БАРОКОТ ЈА ОСТАВИ НЕАСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА ПАЈКО МААЛО ВО НАЈСТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ

    БАРОКОТ ЈА ОСТАВИ НЕАСФАЛТИРАНА УЛИЦАТА ПАЈКО МААЛО ВО НАЈСТРОГИОТ ЦЕНТАР НА СКОПЈЕ

    По улицата Пајко Маало, во истоименото маало со барокни згради во најстрогиот центар на Скопје, се гази кал. На улицата нема асфлат, останати се само некои парчиња по краевите, па се прават вирови колку што е широка. Кал има и кога не врне оти локалните жители ја прскаат улицата за да се заштитат од прашината. Таа се наоѓа зад новитот плоштад кај црквата „Св. Богородица“ и зад барокната зграда на Факултетот за драмски уметности.

    Изговор на претходниот градоначалник на Општна Центар, Владимир Тодоровиќ за ваквата состоjба на улицата беше дека на неа се гради. Зградите на улицата сега се изградени и одамна вселени, но станарите иако уредно ги платиле сите давачки кон Општината, преку калишта стигнуваат до дома, а во кал ги паркираат и колите. И сегашниот градоначалник Андреј Жерновски, има изговор зошто во четиригодишниот мандат, кој истекува следната недела, не ја уредил улицата.

    „Службите од Секторот за уредување на градежно земјиште и планирање во Општина Центар, ги разгледуваат можните сообраќајни решенија во насока на квалитетно надминување на проблемот. Потребата произлегува поради неусогласеноста на сообраќајните решенија предвидени со актуелниот Детален урбанистички план донесен во ноември 2012 година и Генералниот урбанистички план донесен во декември 2012“, одговараат од Општина Центар на прашањата зошто улицата сѐ уште не е асфалтирана и дали евентуалното уредување на улицата предвидува ново сообраќајно решение.

    Иако е со дупки и кал улицата по улицата постојано има возила. По изградбата на плоштадот кај „Св. Богородица“ и затворањето на улицата покрај Вардар за сообраќај, улицата Пајко Маало стана многу фрекфентна бидејќи, без семафори, спојува два булевара, ВМРО и Крсте Мисирков. Токму поради тоа, во одредени периоди од денот, улицата по целата нејзина должина од училиштето „Кирил и Методиј“ до катната гаража зад Универзитетска библиотека се случува да биде блокирана од автомобили на кои им е дозволено да се движат во двете насоки, а нема простор за разминување на две коли.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира