БИТОЛЧАНИ ВО ТЕГЛИ ДЕЛЕА СВЕЖ ВОЗДУХ ОД ПЕЛИСТЕР

a:2:{s:16:"td_post_template";s:18:"single_template_EU";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    БИТОЛЧАНИ ВО ТЕГЛИ ДЕЛЕА СВЕЖ ВОЗДУХ ОД ПЕЛИСТЕР

    Нова пародија за алермантната состојба со загадениот воздух се случи денес на Широк сокак во Битола. Група млади битолчани на улицата поставија транспарент со натпис „Подаруваме свеж воздух од Пелистер.“ По ова на минувачите им даваа тегли и кеси со воздух, велејќи дека се полни со свеж воздух од Пелистер.

    Пародијата следуваше откако мерните станици во Битола вчера покажаа двојно повисоки од дозволеното средно дневни концентрации на загаденост на воздухот со ПМ 10 честички. Така, мерната станица Битола 1 измери присуство на 107 микрограми ситна прашина, а Битола 2 измери 118 микрограми. Дозволената дневна доза е до 50 микрограми суспендирани честички.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира