БОРИЛИШТАТА ЗА СПОРТОВИ НА ВОДА ВО РИО СЕ ПОЛНИ СО ФЕКАЛИИ

На 25 дена пред почетокот на Олимписките игри во Рио, Меѓународниот олимписки комитет издаде соопштение, насловено: „Рио 2016 е подготвен да му посака добредојде на светот“. Неколку пасуси подолу во соопштението, ИОК одговори на гласините дека заливите Гванабара и Лагоа, двете борилишта за спортовите на вода, се загадени со фекалии. „Организаторите нагласија дека двете водени површини ќе овозможат врвни услови...

ПЕТ НЕЗАБОРАВНИ МОМЕНТИ ОД ОТВОРАЊАТА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ

Незаборавните моменти од церемониите на отворањето на олимписките игри од минатото вклучуваат се и сешто од човечки пирамиди до Џејмс Бонд и речиси е време за натпреварите во Рио, но првин мора да се случи помпезноста на свеченото отворање. Секогаш блескава, парадата на спортистите од сите земји ќе се одржи ноќва на стадионот „Маракана“, заедно со говори, кревање на...

НЕ ВЕРУВАВ ДЕКА СО ТРЧАЊЕ ПО ПОЛСКИ ПАТИШТА ЌЕ СТИГНАМ ДО ОЛИМПИЈАДА, СОНОТ НА РИСТЕ ПАНДЕВ СЕ ОСТВАРИ

Сонот на атлетичарот Ристе Пандев од струмичко Ново Коњарево да настапи на Олимписки игри се оствари. 22-годишниот спринтер деновиве ќе трча на 100 метри на Игрите во Рио, рамо до рамо со најбрзите луѓе на светот, меѓу кои и Јусеин Болт. Токму учеството на Олимписките игри беше мотивот за ова момче, кое шест години интензивно тренира во родното село,...

СИРИСКА БЕГАЛКА ЌЕ ПЛИВА ВО РИО ОТКАКО ПЛИВАШЕ ЗА СВОЈОТ ЖИВОТ

Минатата година, Сиријката Јусра Мардини мораше да плива за својот живот, откако се најде на претоварен чамец во Егејското море во обид да стигне до Европа, а за неколку дена 18-годишната бегалка ќе настапи на Олимписките игри во Рио. По трауматичното бегство од Дамаск, таа ќе биде дел од првиот олимписки тим составен од бегалци на Игрите во Рио, кои...

„ШАРЛИ ЕБДО“ ГИ ИСМЕА СУСПЕНДИРАНИТЕ РУСКИ СПОРТИСТИ, РУСИТЕ ГНЕВНИ

Повеќе од една третина од 387-те руски спортисти коишто требаше да учествуваат на Олимпијадата во Рио се суспендирани поради допинг и како одговор, казнетите атлетичари си организираа „алтернативни Олимписки игри“ во Москва, а претседателот Владимир Путин тврди дека неговата земја е жртва на политички заговор. И додека Русите првично реагираа на извештајот на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) со циничен хумор,...

ФЕДЕРЕР ЌЕ СЕ ПЕНЗИОНИРА БЕЗ ОЛИМПИСКО ЗЛАТО ВО СИНГЛ

Роже Федерер стигна до полуфиналето на Вимблдон каде изгуби од Милош Раониќ, но 17-кратниот освојувач на гренд слем титули правеше операција на коленото во февруари поради што мораше да го пропушти Ролан Гарос. Ова беше првиот гренд слем на кој 34-годишниот Швајцарец не се натпреварувал од 1998 година наваму, но сега соопшти дека нема да учествува ни на Ју-Ес Опен,...

АКО НЕКОЈ ЗАБОРАВИЛ СРЕДСТВО ПРОТИВ КОМАРЦИ, НЕКА ДОЈДЕ КАЈ МЕНЕ, ХОУП СОЛО НОСИ ВО РИО ЦЕЛ АРСЕНАЛ ПРОТИВ ЗИКА

Хоуп Соло сака да се обезбеди против вирусот Зика на Олимпијада во Рио, носејќи со себе огромно количество средства против комарци и заштитна маска. Американската фудбалерка се подготвува со соиграчите од националниот тим за Игрите, кои почнуваат на 5 август, и се надева дека уште еднаш ќе се врати со златен медал. Сепак, 34-годишната голманка не сака да ризикува, кога...

БЕЛГИСКИОТ ОЛИМПИЕЦ ЛАКРАУИ ЌЕ ЛЕТА ЗА РИО ОД АЕРОДРОМОТ НА КОЈ СЕ РАЗНЕСЕ НЕГОВИОТ БРАТ ЏИХАДИСТ

Мурад Лакрауи, братот на еден од џихадистите кои се разнесоа во самоубиствен бомбашки напад на аеродромот во Брисел, се подготвува за настап на Олимписките игри во Рио следниот месец. Белгиецот Лакрауи, кој е европски шампион во теквондо во категоријата до 54 килограми, ќе полета за Бразил токму од аеродромот на кој неговиот брат Наџим детонираше експлозиви, убивајќи се себеси и...

ПОЛОВИНА ОД БРАЗИЛЦИТЕ СЕ ПРОТИВ ОЛИМПИЈАДАТА

Околу 50% од Бразилците се против Олимписките игри во Рио де Жанеиро, покажа најновото истражување на бразилската агенција за испитување на јавното мислење „Датафолја“. Тоа е двојно полош рејтинг од претходното истражување, спроведено во 2013 година. Тоа е отрезнувачко потсетување дека Бразилците се соочуваат со една од најлошите рецесии во историјата на јужноамериканската земја, која ги засени подготовките за Летните...

НЕ ВРЕДИ ЗА ЕДНА НЕДЕЛА ВО РИО ДА РИЗИКУВАШ ДА ЗАЖАЛИШ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ, ЗАГРИЖЕН Е БЕРДИХ

Томаш Бердих попрвин би ја пропуштил Олимпијадата во Рио отколку да преземе и најмал ризик да се зарази со вирусот Зика и потенцијално да пренесе вродени маани на неговите деца во иднина. 30-годишната чешка тениска ѕвезда, која минатата недела ја прослави првата годишнина од бракот со сопругата Естер, вели дека можеби има уште неколку години од кариерата, по што целосно...