МАКЕДОНИЈА ПРВПАТ ЌЕ ИГРА НА ЕВРОПСКО ЗА ФУДБАЛЕРИ ДО 21 ГОДИНА

Македонската репрезентација првпат ќе игра на Европско првенство за фудбалери до 21 година, откако го освои првото место во третата квалификациска група по вечерашната победа од 2:0 над Шкотска во Скопје и се пласираше директно на завршниот турнир во Полска следната година. На „Филип Втори“, Марковски (18’) и Барди (22’) беа стрелци за Македонија, а победата можеше да биде и поубедлива,...

БЕЛГИЈА ПОСТИГНА ГОЛ ПО САМО 7 СЕКУНДИ, НАЈБРЗО ВО ИСТОРИЈАТА НА КВАЛИФИКАЦИИТЕ ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО

Белгија го постигна најбрзиот гол во историјата на квалификациите за Светското првенство во фудбал откако Кристијан Бентеке го отвори резултатот против Гибралтар по само седум секунди. Претходниот рекорд откако се води прецизна статистика беше во сопственост на Давиде Гвалтиери од Сан Марино, кому му беа потребни осум секунди да постигне гол против Англија во квалификациите во 1993 година. Белгискиот фудбалер...

БУФОН СИ ЗАМИНА ПО ГАЌИ ПО ПОБЕДАТА НА ИТАЛИЈА НА „ФИЛИП ВТОРИ“

Славниот италијански голман Џиџи Буфон прими два гола во Скопје, но на крајот славеше и ги фрли шорцевите кон навивачите откако со голот на Чиро Имобиле во 92. минута, италијанската фудбалска репрезентација победи со 3:2 против Македонија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во Русија. Илија Несторовски и Ферхан Хасани за само две минути (57’, 59’) во второто полувреме направија пресврт...

МЕСТО ДА ТРЕНИРААТ, ИТАЛИЈАНСКИТЕ ФУДБАЛЕРИ СЕ ПРОШЕТАА ВО КОСТУМИ НА „ФИЛИП ВТОРИ“

Директно од скопскиот аеродром, италијанските фудбалери вечерва се појавија на теренот на „Филип Втори“, но место да го одржат вообичаениот тренинг пред утрешниот натпревар (20.45ч.), тие се прошетаа 15-тина минути по тревникот облечени во костуми. Италијанците го откажаа и најавениот затворен тренинг во комплексот на ФФМ во Ново Лисиче. Италија е огромен фаворит на утрешниот дуел против Македонија во квалификациите...

БОКСЕРСКИ ЛЕГЕНДИ ОД РЕГИОНОТ НА ПРОСЛАВАТА НА 70 ГОДИНИ ОД ВОЗОБНОВЕНИОТ КЛУБ КУМАНОВО

Дваесетина боксерски легенди, освојувачи на олимписки и светски медали од земјава и регионов, викендов ќе престојуваат во Куманово. Причина е прославата на 70-годишнината од формирањето на боксерскиот клуб Куманово, а ја организираат група на кумановски бизнисмени, поранешни боксери и љубители на боксерските вештини „Идејата ни беше да се потсетиме на успесите на малку подзаборавените боксерски шампиони и олимпијци, кои дадоа...

ОСВОЈУВАЊЕТО ТИТУЛИ И БРОЈОТ ЕДЕН НА АТП ЛИСТАТА ВЕЌЕ НЕ МИ СЕ ПРИОРИТЕТ, ВЕЛИ ЃОКОВИЌ

Новак Ѓоковиќ веќе не гледа на освојувањето гренд слем титули и останувањето на врвот на АТП-листата како приоритет во неговата тениска кариера, кажа српскиот тенисер. „Не сакам веќе да размислувам за освојување титули или да бидам број еден за да не си ставам притисок на себеси. Си ставив премногу притисок по победата на годинашниот Ролан Гарос и тоа не ми...

ПРИВАТНИОТ АВИОН НА РОНАЛДО ИМАШЕ НЕСРЕЌА ПРИ СЛЕТУВАЊЕ ВО БАРСЕЛОНА

Приватниот авион на португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо имаше несреќа при слетување на аеродромот во Барселона во понеделникот, јави шпанскиот спортски весник „Ас“. Авионот излегол од пистата по слетувањето поради технички дефект, откако опремата за слетување на авионот Галфстрим Г200 се расипала при спуштањето и пилотот морал да ја искористи својата експертиза да го слета авионот. Нема настрадани во несреќата...

ФУДБАЛЕРИТЕ НА МИЛАН СО ВИДЕО МУ ГО ЧЕСТИТАА 80. РОДЕНДЕН НА БЕРЛУСКОНИ, ПОЛИТИЧАРИТЕ ТВИТАА НА ХАШТАГОТ „БЕРЛУСКОНИ80“

Тимот на Милан му посака среќен роденден на Берлускони Силвио Берлускони денес наполни 80 години и играчите на Милан му пратија честитка на претседателот на фудбалскиот клуб. На интернет сајтот на италијанскиот клуб беше објавена видеопорака со желби за среќен роденден до Берлускони, а неговите политички сојузници твитаа честитки под хаштагот #Берлускони80. Поранешниот премиер на Италија го одбележа 80. роденден приватно со семејството, објави „Скај спорт“,...

ТАНЧЕРКИТЕ НА ШИПКА САКААТ НА ОЛИМПИЈАДА ЗА ДА ГИ ПОБЕДАТ ПРЕДРАСУДИТЕ

Танчарките на шипка се издигаат високо, ги извиваат телата и прават шпаги наопачки, трудејќи се да бидат најдобри во своето поле. Меѓутоа жените кои се натпреваруваат на Светскиот шампионат во фитнес и акробации на шипка во Букурешт, главниот град на Романија, се соочуваат со предизвик уште пред да се фатат за шипката: борбата да ги убедат луѓето дека ова е...

ШУМАХЕР СЕ УШТЕ НЕ МОЖЕ ДА ОДИ, ОТКРИ НЕГОВИОТ АДВОКАТ НА СУДЕЊЕ

Адвокатот на Михаел Шумахер кажа во суд во Германија дека поранешниот светски шампион во Формула 1 „не може да оди“ по неговата скијачка несреќа. Феликс Дам ја образложи природата на повредите на Шумахер на судењето за тужбата против германскиот магазин „Бунте“. Минатиот Божик, магазинот објави дека седумкратниот светски шампион повторно може да оди. Но, Дам откри дека 47-годишниот Шумахер не...