БЕСА ГИ ОСТАВИ ИБРАИМИ ОД ДПА И ЈАКУПИ ОД ДУИ КАКО ВАЖНИ АРТЕФАКТИ ПРЕД МУЗЕЈОТ НА ВМРО

Младинскиот форум на Движењето БЕСА денеска пред влезната врата на Музејот на македонската борба, којшто го нарекоа „музеј на ВМРО ’Али Ахмети’“, остави „два важни артефакти“, врамени фотографии на членовите на ДИК, Бедредин Ибраими од ДПА  и Субхи Јакупи од ДУИ. Младите од БЕСА ги нарекоа Ибраими и Јакупи „херои на ВМРО“, поради, како што кажаа, нивниот голем придонес...

ЕКСТЕРНОТО ЗА МАТУРАНТИТЕ ЌЕ БИДЕ ОД 30 ЈАНУАРИ ДО 3 ФЕВРУАРИ

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар поради продолжување на зимскиот распуст за неколку дена го одложија полагањето на екстерното тестирање. Екстерната проверка за матурантите ќе се изврши од 30 јануари до 3 февруари. Минатата година екстерното тестирање за матурантите се одвиваше од 25 до 29 јануари. „Согласно одлуката за продолжување на зимскиот распуст, односно второто полугодие на учебната 2016/2017...

СЈО ИМА УШТЕ 6 МЕСЕЦИ ДА ОТВОРИ ИСТРАГИ И ДА ПОДНЕСЕ ОБВИНЕНИЈА

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим имаат уште околу шест месеци (значи до 4 јуни, односно 30 јуни!) за отворање истраги и за поднесување обвиненија за случаите што се поврзани и кои произлегуваат од „бомбите“ на СДСМ, односно од незаконското следење на комуникациите. Ова произлегува од актуелниот Закон за СЈО, во кој е определено дека СЈО има 18 месеци „од преземањето...

ВАШИНГТОН ОЧЕКУВА ВЛАДА ШТО ЌЕ ГО ПОЧИТУВА СЈО И ЌЕ СОРАБОТУВА СО САД И СО ЕУ

Соединетите американски држави (САД) очекуваат политичките партии да се фокусираат на целите на нивните граѓани, а не на тесногради политички интереси, и дека ќе бидат во можност да постигнат договор за коалициона влада, којашто ќе може да соработува со ЕУ, со САД, со други меѓународни партнери, јави Гласот на Америка на македонски јазик цитирајќи изјава од заменик-помошникот државен секретар за Европа...

СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „КУЗМАН“ ДВА ДЕНА БЕЗ СТРУЈА И ПАРНО

Во студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје два дена нема струја, а од претходно нема и парно греење, се пожалија студенти кои престојуваат таму. Студентите се жалат дека се принудени на свеќи да ги поминуваат ноќите во период кога надвор температурата е минус 20 степени целзиусови. „Веќе неколку дена немаме парно, веќе два цели дена немаме струја, а претходно неколку...

НАД ИЛЈАДА МАСКИ НА ВЕВЧАНСКИОТ КАРНЕВАЛ

Вевчанскиот карневал почна денеска со поворка на повеќе од илјада маскирани василичари од вевчанските маала, кои се споија на плоштадот пред зградата на Општина Вевчани. Традиционално, маските на вевчанскиот карневал се одраз на случувањата изминатата година во Македонија и во светот. Политичка сатира, филмски и историски ликови, локални митови и легенди... Вевчанскиот карневал е еден од најпознатите на Балканот и се...

СЈО НА 17 ЈАНУАРИ ЌЕ КАЖЕ ШТО ОДГОВОРИ УБК ЗА КОРИСТЕЊЕТО КЛАСИФИЦИРАНИ ПОДАТОЦИ ВО „ТВРДИНА 2“

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) добило одговор од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) на барањето за користење класифицирани информации во судската постапка за случајот „Тврдина 2“, потврдија за „Мета“ од кабинетот на Катица Јанева. Од СЈО не откриваат што им било одговорено, но велат дека за тоа ќе го запознаат судот на рочиштето закажано за 17 јануари. „Од наша страна беа...

ДЕНОВИТЕ ОД ПРОДОЛЖЕНИОТ РАСПУСТ ЌЕ СЕ ОДРАБОТУВААТ ВО САБОТА

Министерството за образование и наука ја прифати мерката на Министерството за здравство и на Комисијата за заразни болести за продолжување на зимскиот распуст за учениците, поради состојбата со грипот, јави агенцијата „Мета“. Со ова, и официјално, второто полугодие од учебната година наместо на 18 јануари, ќе почне на 23 јануари.­ „Врз основа на сиот ризик што постои од грипот, предложената...

ВМРО-ДПМНЕ НЕ ПРИФАЌА ДА ПРЕГОВАРА СО ДУИ ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА МАНДАТОТ НА СЈО И ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ НА ЦЕЛАТА ТЕРИТОРИЈА

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение одговори дека нема да попушти пред условите на ДУИ, наведени во вчерашното соопштение во кое партијата на Али Ахмети истакна дека во преговорите за нова влада нема да отстапи од барањата за продолжување на мандатот на СЈО, двојазичност на целата територија и интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, Но, во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ не е напишано што...

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ВТОРПАТ ПОБАРАА ОД МАКЕДОНИЈА ИТНО СМЕСТУВАЊЕ НА БРЕМЕНИТЕ ЖЕНИ ПОД КАЛЕ ОСТАВЕНИ БЕЗ ДОМ

Комитетот за елиминација на сите форми на дискриминација кон жената (CEDAW) при Обединетите Нации повторно побара од Владата на Република Македонија итно да обезбеди соодветно домување, храна, чиста вода и непосреден пристап до здравствени услуги, вклучително и услуги поврзани со репродуктивното здравје на четири жени Ромки оставени бездомни од македонските власти. Три од жените се бремени, а четвртата има...