ДАМКАТА НЕ Е НАФТА, ТУКУ ГНИЈАТ РАСТЕНИЈАТА ВО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО

Црната дамка што пред три дена се појави во плитките води на Охридското езеро на кејот во Охрид не е ниту нафта, ниту масло, туку остатоци од растенија што гнијат, а биле донесени на брегот од струењето на водата, одговори Хидробиолошкиот завод откако граѓаните ги вознемири мрсната дамка што беше особено воочлива поради тоа што водата е повлечена од...

СЕ ИСУШИ ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ

Испуштањето на големи количини на вода од Охридското езеро го исуши охридското крајбрежје. Плажите на источниот дел се проширија за десеттина метри поради повлекувањето на водата. Брегот е проширен и на други делови, пред сѐ пред хотелот „Милениум палас”. Од обиколката на источното Охридско крајбрежје може да се види дека плажата во близина на хотелот „Гранит” е проширена поради повлекувањето...

МРСНА ДАМКА ПЛИВА ПРЕД ХОТЕЛОТ „ПАЛАС“ ВО ОХРИД

На делот од крајбрежјето, веднаш до помошното пристаниште пред хотелот „Палас“во Охрид денес во водата на Охридското езеро се појави мрсна дамка. Не се знае дали е од испуштена нафта или од моторно масло кое доаѓа преку канализацијата, оти такви случаи досега имаше повеќе. Надлежните инспекциски служби денес сѐ уште молчат за ова загадување. Жителите што живеат во овој крајбрежен појас...

КАВАДАРЦИ СЕ ЗАДУШИ, ЕКОЛОЗИТЕ БАРААТ НОВА СТРАТЕГИЈА ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА

Повеќе од десет пати над максималната граница за присуство на ПМ 10 честички во воздухот пропишана од Европската унија се измерени вечерва во Кавадарци, еден од најзагадените градови во државата. Реагираат граѓани, реагираат и од Еколошкото друштво „Еко-живот”. „Да се иницира нова стратегија за животна средина за Кавадарци за долгорочно решавање на аерозагадувањето во градот. Моменталните и парцијални интервенции се...

ГРАДОНАЧАЛНИЦИ, ШТО ЌЕ НАПРАВИТЕ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ВО СКОПЈЕ? – ГРАЃАНИТЕ ИМ ОДАТ НА ОПШТИНСКИТЕ ВЛАСТИ ВО КАНЦЕЛАРИЈА

Група граѓани веќе трет ден одат на средби со скопските градоначалници за лично да ги прашаат што може општината да стори и што ќе стори против загадувањето на воздухот во Скопје. Средбите, најавени само на Фејсбук,  почнаа завчера со градоначалникот Коце Трајановски, продолжија вчера со градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и денес со неговиот колега од Аеродром Ивица Конески,...

ЗАГРОЗЕН ВИД ЦРН МРШОЈАДЕЦ ПО 12 ГОДИНИ ДОЈДЕ НА ХРАНИЛИШТЕТО ВИТАЧЕВО

Откако црните мршојадци, кои се ретки птици и загрозен вид, дефинитивно исчезнаа од Македонија во 2005, сега на хранилиштето за мршојадци на висорaмнината Витачево кај Кавадарци повторно е регистрирана ваква птица. „Деновиве, после секоја прихрана се појавува млад црн мршојадец, во првата година од животот. Задоволството е посебно, бидејќи последниот примерок од овие птици од македонското тло исчезна пред 12...

ОД УТРЕ БЕСПЛАТЕН ЈАВЕН ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ПОРАДИ ЕНОРМНОТО ЗАГАДУВАЊЕ

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани од утре и во автобусите на ЈСП и во автобусите на приватните превозници, денеска најави скопскиот градоначалник Коце Трајановски, кој рече и дека бесплатниот превоз е една од краткорочните мерки што ги презема Градот поради енормното загадување на воздухот во Скопје. Загадувањето особено беше високо викендов, кога во Општина Карпош во саботата во...

СЕ ВРАЌА ЖИВОТОТ ВО ПРЕСПАНСКОТО ЕЗЕРО

Запира трендот на деградација Преспанското Езеро, постепено се обновуваат природните функции на езерото, а забележано е подобрување на квалитетот на водата, вели за САКАМ ДА КАЖАМ.МК Димитар Сековски, раководител на Програмата за заштита на Преспанското Езеро. Подобрувањето на состојбите се должи на повеќе проекти кои се преземаат 13 години, со цел да се намали оптоварувањето со загадувачки материи врз...

ДРВОКРАДЦИ ЈА СОГОЛИЈА ТРИМ ПАТЕКАТА НАД СТРУМИЦА

Трим патеката за рекреација и спортување што се наоѓа во шумовитиот предел над Струмица е речиси соголена и уништена. Дрвокрадци со секири и пили секојдневно сечаат дрвја за огрев и со рачни колички  ги симнуваат  во своите домови. Дивата сеча најчесто се случува доцна навечер или рано наутро, а најмногу е изразена во зимските месеци секоја година. Струмичани кои...

ЧЕТИРИ ПАТИ ЗГОЛЕМЕНА РАДИОАКТИВНОСТ ОКОЛУ РЕК БИТОЛА

Зголемена радиоактивност е констатирана во пепелта од депонијата на РЕК Битола и почите од овој регион. Дисперзијата на прашина од депонијата на пепел која е на отворено ја загадува околната почва. Имено, три до четири пати е зголемна радиоактивноста на ураниумот, радиумот и ториумот од нивната природна специфична радиоактивност во почвата околу депонијата. До овие загрижувачки податоци дојде Факултетот...