Најчитано на САКАМДАКАЖАМ.МК во 2016

Најчитано на САКАМДАКАЖАМ.МК во 2016

ИЗБРКАН ОТИ ВИКАЛ „ВРАТЕТЕ ГИ ПАРИТЕ!“ ЗАД ГРУЕВСКИ ВО ТРНОВО

Обезбедувањето на високите партиски функционери од ВМРО-ДПМНЕ на денешната Семакедонска средба во Трново, Битолско, отстрани од народниот собир лице кое викаше „Вратете ги парите!“. На народниот собир одржан по повод Илинден присуствуваше претседателот на владеачката партија Никола Груевски, пратеникот од дијаспората Васко Наумовски, Тодор Петров од Светскиот Македонски Конгрес и други претставници на македонски здруженија во странство. На средбата за...

ВЛАДАТА ШТЕДИ СО ДИСКРИМИНИРАЊЕ ТЕШКО БОЛНИ ДЕЦА

На петти јануари годинава, Владата донела Програма за лекување на ретки болести во Република Македонија за 2016. За таа цел, обезбедила финансиски средства од 203 милиони денари. Но, во неа се изземени децата болни од цистична фиброза, со една реченица: “Во Регистерот на пациенти со ретки болести се вбројуваат единствено заболувања кои афектираат едно во 2.000 лица, но не надминуваат...

ИЗБЕГНАТ ИНЦИДЕНТ, АКТИВИСТ НА ШАРЕНАТА РЕВОЛУЦИЈА СО СКИНАТА МАИЦА И МОДРИНКИ

Павле Богоевски, активистот на Шарената револуција синоќа беше лесно повреден кога се обидуваше да ја пробие полоициската блокада кон зградата на Министерството за финансии за време на протестот против задолжувањето од 650 милиони евра. Како што јавија репортерите на САКАМДАКАЖАМ.МК, во влечењето со полицајците, на Павле му беше скината маицата и доби модринки по грбот. На вчерашниот протест за малку...

НА ЖЕНА МУ И ИСКОПАЛ ГРОБ ПОД КРЕВЕТ И ВРЗАНА ЗА КРЕДЕНЕЦ ЈА ГОРЕЛ СО ПЕГЛА

Ја врзувал за креденец, ја горел со пегла и ископал гроб под креветот на кој што спиела. Ова е кусо објаснување на однесувањето на насилник од Кавадарци кого правдата се уште не го стигнала. Случајот јавно никој не го раскажа, за него знаат кавадарчани кои од однесувањето на овој насилсник се подеднакво згрозени како и од трикратното убиство во...

ИВАНОВ СЕ ЗАКАНИ СО АРМИЈАТА

Претседателот Ѓорге Иванов рече дека во Македонија се води специјална војна и се закани дека ако требало ќе ја употребел и Армијата на Република Македонија, во обраќањето до нацијата во полувремето од фудбалскиот натпревар Португалија - Унгарија на Европското првенство во фудбал. Обраќањето беше поради завршената расправата во Собранието за импичмент на шефот на државата. „Во Македонија се води специјална...

НЕ Е ГОТОВ

  1 На сите што не им е јасно како Трајко Вељаноски повторно ќе го собере распуштеното Собрание за повторно да ги одложи веќе одложените избори и за 5 јуни, нека се сетат што сè изнакажа претседателот Ѓорге Иванов на 12 април, кога ја соопшти одлуката за аболиција на 56 политичари и нивни соработници под истрага за можен криминал за...

КАТИЦА ЗА ФАЈНЕНШАЛ ТАЈМС: ПОМИЛУВАНИТЕ ОД ИВАНОВ ЌЕ ГИ ГОНИМЕ И ЗА ДРУГ КРИМИНАЛ

„Ако претседателот има намера да продолжи со помилувањата на луѓе кои се обвинети, тој ќе има многу работа, оти ние нема да сопреме“ изјавила специјалната обвинителка Катица Канева за Фајненшел тајмс. Најголемиот светски дневен весник за бизнис и економија открива дека Канцеларијата на Специјалниот обвинител во Македонија се соочува со огромни пречки, меѓу кои и обезбедување сведоци, од кои многумина...

ИВАНОВ ВО БРЗАЊЕ ПОМИЛУВАЛ НЕКОЈА ДРУГА ФАТИМЕ ФЕТАИ

Претседателот Ѓорге Иванов во брзањето да помилува што повеќе луѓе, помилувал извесна Фатиме Фетаи од Гостивар, а не специјалната обвинителка Фатиме Фетаи од тимот на Катица Јанева, за која се тврдеше дека е помилувана заедно со уште двајца нејзини колеги оти против нив била поднесена кривична пријава, дознава САКАМДАКАЖАМ.МК. Обвинителката Фатиме Фетаи му испрати писмо на Иванов во кое побара...

СИНОТ НА БЕДРЕДИН ИБРАИМИ ОД ДИК ГО ВРАБОТИЛЕ ВО ВОЗДУХОПЛОВСТВО ПРЕД ИЗБОРИ?

Синот на Бедредин Ибраими, член на ДИК од ДПА од пред две-три недели бил примен на работа во Агенцијата за цивилно воздухопловство, тврдат вработени во Агенцијата. Три дена Агенцијата за цивилно возухопловство го игнорира нашето прашање каков ангажман добил синот на членот на ДИК непосредно пред изборите. На Ибраими му испративме СМС порака со прашање „ Дали ангажманот на Вашиот син...

ИГОР ШОКИРАН ОД СЕСТРА МУ ТАЊА КОЈА БЕЗ НАЈАВА ДОПАТУВА ОД САД НА НЕГОВАТА ПРОМОЦИЈА

Вистинско изненадување му приреди сестрата на Игор Џамбазов, Тања, која повеќе од дваесет години живее во САД, и без да знае тој, таа прексиноќа ненајавено се појави на неговата промоцијата на новата книга „Умрен човек“  на Саемот на книгата на штандот на „Три“. Тања скриена со книга пред лицето мирно застана во редот со почитувачите на Игор, чекаќи 15 минути...