Најчитано на САКАМДАКАЖАМ.МК во 2016

Најчитано на САКАМДАКАЖАМ.МК во 2016

ОД ПОЛНОЌ СТАРТУВА ЗАБРАНА ЗА ЕМИТУВАЊЕ МАКЕДОНСКА МУЗИКА

Здружението за заштита на авторските и музички права (ЗАМП) забрани јавно емитување на музика од автори, кои се нивни членови. Забраната стартува од вечерва, што  значи дека од ноќва на полноќ не смее да се емитува музика од македонски автори. Причина за ова, како што е наведено во соопштението на ЗАМП, е повеќегодишниот притисок од Министерството за култура врз работењето...

ЗАБРАНЕТА ПРЕТСТАВАТА ЗА ЗАТВОРАЊЕТО НА „БРАЌА МАНАКИ“ ВО БИТОЛА

Фестивалот „Браќа Манаки“ ја откажа изведбата на перформансот кој беше предвиден за затворањето на фестивалската вечер во сабота, потврди за САКАМДАКАЖАМ.МК режисерот Мартин Кочовски. Забраната за перформансот се случи на помалку од 24 часа од свеченото затварање, кога уметниците без образложение биле известени од организаторите дека се откажува изведбата. Режисерот Кочовски вели дека нивниот труд е забранет заради притисоци од политички кругови...

“ЌУТИ ШАРКА, ЌУУУТ!“, Ѝ ДОФРЛАШЕ ВЛАДАНКА АВИРОВИЌ НА СОФИЈА КУНОВСКА НА КОМИСИЈАТА ЗА ПОПЛАВИТЕ ВО СОБРАНИЕ

Со кавга, недолични коментари, навреди и вулгарен речник, кои на моменти предизвикаа жестоки реакции кај некои пратеници, беше спречена да почне надзорната расправа во собраниската Комисија за земјоделство, за причините и тешките последици од поплавите под Скопска Црна Гора. Членовите на комисијата се пазареа околу минутажата за зборување. Беа повикани 33 сведока, меѓу кои и вицепремиерот Никола Тодоров, тогашниот...

ТОДОРОВ СИМНА ОД ГОВОРНИЦА ХРВАТСКИ ПРОФЕСОР НА СИМПОЗИУМ ЗА КАНАБИС

Потфрли протоколот на вториот симпозиум на Агенцијата за лекови и медицински помагала (МАЛМЕД), што вчера се отвори во Скопје. По поздравниот говор на Марија Дарковска Серафимовска, директорка на МАЛМЕД, беше најавено дека министерот за здравство Никола Тодоров, ќе одржи поздравен говор и официјално ќе го отвори дводневниот стручен симпозиум, на кој тема е легализација на канабисот во медицински цели...

ПОСЛЕДНИОТ АФТЕРШОК ВО 20.57 ЧАСОТ УДРИ ВО НАСЕЛБАТА АЕРОДРОМ

Шест афтершокови беа почувствувани во Скопје по силниот земјотрес од 5,2 степени што се случи во 15.10 часот на длабочина од четири километри. Последниот од нив беше во 20.57 часот со јачина од 2,1 степени и според координатите на Европско-медитеранската сеизмолошка станица, во населбата Аеродром, покрај Вардар. Претходно имаше потреси во 16.45, 16.07, 15.30, 15.19, и во 15.14, кои беа...

МОЖНИ СЕ УШТЕ НЕКОЛКУ ПОМАЛИ ПОТРЕСИ, ЗЕМЈОТРЕСОТ НЕ Е ПОВРЗАН СО ПОПЛАВИТЕ

Можни се уште неколку помали земјотреси, кои вообичаено се јавуваат по земјотрес како што беше овој од утрово со магнитуда од 4,4 степени според Рихтер, известија од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) за САКАМДАКАЖАМ.МК. Епицентарот на земјотресот бил во регионот Скопска Црна Гора на длабочина од 2-3 километри во атарот на селото Црешово, на 7 километри од...

ДИМЕ СПАСОВ Ѝ ГИ ЗЕЛ НА ФРОСИНА РЕМЕНСКИ ДАЛЕЧИНСКИТЕ ОД КЛИМИТЕ

Ексминистерот за труд и социјална политика Диме Спасов и оставил празна канцеларија на новата министерката  Фросина Ременски тврдат за САКАМДАКАЖАМ.МК вработени во Министерството. Денеска на нејзиниот прв работен ден Ременски начекала канцеларија без компјутер, без телефон, принтер, а исклучен бил и интернетот. Утрово Ременски си донела компјутер од дома. Но, без компјутери и телефони останал целиот нејзин кабинет.  Кабинетот на...

ВОДАТА ЈА ВЛЕЧЕЛА ДВА И ПОЛ ЧАСА НИЗ ПОЛЕТО ОКОЛУ ОБИКОЛНИЦАТА, СВЕДОШТВО НА ПРЕЖИВЕАНА ПАТНИЧКА ВО АВТОМОБИЛ

Емилија Цветковска(40) од Куманово 2,5 часа се борела со водената стихија и успеала да се спаси во поплавите во скопското село Стајковци. Емилија работи во приватен старски дом во населбата Радишани и критичната вечер околу 19 часот со својот автомобил голф тргнала кон Куманово. На обиколницата во близина на селото Стајковци наишла на колона од автомобили заглавени во трите...

КУМАНОВКА СЕ УДАВИЛА НА ОБИКОЛНИЦАТА ВРАЌАЈЌИ СЕ ОД ОДМОР СО ДЕЦАТА

Една кумановска го загубила животот во синоќешното невреме што го зафати скопскиот регион. Според неофицијални информации, семејството од Куманово се враќало од одмор од Охрид. Невремето ги фатило на обиколницата во близина на Смилковското езеро. Од големата вода бил зафатен и нивниот автомобил. Во обид да го спаси децата кои биле во колата жената се удавила. Според последните информации од Управувачкиот...

ГРАДОТ СКОПЈЕ АПЕЛИРАШЕ ДА НЕ СЕ ОДИ КОН АВТОКОМАНДА

Сообраќајот во Скопје е во прекин на повеќе точки поради поплавени улици и крстосници. Штабот за заштита и спасување на градот Скопје апелираше граѓаните да не се упатуваат кон Автокоманда, бидејќи клучката кај „Континентал“ е блокирана. Поплавени се и улици во Кисела Вода, подвозникот на булевар „Србија“ кон Аеродром и дел од булеварот Кочо Рацин во Центар. Службите на Градот...