ПОЛИЦИЈАТА ВО БАРСЕЛОНА ПУКАШЕ ВО УКРАДЕН КАМИОН СО ПЛИНСКИ БОЦИ

Едно лице е уапсено од полицијата во Барселона откако возеше камион полн со плински боци во спротивен правец на булевар. Возилото удри во неколку автомобили близу градското пристаниште пред полицијата да почне да пука кон него. Полицијата не ги потврди истрелците, но кажа дека возачот на камионот е на распит. Телевизијата ТВЕ објави дека камионот со плински боци бил украден додека...

ТЕЛА НА 74 МИГРАНТИ ИСФРЛЕНИ НА БРЕГ ВО ЛИБИЈА

Телата на 74 мигранти и бегалци беа исфрлени на брегот во северниот град на Либија, Зауија, соопшти либискaта Црвена полумесечина. Мохамед ал-Мисрати, портпаролот на Црвената полумесечина во Либија, рече дека телата биле пронајдени на медитеранското крајбрежје утринава. Мисрати додаде дека причините за потонувањето остануваат нејасни. Хуманитарната агенција на својата страница на Твитер објави фотографии на тела во бели и црни вреќи,...

ЗАБРАНАТА ЗА ПАТУВАЊЕ НА ТРАМП ЈА ЗАГРОЗУВА ИДНИНАТА НА СТРАНСКИТЕ СТУДЕНТИ

Додека администрацијата на американскиот претседател  Доналд Трамп се обидува да ја спроведе контроверзната извршна наредба со која им се забранува влез во САД на седум држави со претежно муслиманско население, иднината на странските студенти од овие држави виси на конец. Не само што овие млади студенти се разделени од нивните семејства, туку ризикуваат со можностите за професионалниот живот. Наредбата е...

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА АЗЕРБЕЈЏАН СИ ЈА НАЗНАЧИ СОПРУГАТА ЗА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ

Претседателот на Азербејџан си ја назначи сопругата за потпретседател на поранешната советска земја. Илхан Алијев ја постави жена си Мехрибан на позицијата, воведена по уставниот референдум во септември. Таа беше пратеник и водеше хуманитарна организација во минатото. Алијев е сојузник на Западот и успеа да ги одбрани интересите на муслиманската земја од руското влијание во стратешкиот Касписки регион богат со...

НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА РУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ОН ВИТАЛИЈ ЧУРКИН

Амбасадорот на Русија во Обединети нации Виталиј Чуркин, ненадејно почина денеска во Њујорк. Заменик-амбасадорот Владимир Сафронков изјави дека на Чуркин му се слошило во канцеларијата во ОН, по што бил префрлен во болница, каде што починал. Причината за смртта сè уште не е позната. „Министерството за надворешни работи на Русија со длабоко жалење соопштува дека во Њујорк ненадејно почина Виталиј...

ЗЛАТНА МЕЧКА ЗА УНГАРСКИОТ „ЗА ТЕЛО И ДУША“ НА ЕЊЕДИ НА БЕРЛИНАЛЕ

„За тело и душа“, романтична драма на унгарската режисерка Илдико Ењеди, ја освoи Златната мечка и изненади со победата на годинашното Берлинале. Љубовната приказна за двајца осамени работници во кланица кои до апсурд се бараат, ја освои и наградата на критиката ФИПРЕСЦИ и уште една награда. За Ењеди ова е исполнување на ветувањето што го покажа со дебито „Мојот...

НАЈМАЛКУ 70 ЗАГИНАТИ И 250 ПОВРЕДЕНИ ВО САМОУБИСТВЕН НАПАД НА ИСЛАМСКА ДРЖАВА ВО ПАКИСТАН

Бомбаш самоубиец од Исламска држава се разнесе меѓу верниците во најпознатиот храм на суфи исламот во Пакистан, убивајќи најмалку 70 луѓе и повредувајќи стотици други. Цел на бомбашот самоубиец беше храмот Сехван Шариф во југоисточната провинција Синд, кадешто илјадници мажи и жени се собираат секој четврток за суфи танци и музика, кажа локалнот функционер Сами Удин. Повеќето од телата и...

ТРАМП ТУЖИ КИНЕСКА КОМПАНИЈА ШТО ПРАВИ ТРАМП ВЕЦЕ ШОЛЈИ

Меѓу стотиците регистрирани брендови во Кина што не му припаѓаат на Доналд Трамп има Трамп веце шолја, Трамп кондом, Трамп пејсмејкер, па дури и хотел „Трамп интернешнл“. По една деценија правни битки во кинеските судови, се очекува претседателот на САД да извојува несекојдневна победа: право на сопственото име. Доцната победа на Трамп во битката да го врати правото на изведување градежни...

ОПЕРИРАНИ ОД РАК НА ДОЈКА БЕА МОДЕЛИ НА РЕВИЈА ЗА ДОЛНА ОБЛЕКА ВО ЊУЈОРК

Жени кои преживеале рак на дојка прошетаа на модната писта на Модната недела во Њујорк, на алтернативна модна ревија за долна облека за да соберат пари за хуманитарни цели. Ревијата на АнаОно за интимна облека е дело на амeриканската дизајнерка која преживеала рак на дојка Дејна Донофри, а ја претстави оскаровката Мира Сорвино. Модели со најразновидни облини и лични приказни...

БРАТОТ НА КИМ ЏОНГ-УН УБИЕН СО ОТРОВНИ ИГЛИ ВО МАЛЕЗИЈА

Отуѓениот полубрат на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун умре во Малезија, јави „Ројтерс“, цитирајќи малезиски функционер, кој вели дека неидентификуван Севернокореец, за кој се верува дека е Ким Џонг-нам, починал на пат за болница од аеродромот во Куала Лумпур понеделникот. Абдул Азиз Али, полицискиот началник во областа Сепанг, кажа дека идентитетот на починатиот не може да биде потврден. Вработен...