СЕЧА НА 50-ГОДИШНИ ДРВЈА, УРИВАЊЕ КУЌИ И ИЗГРАДБА НА НОВИ ЗГРАДИ ПОВТОРНО ГО КРЕНАА АЕРОДРОМ НА НОЗЕ 

  Јавната презентација на Деталниот урбанистички план за градска четврт И 10 во Општина Ародром, уште еднаш ги подели жителите на гласна група која го поддржува планот и уште погласна група која се бори да се намали катноста и да се заштити постојното зеленило.  Двете групи вчера се судрија во тесното сопче на Урбаната заедница Острово во Аеродром, каде „Билд...

„МОЈ ТЕРМИН“ – ДЕНЕСКА ПРОТЕСТ ВО СКОПЈЕ ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕТО НА ВОЗДУХОТ

Денеска во 17 часот, пред бараките на администрацијата на Град Скопје, неколку еколошки организации повикаа на протест на кој ќе го истакнат револтот од енормното загадување на воздухот. „Сакаме да го искажеме нашето незадоволство од релаксираноста и од незаинтересираноста на надлежните институции, а од Град Скопје и општините да побараме итни мерки, како и долгорочен план за решавање на оваа...

ЛУДА МАРА ПИЈАНА ОД КОМИЊЕ

Реката Луда Мара се испијани од комиње. Отпадот од грозјето при варењето на ракија во Тиквешко, често место во специјалните контејнери се исфрла во реката која минува низ градот Кавадарци или во градската канализација, а не ретко може да се забележи и како тече по улиците. „Уште кога почна сезоната за печење на ракија во Тиквешијата како најголем лозаровинарски регион...

КУМАНОВО ДОПОЛНИТЕЛНО ЌЕ ЈА МЕРИ ЗАГАДЕНОСТА НА ВОЗДУХОТ

Општина Куманово ќе ангажира лиценцирана лабораторија која ќе изврши дополнително, независно мерење на загадувањето на возухот во градот, за да се утврди фактичката состојба и со тоа да прекине политичката хајка, најавува градоначалникот Зоран Дамјановски, откако изминатите неколку денови беше мета на напади дека Куманово е најзагаден град во Европа, а локалната самоуправа не презема ништо да го реши...

БИТОЛА ИМА 70 ДИВИ ДЕПОНИИ, А САМО ТРОЈЦА КАЗНЕТИ

Ридови ѓубришта ги пречекуваат намерниците кои доаѓајќи за Битола минуваат низ обиколницата која е дел од магистралниот пат А-3. Оваа обиколница  води кон двата влеза на  градот, од страната на Ресен и Прилеп. Мрши од пцовисани животни, дотраена облека, човечки измет, лепешки од коњи и каков не друг отпад на диво е исфрлен крај патот. Најкритично е крај ромската...

БЕЗ ДОЗВОЛА НА ОПШТИНАТА ИСЕЧЕНИ ДРВЈАТА ВО СПОРТСКИОТ ЦЕНТАР ВО ТЕТОВО

Откорнати се сите дрвја во спортскиот центар во Тетово, кој беше единствената слободна зелена површина во градот. Сечата ја извршил новиот закупец на овој простор, кој месецов почна да го реконструира центарот. Од Општина Тетово велат дека сечата на дрвата е направена нелегално. „Оваа површина преставува градежно изградено и уредено земјиште со намена за спорт и за рекреација. Општина Тетово...

ПАРКОТ ВО СКОПСКО ТАФТАЛИЏЕ ЌЕ СЕ БРАНИ СО ЖИВ ЅИД

Жителите на скопската населба Тафталиџе го засилуваат отпорот против изградба на петкатница на местото на паркот на улица Букурешка. Подготвени се со жив ѕид да го бранат зеленилото од секој обид да почне изградбата, а отворија и правна војна со интитуциите. „Испративме барање до Општина Карпош за увид во предметот по издадено Одобрение за градење за зградата во нашиот парк....

ОД ОПШТИНА БИТОЛА ИМ БИЛО ЗАБРАНЕТО ДА ОДАТ НА ТРИБИНА ЗА КАМЕНОЛОМОТ НАД ГРАДОТ  

Општина Битола ја игнорираше трибината на битолските екологисти од здружението „За нас се работи“ посветена на процесот на експлоатација на минерални суровини во каменоломот што се копа над Битола и нивното влијание врз животната средина. На трибината дојдоа претставници од Геолошкиот завод, експерти од министерствата, проектантите на рудникот, но не дојде претставник на општина Битола. „Се надевавме на присуството на...

СЕ КРАДЕ ОГРАДА ОД ХРАНИЛИШТЕТО ЗА РЕТКИ ПТИЦИ ВО ВИТАЧЕВО

Крадци крадат ограда од хранилиштето за мршојадци на висорамнината Витачево кај Кавадарци. Емануел Лисичанец од  Здружението за заштита на природата “Аквила” вели дека веќе по трет пат е украден дел од оградата на хранилиштето. Досега биле украдени повеќе од 150 метри. „Луѓето не разбираат дека со оградата ги штитиме токму нив од зарази, а не орлите од нив. За жал,...

ДРЖАВНИОТ ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА МЕСЕЦ И ПОЛ Е БЕЗ ДИРЕКТОР

Државниот инспекторат за животна средина веќе месец и половина е без директор. Според објавата во Службен Весник, со одлука на Владата, донесена на седницата на 5 октомври, досегашниот директор на Државниот инспекторат за животна средина Фирус Мемед е разрешен од оваа функција, а на истата седница на Владата донесена е одлука со која тој се именува за заменик директор...