ЗАГАДЕНО Е И КОГА Е ВЕДРО

Со гас маски и со транспаренти на кои со зборовите на македонските револуционери и писатели, активистите на невладината „Гоу Грин“, испратија порака до граѓаните дека не треба да се откажуваат од битката за чист воздух во Скопје. Оваа акција за подигање на свеста за аерозагадувањето е дел од кампањата „Мрдни со прст“, а поддржана од Националниот младински совет на...

ВО ТЕТОВО НЕ СЕ МЕРИ КОЈ КОЛКУ ЗАГАДУВА

Дивите погони, дивата депонија, задушениот сообраќај, одобрувањето градење високи згради што го спречуваат природното струење, греењето на дрва и отпаден материјал се силни фактори за загадувањето на Тетово, но сѐ уште не се знае кој и колку загадува, оти во градот има само со една мониторинг станица која не ги мери овие параметри. Во Министерството за животна средина и просторно...

БИТОЛСКАТА ДРАГОР СТАНА КАКО ПРИЛЕПСКАТА ЛАЈНАРКА

Лајнарка се нарекуваше реката што тече низ Прилеп уште од приказните за Итар Пејо, иако денес прилепчани ја викаат Градска Река. Името од хумористичните приказни ѝ одговараше со години зашто водата беше загадена од отпадните и канализациски води кои завршуваа во реката. Но, прилепчани се свестија побрзо од битолчани за овој еколошки проблем и покренаа иницијатива за чистење на...

ДА ЈА СПАСИМЕ ШУМАТА ВО ЈАНКОВЕЦ ОД ВЛАДИКАТА ПЕТАР, АПЕЛИРААТ ЖИТЕЛИТЕ

Жители на ресенското  село Јанковец обвинуваат дека Преспанско-пелагониниската епархија, преводена од владиката Петар, планира да врши масовна сеча на манастирската шума во атарот на селото, поточно во коријата на манастирот „Света Богородица“. На одржаниот состанок деновиве, тие составија ииницијативен одбор кој, според соопштението објавено на социјалните мрежи, зазеде цврст став дека сечата на таа шума ќе биде погубна за...

ИСПРАЗНЕТОТO ЕЗЕРО ГО УНИШТИ ПРЕСАДЕНИОТ ЛОКВАЊ ВО ОХРИД

Нискиот водостој на Охридското езеро го уништи живеалиштето на локвањот кој пред една деценија беше пресаден на охридскиот брег кај “Милениум Палас”. Ова водено растение беше донесено од Радожда, Струшко каде што единствено вирее по природен пат. Овој проект на зачувување на локвањот чинеше околу 10 илјади долари и беше платен со странска донација. Со тој проект локвањот во Охрид билозите го...

ГЕВГЕЛИЧАНИ БАРААТ РЕФЕРЕНДУМ ПРОТИВ РУДНИК ЗА ЗЛАТО ВО КОЊСКО

Вознемирени од геолошки испитувања на планината во Коњско, над Гевгелија, гевгеличани го вклучија алармот за заштита на животната средина. Тие се против најавите на властите во Коњско да се отвори рудник за злато за кој сметаат дека ќе им ја одземе шумата, а ќе им донесе отрови, па рудникот веќе го нарекуваат рудник на смртта. Граѓанското здружение „Спас за...

ПЕСТИЦИДИТЕ СОЗДАДОА РИБА МУТАНТ ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Во Преспанското Езеро плива риба мутант, a за тоа многу малку се знае надвор од научната јавност, вели угледен професор од Охрид кој прв ја документирал рибата. Таа е комбинација меѓу преспанската белвица и преспанскиот грунец, а првпат е откриена пред десетина години. Професор д-р Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод во Охрид, кој прв ја документира појавата на оваа риба...

СУДОТ ВО ТЕТОВО ОТФРЛИЛ 30 ПРИЈАВИ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЧИ

Тетово минатата година го доби приматот град со најзагаден воздух во светот, a Тетовскиот суд отфрлил 30 пријави против загадувачи кои ги кршеле општинските мерки. Со над 340 денови загадување на воздухот над дозволената граница и со денови кога загаденоста беша за петнаесетина па и дваесет пати над дозволеното,  Тетово убедливо ги надминува и големите светските метрополи како Пекинг,...

ВАНДАЛИ ГИ УНИШТИЈА ПАРКОВИТЕ УРЕДЕНИ СО ЗЕЛЕНАТА АКЦИЈА ВО СТРУМИЦА

Граѓански активисти и средношколци предводени од еколошкото друштво „Планетум“ од Струмица лани уредија 12 мини јавни површини во градот и населените места, но за неколку месеци тие или се уништени или заборавени. Само засеаните зимзелени дрвца на неколку места и уништените  декоративните елементи сведочат дека имало иницијатива за облагородување на малите јавни површини со зеленило пред стамбените комплекси во...

ДАМКАТА НЕ Е НАФТА, ТУКУ ГНИЈАТ РАСТЕНИЈАТА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Црната дамка што пред три дена се појави во плитките води на Охридското езеро на кејот во Охрид не е ниту нафта, ниту масло, туку остатоци од растенија што гнијат, а биле донесени на брегот од струењето на водата, одговори Хидробиолошкиот завод откако граѓаните ги вознемири мрсната дамка што беше особено воочлива поради тоа што водата е повлечена од...