СЈО ГО ПРЕЗЕМА СЛУЧАЈОТ „ШПИОН“

Скопје, 25 март, 2016 - (META) Претставник од Специјалното јавно обвинителство, на денешното рочиште на Апелацискиот суд на кој се разгледуваше жалбата на осудените во случајот „Шпион“, рече дека предметот во своја надлежност го презема СЈО, пренесува „Нова ТВ“. Во случајот „Шпион“ се обвинети 19 луѓе, меѓу кои првообвинет е поранешниот разузнавач Марјан Ефремов, кој е осуден на 15 години...

ГАБЕР, ДАРЛИШТА, СТАРОВА И МУРАТИ: УКИНУВАЊЕТО НА ЗАКОНОТ ЗА ПОМИЛУВАЊЕ Е ЦЕЛОСНО НЕОСНОВАНО

Скопје, 25 март, 2016 - (META) Уставните судии Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Гзиме Старова и Сали Мурати денеска излегоа со издвоено мислење за измените на Законот за помилување, кои Уставниот суд ги укина на 16 овој месец, со што на претседателот му се овозможи да помилува лица што се гонети или осудувани за изборен криминал, педофилија и за трговија...

ИЗБОРИТЕ ГИ ОДЛОЖИЈА И ЕКСТЕРНОТО И РАСПУСТОТ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА

Скопје, 25 март, 2016 - (META) Екстерното тестирање на учениците годинава се поместува за неколку дена подоцна поради предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, дознава „Мета“ од наставници во основни училишта, кои вчера го добиле акцискиот план за јунската сесија. Имено, како што нè информираат наставниците, во планот стои дека екстерното тестирање ќе почне на 9 јуни, а ќе...

СОМНЕЖ ЗА ПРВ СЛУЧАЈ НА ЗИКА ВО МАКЕДОНИЈА

Скопје, 24 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) - На Клиниката за детски болести во Скопје е примено бебе родено со миокроцефалис (екстремно мала глава) за кое лекарите се сомневаат дека мајката за време на бременоста го прележала вирусот зика. Директорката на Детската клиника д-р Аспазија Софијанова вечерва за САКАМДАКАЖАМ.МК потврди дека на одделот за неврохирургија е примено тромесечно дете кое според...

СПЕЦИЈАЛНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ УПАДНЕ И ВО ЦАРИНАТА?

Скопје, 24 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – И Царинската управа не соработувала со Специјалното обвинителство со слични финти како што тоа го правел и Централниот регистар. Специјалната обвинителка Катица Јанева во вторникот, на антикорупциската конференција во Скопје на која гостин беше романската специјална обвинителка Лаура Кодрута Корвеси, кажа дека Царината прави опструкции во истрагите на нејзините истражители. На истата конференција присуствуваа...

ОБВИНИТЕЛСТВО: УАПСЕНИ ПЕТ ЛИЦА ОД „ФАБРИКАТА ЗА АФЕРИ“

Скопје, 24 март, 2016, (META) - Во денешната акција во врска со случајот „Фабрика за афери“ биле уапсени пет лица, а при претресите извршени на повеќе локации, запленети се повеќе предмети и докази, кои се дадени за понатамошна анализа, соопшти попладнево Основното јавно обвинителство Скопје. „По барање на Основното јавно обвинителство Скопје и по издадена наредба од надлежен суд, утринава беше...

ИСТРАЖИТЕЛИТЕ НА КАТИЦА ОСТАНУВААТ ВО ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

Скопје, 24 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) – Истражители на Специјалното јавно обвинителство сè уште се наоѓаат во зградата на Централниот регистар во Скопје, дознаваме од вработените во оваа државна институција. Барањето документи ќе продолжи и денеска попладне, по завршувањето на работното време. На директорот и на раководителите во Регистарот им било речено да останат и да продолжат со работа со...

ДРАГАН ДАРАВЕЛСКИ УАПСЕН ВО БЕЛГРАД, ПОТВДИ МВР

Белград, 24 март, 2016 - (META) Поранешниот директор на Царинската управа на Македонија, Драган Даравелски, е уапсен од српската полиција во Белград, врз основа на потерница распишана од македонски власти, потврдија за „Мета“ од Министерството за внатрешни работи. Даравелски, кој беше директор на царината во периодот од 1999 до 2002 година, повеќе од една деценија се бараше со потерница од...

СЈО ГИ ЗЕЛО ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

Скопје, 24 март, 2016 (САКАМДАКАЖАМ.МК) - Истражителите ноќеска влегле во просториите на Централниот регистар и ги зеле документите кои им требале за истрага, потврдија утрово од Специјалното јавно обвинителство. Во текот на денот ќе следи соопштение за истрагата на СЈО. Во просториите на Централниот регистар за време на претресот ноќеска бил присутен и директорот на оваа институција. Припадниците на МВР и...

СЈО ГИ ЗЕЛО ПОТРЕБНИТЕ ДОКУМЕНТИ ОД ЦЕНТРАЛНИОТ РЕГИСТАР

Истражителите ноќеска влегле во просториите на Централниот регистар и ги зеле документите кои им требале за истрага, потврдија утрово од Специјалното јавно обвинителство. Во текот на денот ќе следи соопштение за истрагата на СЈО. Во просториите на Централниот регистар ноќеска бил присутен и директорот на оваа институција. Припадниците на МВР и специјалната единица Алфи синоќа го обезбедуваа влезот на Централниот регистар...