ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ ОД ПРИЛЕП БАРААТ ПОКВАЛИТЕТЕН ИНСУЛИН

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Прилеп,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ДИЈАБЕТИЧАРИТЕ ОД ПРИЛЕП БАРААТ ПОКВАЛИТЕТЕН ИНСУЛИН

    Дијабетичарите од Прилеп, особено членови на Здружението на граѓани со дијабет, апелираат до Министерството за здравство да им се обезбеди поквалитетна терапија.

    „За лековите не можам да кажам ништо позитивно, бидејќи многу лошо ми делуваат, целата сум подуена од инсулинот, зашто не е квалитетен. Ако се почне ново пенкало, на почетокот оди добро гликемијата, потоа додека да се доистисне, нивото на шеќерот ми варира. Како претседател на Здружението за граѓанини со дијабет во Прилеп и ние упатуваме апел до Комисијата. Но, тие не ги земаат во вид нашите апели и реакции. Имавме проблем со инсулински игли. Болницата во Прилеп навистина нема услови. Ни кажуваат дека се добри пенкалата и инсулинот, дека игли има, а воопшто не е така. Лековите се скапи, уште не ги плаќаме, ни понудија дел лекови да плаќаме, за да ни набават добри инсулини“, вели Мирјана Димеска, претседател на Здружението.

    Бројот на заболени од  шеќерна болест во Прилеп постојано се зголемува. За ова придонесува најмногу современиот живот изложен на секојдневен и голем стрес, но и брзата храна и воопшто неправилниот режим на исхрана. Медицинските стручњаци велат дека не постои минимална граница за ова заболување, бидејќи може да се појави и како наследна болест, како што е кај бебињата дијабетот тип 1. Додека дијабетот од тип 2 е болест којашто се појавува во текот на животот, кога пациентите задолжително мора да користат инсулинска терапија.

    „Дијабетот е на високо ниво, околу 2.500 пациенти се редовни корисници на инсулин и од 5.000 до 6.000 се со редовна таблетарна терапија, така што бројот на заболени постојано расте. Секојдневно се јавуваат по еден или двајца нови пациенти со сериозни проблеми. Фрапантен податок за Македонија  е што дијабетот  е застапен во 12 отсто од целокупното население, иако официјалните податоци говорат за процент од околу 8,5 -9 отсто“, вели интернистот д-р Златко Савоски, чија специјалност е токму дијабетот.

    Според д-р Савоски, и нервозата и отсуството на физичка активност се исто така значајни фактори на ризик за ова заболување. Тој тврди дека во прилепската болница „Борка Талески“ има услови за третман на овие пациенти.

    „Сите оние кои почнуваат со терапија со инсулин, најпрвин ги воведуваме во инсулинот, вршиме испитувања по клинички патеки, потоа обука за примање на инсулин, исхрана, така што комплетно ги пуштаме пациентите со некои сознанија и научени како и колку да се хранат“, вели д-р Савоски.

    Според д-р Савоски, за превентивата и за да се обезбеди што поквалитетен живот на граѓаните со дијабет, треба да се одржуваат континуирани предавања, обуки и за персоналот и за пациентите.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира