Најчитано на САКАМДАКАЖАМ.МК во 2016

Најчитано на САКАМДАКАЖАМ.МК во 2016

НА СТАДИОН

  1. Гимназијалката Илина Димовска од Велес ја казниле со незадоволително поведение затоа што напишала свој став на Фејсбук. Директорот на гимназијата ја обвинил дека ширела говор на омраза. А тинејџерката само искоментирала една ситуација во која од приредба биле избркани сите ученици што не носеле униформи. Напишала: „Ниво на ретардација: Непотенцирани поединци од службата и кадарот на гимназијата кои...

ОД ПОЛНОЌ СТАРТУВА ЗАБРАНА ЗА ЕМИТУВАЊЕ МАКЕДОНСКА МУЗИКА

Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) забрани јавно емитување на музика од автори, кои се нивни членови. Забраната стартува од вечерва, што  значи дека од ноќва на полноќ не смее да се емитува музика од македонски автори. Причина за ова, како што е наведено во соопштението на ЗАМП, е повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз работењето...

НЕ Е ГОТОВ

  1 На сите што не им е јасно како Трајко Вељаноски повторно ќе го собере распуштеното Собрание за повторно да ги одложи веќе одложените избори и за 5 јуни, нека се сетат што сè изнакажа претседателот Ѓорге Иванов на 12 април, кога ја соопшти одлуката за аболиција на 56 политичари и нивни соработници под истрага за можен криминал за...

ИГОР ШОКИРАН ОД СЕСТРА МУ ТАЊА КОЈА БЕЗ НАЈАВА ДОПАТУВА ОД САД НА НЕГОВАТА ПРОМОЦИЈА

Вистинско изненадување му приреди сестрата на Игор Џамбазов, Тања, која повеќе од дваесет години живее во САД, и без да знае тој, таа прексиноќа ненајавено се појави на неговата промоцијата на новата книга „Умрен човек“  на Саемот на книгата на штандот на „Три“. Тања скриена со книга пред лицето мирно застана во редот со почитувачите на Игор, чекаќи 15 минути...

СТУДЕНА ВОЈНА

1 Премногу ни беше досадно изминативе две и пол години, па сега добивме малку возбуда во нашите досадни животи. Еве, за почеток, ВМРО-ДПМНЕ од контрапротести се префрли на протести. И кога ги гледаш, како да не знаеш на чиј протест си дојден. Тие зборат дека имало замолчени медиуми. И за Орвелово општество во кое сите биле контролирани. И скандираат...

ГРАДОТ СКОПЈЕ АПЕЛИРАШЕ ДА НЕ СЕ ОДИ КОН АВТОКОМАНДА

Сообраќајот во Скопје е во прекин на повеќе точки поради поплавени улици и крстосници. Штабот за заштита и спасување на градот Скопје апелираше граѓаните да не се упатуваат кон Автокоманда, бидејќи клучката кај „Континентал“ е блокирана. Поплавени се и улици во Кисела Вода, подвозникот на булевар „Србија“ кон Аеродром и дел од булеварот Кочо Рацин во Центар. Службите на Градот...

СЛОБОДА ИЛИ СМРТ

1 Баш ми е некако жал што СЈО имало доволно докази дека странските служби и жолтите комбиња биле лага.  Некако попријатно беше да се верува дека сме биле многу битни и затоа нè прислушувале некои странски служби, а не  нашата држава. Лично, не сум изненаден што и мене ме прислушувале повеќе од две години. Ама, шокиран сум оти продоложиле да...

КРИМИНАЛЦИ СОЦИЈАЛЦИ

1 „Значи, многу се нервирам!“ Така ли слушнавме во телефонските разговори?  Да не можеш една сообраќајка да скриеш. Односно две биле, ама незначителна била штетата. Само 150 евра. Продолжете вие да си играте мајтап со Диме Спасов. Продолжете со вицовите за количките, градинките, учителките, детските игри... Не е за мајтап. За бес е. И за страв е. Оти сообраќајките на Диме,...

СИНОТ НА БЕДРЕДИН ИБРАИМИ ОД ДИК ГО ВРАБОТИЛЕ ВО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ПРЕД ИЗБОРИ?

Синот на Бедредин Ибраими, член на ДИК од ДПА од пред две-три недели бил примен на работа во Агенцијата за цивилно воздухопловство, тврдат вработени во Агенцијата. Три дена Агенцијата за цивилно возухопловство го игнорира нашето прашање каков ангажман добил синот на членот на ДИК непосредно пред изборите. На Ибраими му испративме СМС порака со прашање „ Дали ангажманот на Вашиот син...

И ГРУЕВСКИ ПРОТЕЧЕ ВО ЕДЕН ОД УКРАДЕНИТЕ МЕЈЛОВИ НА КЛИНТОН, БАРАЛ ДА ГО ПОКАНАТ ВО САД

Помеѓу илјадниците е-маил преписки украдени од приватната пошта на шефот на кампањата на Хилари Клинтон, Џон Подеста, Викиликс вчера објави и една што се однесува на Македонија. Во преписката помеѓу Џон Подеста и Џејк Саливен, советник за надворешна политика за претседателската кампања на Хилари Клинтон, со датум од 21 јули 2015 година, се споменува барањето на тогашниот премиер Никола Груевски да биде поканет на...