ВО БИТОЛСКО КАРТОН МААЛО КУЌИТЕ ГОРАТ КАКО КЛАДА

Бремената битолчанката Емина Бајрамовска со две малолетни деца живее по улици. Откако пред еден месец ѝ изгоре трошната куќичка,  секој ден е соочена со страотна неизвесност каде да се засолни со малечките деца. Едното е годиначе, а другото само што наполни две години. Во предизборниот период кога политичарите ветуваат автопати, железнички пруги, просечни плати, вработувања, Емина нема ни дом,...

РАБОТНИК СО ТРИ МОЗОЧНИ УДАРИ ОСТАНАЛ И БЕЗ БОЛЕДУВАЊЕ И БЕЗ РАБОТА

На вработен кој притоа нема шест месеци непрекинато здравствено осигурување од првиот ден од вработувањето, Фондот за здравство нема да му го покрие боледувањето. Тоа значи, дека кога се вработува, треба да не се разболи во следните 6 месеци додека не стекне право според Законот за здравствено осигурување Фондот да го исплаќа надоместот за плата додека не оди на...

ПОДАРЕНИОТ ВЕЛОСИПЕД ЌЕ ГО ЧУВАМ В СОБА, ВЕЛИ ТЕТОВЕЦОТ ОД НАРОДНАТА КУЈНА ЗА ДОНАЦИЈАТА ОД СКОПЈАНКА

Тетовецот Абдултаип Ќаили доби велосипед, откако пред 20 дена во сторијата на САКАМДАКАЖАМ.МК за народната кујна во Тетово, се пожали дека секој ден минува пеш по неколку километри до кујната да го земе дневниот оброк, бидејќи некој несовесен возач со кола му го удрил велосипедот и целосно го искршил. Сторијата брзо се рашири на социјалните мрежи, а го сподели...

ЗДРАВ СУМ, САМО ПОДОСЛАБНАТ ПО ИЗБОРИТЕ, ВЕЛИ МИРО МАСИН СО НОВАТА ИЗЛОЖБА „ПТИЦИ“

Магнетно привлечниот урбан уметнички лик  Мирослав Масин (53) има традиција да прави журки дома, обично за својот роденден на 17 јануари, кога кани одбран, но прилично широк тип гости, при што, се разбира, се распослани неговите дела на увид на јавноста. Но, боемски настроениот Масин, годинава нешто порано ги покани пријателите  и публиката преку јавно објавен настан на Фејсбук...

НИКОЈ НЕ ЗНАЕ КАКО ДЕЦА НАОЃААТ ДРОГА

Десетгодишно дете инекјетирало хероин и си ја повредило ногата. Поразителен е фактот дека десетгодишен зависник од опијатна дрога шета по скопските улици, но уште попоразително е тоа што ниедна институција во државава не може да му помогне. Никој не се занимава посериозно со проблемот ниту има одговор на прашањата како тие деца доаѓаат до дрогата, зошто нема организиран систем...

ДЕЦАТА ЗАВИСНИЦИ ОД ДРОГИ МОРА ДА ПОРАСНАТ ЗА ДА СЕ ЛЕКУВААТ

Децата кои пробале, а во многу случаи и станале зависни од разни видови дроги треба да станат полнолетни за да се лекуваат и рехабилитираат. Во Македонија нема усвоени протоколи за фармаколошко и психијатраско лекување на зависници на возраст под 18 години, не постои ни посебен медицински центар за третман на  деца, а нема ниту посебно обучен кадар. Во отсуство...

ДА СЕ РАЗБУДИМЕ ОТИ РАЗЛИЧНОСТА Е УБАВА, ПОРАЧАА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Петгодишната Лиза сака да реди сложувалки, а кога ќе порасне сака да биде аптекарка. Огнен, седум години, најмногу ги сака диносаурусите и сака да биде палеонтеолог кога ќе порасне. Осумгодишниот Јане е единствениот фудбалер кој во исто време е и возач на формула. Деветнаесетгодишниот Иван сонува да биде возач на автобус. Костадинка најмногу сака дожд и шарени чадори. Маркијан еден ден сите ќе...

ГО БАКНУВААТ ПРАГОТ НА КУЌАТА НА БЛАЖЕ КОНЕСКИ ВО НЕБРЕГОВО

Токму кога писателските и научните кругови ја слават 95-годишнината од раѓањето на Блаже Конески, и двете најголемите две спротиставени политички партии во изборната камања се сетија на втемелувачот на македонскиот јазик, големиот поет, есеист, раскажувач, научник. Антологиските песни „Тешкото“ и „Молитва“ многумина првпат ги слушнаа дури во политичките спотови. А во едно интервју, скромниот Конески кој со својата работа длабоко...

НИЗ МАКЕДОНИЈА САМИ МИНАЛЕ 18.349 ДЕЦА БЕГАЛЦИ, СО СЕМЕЈСТВАТА ОФИЦИЈАЛНО СЕ ОБЕДИНИЛЕ САМО ТРИ

Од јуни 2015  досега, според МВР, во Македонија како бегалци допатувале 18.349 деца без родител или старател.  Процедурите налагаа на ваквите деца, поради опасноста од трговија со луѓе,  да не им се дозволи да го продолжат патот туку да бидат задржани кај нас, да им се одреди старател кој понатаму ќе доенесе одлука што е најдобро за детето.  Искуството...

ЕСМА БЕШЕ ИЗБРАНА МЕЃУ 50-ТЕ НАЈВРВНИ ГЛАСОВИ НА СВЕТОТ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Кра­ли­ца­та на ром­ска­та пес­на Ес­ма Ре­џе­по­ва, која почина денеска на 73 години, беше вбро­е­на ме­ѓу 50-те нај­врв­ни гла­со­ви на све­тот на си­те вре­ми­ња, во из­бо­рот на аме­ри­кан­ско­то др­жав­но ра­дио "Ен-Пи-Ар". Во из­бо­рот, лан­си­ран на ра­ди­оп­рог­ра­ма­та кон кра­јот на ја­ну­а­ри, 2010 година, се­ко­ја не­де­ла, со спе­ци­јал­на еми­си­ја, се от­кри­ваше по еден нов глас од 50-те. Ес­ма беше во друш­тво на...