ШОУ НА ГИЗЕЛА, ТАНГИ, ОГНОМЕТ, НО И ПРОТЕСТИ НАДВОР ОД СТАДИОНОТ НА ОТВАРАЊЕТО НА ОЛИМПИЈАДАТА

Бразил направи тричасовен спектакл со минимален буџет на свеченото отворање на Олимписките игри во Рио, потпирајќи се повеќе на видео ефекти отколку на скапа сценска опрема. Церемонијата на „Маракана“ ноќеска почна смирено со неколку проектирани слики од вода и презентации да оддаде чест на природата и на домородното население во Бразил.Потоа настапија акробати, кои ги имитираа движењата на бродовите...

НЕ ВРЕДИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ВО РИО ДА РИЗИКУВАШ ДА ЗАЖАЛИШ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ, ЗАГРИЖЕН Е БЕРДИХ

Томаш Бердих попрвин би ја пропуштил Олимпијадата во Рио отколку да преземе и најмал ризик да се зарази со вирусот Зика и потенцијално да пренесе вродени маани на неговите деца во иднина. 30-годишната чешка тениска ѕвезда, која минатата недела ја прослави првата годишнина од бракот со сопругата Естер, вели дека можеби има уште неколку години од кариерата, по што целосно...

СУДИЈА ВО РИО НАРЕДИ ЗАПЛЕНА НА ПАСОШОТ НА ЛОКТИ, ТАТКО МУ ВЕЛИ ДЕКА Е ВРАТЕН ВО САД

Таткото на американскиот пливач Рајан Локти рече дека неговиот син, кој освои златен медал на Олимпијадата во Рио, се вратил во САД пред да стигне наредбата од бразилски судија дека Локти и уште еден член на олимпискиот тим на САД, Џими Фејген, треба да останат во Бразил додека властите ја водат истрагата по нивната пријава дека биле ограбени за...

ЛОКТИ ПРИЗНА ДЕКА ЛАЖЕЛ И СЕ ИЗВИНИ ЗА ИЗМИСЛЕНИОТ ГРАБЕЖ ВО РИО

Рајан Локти, 12-кратниот освојувач на олимписки медали, кој тврдеше дека бил ограбен од лица преправени во полицајци во Рио минатиот викенд, денеска се извини за неговото однесување, потег што фрли сенка на неговиот успешен настап на Олимписките игри. Извинувањето дојде дури откако други двајца американски пливачи во официјални изјави за бразилското обвинителство го опишаа Локти како пијан и недисциплиниран, велејќи...

СИРИСКА БЕГАЛКА ЌЕ ПЛИВА ВО РИО ОТКАКО ПЛИВАШЕ ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ

Минатата година, Сиријката Јусра Мардини мораше да плива за својот живот, откако се најде на претоварен чамец во Егејското море во обид да стигне до Европа, а за неколку дена 18-годишната бегалка ќе настапи на Олимписките игри во Рио. По трауматичното бегство од Дамаск, таа ќе биде дел од првиот олимписки тим составен од бегалци на Игрите во Рио, кои...

ПЕТ НЕЗАБОРАВНИ МОМЕНТИ ОД ОТВОРАЊАТА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ

Незаборавните моменти од церемониите на отворањето на олимписките игри од минатото вклучуваат се и сешто од човечки пирамиди до Џејмс Бонд и речиси е време за натпреварите во Рио, но првин мора да се случи помпезноста на свеченото отворање. Секогаш блескава, парадата на спортистите од сите земји ќе се одржи ноќва на стадионот „Маракана“, заедно со говори, кревање на...

РИО ГО ПРЕДАДЕ ОЛИМПИСКОТО ЗНАМЕ НА ТОКИО НА КАРНЕВАЛСКА ЦЕРЕМОНИЈА НА ЗАТВОРАЊЕ НА ИГРИТЕ

Летните олимписки игри во Рио официјално завршија ноќеска и олимпиското знаме беше предадено на Токио, кој ќе биде домаќин на следното издание на Игрите во 2020 година. Олимпиското знаме беше собрано и здиплено на легендарниот стадион „Маракана“ за време на церемонијата на затворање, која наликуваше на карневал. Градоначалникот на Рио де Жанеиро Едуардо Паеш му го врати знамето на...

НЕ ВЕРУВАВ ДЕКА СО ТРЧАЊЕ ПО ПОЛСКИ ПАТИШТА ЌЕ СТИГНАМ ДО ОЛИМПИЈАДА, СОНОТ НА РИСТЕ ПАНДЕВ СЕ ОСТВАРИ

Сонот на атлетичарот Ристе Пандев од струмичко Ново Коњарево да настапи на Олимписки игри се оствари. 22-годишниот спринтер деновиве ќе трча на 100 метри на Игрите во Рио, рамо до рамо со најбрзите луѓе на светот, меѓу кои и Јусеин Болт. Токму учеството на Олимписките игри беше мотивот за ова момче, кое шест години интензивно тренира во родното село,...

СЕ ОЧЕКУВА МНОГУ АКЦИЈА ВО РИО, НА СПОРТИСТИТЕ ИМ ПОДЕЛИЈА 450.000 КОНДОМИ

Олимписките игри во Рио почнуваат ноќва со церемонијата на свеченото отворање, а официјалните натпревари стартуваат утре. Покрај натпреварите на спортските терени, организаторите на Олимпијадата во Бразил очекуваат и многу акција во спалните соби во олимпиското село, кадешто се сместени спортистите, па им поделија 450.000 кондоми, потврдија од Меѓународниот олимписки комитет. Тоа значи дека секој учесник на ОИ ќе добие...

ПОЛОВИНА ОД БРАЗИЛЦИТЕ СЕ ПРОТИВ ОЛИМПИЈАДАТА

Околу 50% од Бразилците се против Олимписките игри во Рио де Жанеиро, покажа најновото истражување на бразилската агенција за испитување на јавното мислење „Датафолја“. Тоа е двојно полош рејтинг од претходното истражување, спроведено во 2013 година. Тоа е отрезнувачко потсетување дека Бразилците се соочуваат со една од најлошите рецесии во историјата на јужноамериканската земја, која ги засени подготовките за Летните...