција вчера ја објави во службен весник и во неа пишува дека била донесена во декември лани, на предлог на турското Министерство за надворешни работи, a стапува на...

ТУРЦИЈА НЕМА ДА ГИ ПРИЗНАВА МАКЕДОНСКИТЕ ДИПЛОМИ, СТУДЕНТИТЕ ИСПЛАШЕНИ

Вознемиреност кај македонските студенти во Турција, како и турските во Македонија предизвика одлуката на Турција да го раскине договорот со Македонија за признавање на македонските дипломи од сите образовни нивоа. Одлуката, потпишана од претседателот Реџеп Таип Ердоган, Турција вчера ја објави во службен весник и во неа пишува дека била донесена во декември лани, на предлог на турското Министерство...

НЕДЕЛКОВА ГО ТУЖИ СУДСКИОТ СОВЕТ ПРЕД УПРАВНИОТ СУД

Поднесена е првата тужба од судија против Судскиот совет - Лидија Неделкова, експретседателката на Врховниот суд и еден од кандидатите за нов мандат, денеска го даде Судскиот совет пред Управниот суд по неколку основи. Неделкова пред Управниот суд ја оспорува законитоста на постапката за избор на претседател на Врховниот суд на Република Македонија. Неделкова ги спори како неуставни огласот во...

ВРХОВНИОТ СУД НЕ РАСПРАВА ЗА БАРАЊЕ НА СЈО, ОТИ КРИВИЧНИОТ СУД НЕ ДАВА ЗАПИСНИК ОД „ПУЧ“

Основниот суд Скопје 1 уште не му го дава на Специјалното јавно обвинителство Записникот од спогодбата на осудениот Звонко Костовски од случајот „Пуч“, со која тој признава дека извршил кривично дело. Со тоа, Врховниот суд и натаму е спречен да закаже и да одржи седница по Барањето за заштита на законитоста на оваа спогодба, кое го поднесе СЈО. Специјалното јавно...

ЧИСТКА ВО ВОЕНОТО РАЗУЗНАВАЊЕ, МИНИСТЕРСТВОТО НЕ КАЖУВА ОТИ ТОА БИЛО ТАЈНА

Во военото разузнавање е направена смена на високи раководители минатиот петок, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Министерството за одбрана. Неофицијално, разрешени биле началникот на аналитика и неколку други раководители во военото разузнавање. Истите извори кои сакаат да останат анонимни, затоа што не се овластени да даваат изјави за јавноста тврдат дека смените се направени без никакво образложение, а разрешените раководители се...

МУЗИЧАРИТЕ ПЛАЧАТ ПО ХАРИЗМАТА И СТРАСТА НА ЃУМАР 

Бела роза на празниот диригентски пулт, музичари од Оркестарот во солзи пред видеобимот со фотографија од својот омилен маестро Саша Николовски-Ѓумар, кој ненадејно почина во саботата на 50 години, беше последната слика од емотивната комеморативна седница што се одржа претпладнево во Македонската опера и балет (МОБ), со преполна сцена од колеги музичари, изведувачи од МОБ,  Македонската филхармонија и од...

НИКОЛА ПОПОСКИ ЛАЖНО СЕ ПРЕТСТАВУВА КАКО МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ, РЕАГИРА СИНДИКАТОТ НА ДИПЛОМАТИТЕ

Синдикатот на македонската дипломатска служба реагира дека пратеникот Никола Попоски лажно се претставува како министер за надворешни работи по неговото интервју за еден италијански весник, дадено во просториите на министерскиот кабинет. Во отворено писмо до вршителот на должноста министер за надворешни Илија Исајловски, СМДС побара објаснување за досегашните случувања, итна корекција на сите сегменти каде пратеникот Попоски фигурира како...

СЈО ГО ПОВЛЕЧЕ ОБВИНЕНИЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ПУЧ“

Специјалното јавно обвинителство се откажа од обвинителниот акт за предметот познат во јавноста како „Пуч“, во кој обвинет е и лидерот на СДСМ Зоран Заев, од причина што фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е во спротивност со доказите со кои ова Јавно обвинителство располага и со наодите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“, соопшти предмалку СЈО. Оттаму велат дека ваквата...

ЗА СВАРОВСКИ СУДИЈКАТА НЕ Е СТРАШНО АКО ГИ ОДБИЕ ДОКАЗИТЕ НА СЈО ЗА ПАЛЕЊЕ ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИСЛУШУВАЊЕТО

Судијката Лидија Петровска, позната од бомбите на опозицијата како „сваровски судијката“ најави дека е можно да ги одбие доказите на СЈО на вчерашното судењето против ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски за палење списи во УБК, но ѝ кажа на специјалната обвинителка Ленче Ристоска дека тоа не е страшно, зашто одлуката може да се преиначи во понатамошниот...

КАКО ДА ПРОДОЛЖИМЕ, АДВОКАТКАТА НЕМА СЕРТИФИКАТ, ПРАША „СВАРОВСКИ“ СУДИЈКАТА ОТКАКО ОДБРАНАТА ВО „ТВРДИНА 2“ ДОНЕСЕ МЛАДА АДВОКАТКА

На денешното судење на ексначалникот на Петтата управа во МВР Горан Грујовски, во тимот на бранители на Грујовски и шесте негови колешки, обвинети за нелегално палење на списи во УБК во случајот познат како „Тврдина 2“, дојде млада адвокатка без дозвола за располагање со класифицирани информации. „Како да продолжиме сега, адвокатката нема сертификат“, праша „сваровски“ судијката Петровска, откако Управата за безбедност...