Спортски приказни

Спортски приказни

НЕ СУМ НАВИКНАТ ДА ГУБАМ ВО ВТОРО КОЛО, КАЖА ЃОКОВИЌ ПО ПОРАЗОТ ОД 117. ТЕНИСЕР НА АВСТРАЛИСКИОТ ГРЕНД СЛЕМ

Шесткратниот победник на Австралија опен Новак Ѓоковиќ изненадувачки загуби во второто коло од првиот гренд слем во годината од Узбекистанецот Денис Истомин. Србинот планираше да стане првиот тенисер со седум титули во Австралија и досега имаше шест победи на исто толку дуели со Истомин. Сепак, на крајот Узбекистанецот славеше со 7:6, 5:7, 2:6, 7:6, 6:4 по 4 часа и...

КИНА ЌЕ СТАВИ КРАЈ НА НЕРАЦИОНАЛНИТЕ ФУДБАЛСКИ ТРАНСФЕРИ

Кинеската фудбалска асоцијација соопшти дека планира серија мерки како одговор на „нерационалното" трошење на клубовите за транфери и за платите на играчите, поради загриженоста дека странските ѕвезди ги потиснуваат локалните таленти и ѝ наштетуваат на целите на земјата да стане глобална сила во светскиот фудбал. Кинеската фудбалска асоцијација вели во соопштението дека засега неидентификуваните чекори ќе ги таргетираат „операциите и...

НЕ СЕ ПРЕДАДОВМЕ И КОГА ГУБЕВМЕ СО ЧЕТИРИ ГОЛА, ПОРАЧА МАНАСКОВ ПО ПОБЕДАТА НАД ТУНИС

Македонската ракометна репрезентација го почна Светското првенство во Франција со победа од 34:30 над Тунис, а крилото Дејан Манасков беше втор стрелец со седум гола од десет обиди. Тунижаните беа подобар тим во првото полувреме и на почетокот од вториот дел имаа и предност од четири гола. Потоа, со серија од 5:0, Македонија направи пресврт и поведе со 32:28...

ФИФА ГО ПРОШИРИ СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ОД 32 НА 48 РЕПРЕЗЕНТАЦИИ

Светското првенство во фудбал ќе биде проширено од 32 на 48 репрезентации, реши ФИФА. Во првата фаза ќе има 16 групи со по три тима и во нокаут-фазата ќе продолжат 32 тима, а новиот формат ќе почне да се спроведува од турнирот во 2026 година. ФИФА едногласно ја донесе одлуката за промена на форматот на светските првенства на денешниот состанок во...

ИНТЕР ЌЕ ГОСТУВА НА ОТВАРАЊЕТО НА ЦЕНТАРОТ НА ПАНДЕВ ВО СТРУМИЦА

Оваа година треба да заврши изградбата на спортско-рекреативниот центар Пандев во Струмица, вреден повеќе милиони евра, а се очекува на отварањето да гостува италијанскиот тим Интер од Милано. Откако се подигна зградата каде ќе има апартмани, базени, теретани, сауни и фитнес центар, градежни екипи почнаа да го расчистуваат теренот каде треба да се изгради фудбалското игралиште, кое ќе биде...

ТРКА НА СКИЈАЧКИ ЛЕГЕНДИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ЗАГРЕБ ЗА 50-ГОДИШНИНАТА ОД СВЕТСКИОТ КУП

По повод 50-годишнината од постоењето на ФИС Светскиот скијачки куп, во самиот центар на Загреб синоќа беше одржана ревијална трка со 18 поранешни победници во Светскиот куп. Околу 50 камиони работеа претходната ноќ да донесат 900 кубици снег и да ја претворат улицата Тома Бакач, која поминува покрај познатата загрепска катедрала до фонтаната Мандушевац на плоштадот Бан Јелачиќ, во...

ФЕДЕРЕР СЕ ВРАТИ СО ПОБЕДА ПО ШЕСТМЕСЕЧНАТА ПАУЗА

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер се врати по шестмесечната пауза поради повреда на коленото и го победи Ден Еванс со 6:3, 6:4 за водство на Швајцарија од 1:0 над Британија во Хопман купот, турнир на мешани двојки во Перт, Австралија. 17-кратниот освојувач на гренд слемови, кој го пропушти Ролан Гарос минатата година, ставајќи крај на серијата од 65 последователни гренд...

СЕРЕНА ВИЛИЈАМС СЕ СВРШИ СО ОСНОВАЧОТ НА РЕДИТ

Најдобрата тенисерка на светот Серена Вилијамс се сврши со Алексис Оханијан, 33-годишниот Интернет бизнисмен и коосновач на Редит. 35-годишната тенисерка ја сподели веста со песна што ја објави на Редит, во која вели дека била запрoсена на романтично патување во Рим. „Дојдов дома. Малку доцна. Некој ми ја имаше спакувано торбицата и пајтон ме чекаше надвор. Дестинација: Рим. За да...

СЕ ПОВЛЕЧЕ АНА ИВАНОВИЌ, ПОРАНЕШНАТА НАЈДОБРА СВЕТСКА ТЕНИСЕРКА

Поранешниот светски рекет број еден Ана Ивановиќ соопшти дека се повлекува од тенисот. 29-годишната Србинка денеска на нејзиниот официјален профил на Фејсбук напиша дека веќе не може да го достигне своето највисоко ниво на игра. Ивановиќ, која е мажена за германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, беше број еден на ВТА листата во 2008 година, кога ја победи Динара Сафина во финалето...

ГЕРМАНСКИТЕ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ ЈА ИЗБЕГНУВААТ ТУРЦИЈА ПОРАДИ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАДИ

Германските фудбалски клубови од Бундеслигата ја избегнуваат Турција како дестинација за нивните тренинг кампови за време на зимската пауза сезонава во домашниот шампионат. 15 од 18-те тимови ја користат паузата за интензивни подготовки во странство, но несигурната безбедносна ситуација во Турција им ги промени плановите. Повеќе од третина од клубовите до неодамна ја избираа турската ривиера, посебно одморалиштето Белек како...