ЧЕСТИТО АБОЛИЦИЈА – ГЕРИЛА АКЦИЈА НА ДОКТОРАТОТ НА ЈАНКУЛОСКА ВО БИТОЛА

Група млади битолчани утринава со герила-акција ѝ го честитаа докторатот на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, јавува МЕТА. Со транспарент „Честито аболиција“, двајца млади луѓе влегле на свечената промоција на доктори на науки, во ректоратот на битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, каде Јанкулоска свечено била промовирана за доктор на науки на Факултетот за безбедност. Упадот ги остави без збор присутните во...

НЕМА ПРИТВОР ЗА ГРУЈОВСКИ И ЈАНКУЛОСКА, СУДОТ БАРА ДА ЈА ЧУЕ БОМБАТА ЗА „ТВРДИНА“ НА СЈО

Кривичниот суд ги одби барањето за притвор на Горан Грујовски, првоосомничен во случајот „Тврдина“ на СЈО и барањето за мерки за претпазливост за уште четворица осомничени меѓу кои е и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, која е третоосомничена. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлози за определување мерка притвор против лицето...

ПАК ОДЛОЖЕНО СУДЕЊЕТО НА ЗАЕВ ЗА „ПОТКУП“

Рочиште за судскиот процес против лидерот на СДСМ и актуелен градоначалник на Струмица, Зоран Заев, за случајот „Поткуп“, денеска беше повторно одложено, јави агенцијата „Мета“. Во судницата се појави Заев, но не беа присутни тројцата негови адвокати. Двајца од нив, Филип Медарски и Јаким Наумов, преку свои ополномоштени претставници известија дека поради нивната влошена здравствена состојба не можеле да дојдат...

ЗАЕВ ГО ЗАМРЗНА УЧЕСТВОТО НА СДСМ ВО СОБРАНИЕ

СДСМ и нивните коалициски партнери ја замрзнуваат работата во Собранието додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, рече денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој ги повика и другите пратеници да не учествуваат во работата на Собранието затоа што имаат обврска кон граѓаните и со тоа ќе ја покажат нивната поддршка за СЈО. „Ова не...

НАНОСИ НА СНЕГ КОН ШТИП И КОЧАНИ, ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ КОН РАДОВИШ

Поради силен ветар наноси од снег вечерва е исклучително тешка состојбата на патиштата од Велес кон источна Македонија. Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува да не се патува од Велес кон Штип, а потоа и кон Кочани бидејќи кај Лозово, Сарамзалино и Крупиште ветерот го носи снегот на коловоз и целосно ја намалува видливоста. Од околу 21 часот поради снежни наноси...

САМКА ИБРАИМОВСКИ ВИКНАТ ВО СЈО ДА СВЕДОЧИ ЗА ИЗБОРНИ ИЗМАМИ КАЈ РОМИТЕ

Самка Ибраимовски, лидерот на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК дека во понеделник е викнат да даде исказ во СЈО, во врска со истражната постапка за изборни измами и за дело дискриминација и омаловажување на етничка заедница. Овие дела произлегоа од аудио снимките за изборни измами во ромски средини, од  таканаречените бомби - прислушуваните разговори...

ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА ЗА СОБРАНИЕТО, ВЕЉАНОСКИ ОТПАТУВА ЗА РИМ

Додека демонстрантите ја бојат зградата на Собранието, а странските претставници со лидерите на македонските партии бараат законски начин како да го соберат Парламентот и да ги одложат изборите, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски отпатува за Рим, на ауденција кај папата Фрањо, по повод празникот Кирил и Методиј. Тој денеска, пред да замине за Ватикан испрати соопштение дека останува на ставoт...

ПОЧИНА МОМЧЕТО ПОВРЕДЕНО ВО СООБРАЌАЈКАТА СО УРКО

Стојанчо Андонов, 22-годишното момче што беше повредено од сообраќајката кај Рампа во скопска Кисела Вода, почина утринава во 7.30 часот, јави МЕТА. Момчето од скопски Сингелиќ пет дена беше приклучено на апарати и се бореше за живот. Дејан Митровски – Урко, вработен во Шестата управа на МВР и поранешниот шеф на обезбедувањето на експремиерот и актуелен лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски,...

ВО ТУРЦИЈА ОДЕТЕ САМО ВО ХОТЕЛИ СО ПЕТ ЅВЕЗДИ, ПРЕПОРАЧУВА ТУРИСТИЧКАТА КОМОРА

Сите македонски туристи кои планираат да ја посетат Турција во наредните десет дена, да престојуваат исклучиво во хотели и капацитети со пет ѕвезди, изјави денеска претседателот на Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија, Аркан Керим, пренесе МИА. Како што истакна Керим на прес-конференција, голем е бројот на македонски туристи што моментно престојуваат во Турција и сите...

ВАШИНГТОН ЈА ОСУДИ РЕТОРИКАТА ШТО БИ ДАЛА ДОЗВОЛА ЗА НАСИЛСТВО КОН ИНСТИТУЦИИ И АМБАСАДОРИ

Стејт департментот ја осуди запаливата реторика на извесни политички лидери по парламентарите избори во Македонија, беше речено на денешниот прес брифинг што е во тек во Стејт департментот во Вашингтон. Портпаролот Џон Кирби со изјавата за Македонија го почна брифингот  со предупредување дека таква реторика може да даде дозвола за насилство и напади кон институции и амбасадори на странски земји во...