ЕКОЛОШКИОТ ПЛАН НА ОПШТИНА БИТОЛА ИМА СЀ ОСВЕН ПОДАТОЦИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕКОЛОШКИОТ ПЛАН НА ОПШТИНА БИТОЛА ИМА СЀ ОСВЕН ПОДАТОЦИ ЗА ЗАГАДУВАЊЕ

    На туристички водич наликуваат делови од Локалниот еколошки акционен план што Општина Битола го донесе деновиве. Иако квалитетот на животната средина не зависи од културно-историското наследство, планот содржи обемни информации за античкиот локалитет Хераклеја, старата архитектура, црквите, џамиите. Во него се опишува Хераклеја како епископско седиште, па Големата базилика како градба со монументални размери, се датира кога почнува и кога замира животот во античкиот град, кога се граделе црквите и слично. Во делот кој се однесува на екологијата, посебно за воздухот , за најголемиот дел од загадувачките супстанции нема податоци за последните пет години.

    Како што пишува во самата програма, оценката на концентрациите на азотен диоксид, сулфурен диоксид, јаглероден моноксид и озон е заснована на мерните податоци од периодот 2007-2011 година од двете мерни станици за квалитетот на воздухот  во Битола. Само за честичките ПМ 10 понудени се податоци и од минатата година. Тие се посочуваат како најкритична загадувачка супстанца во Битола која ги надминува и дневните и годишните гранични вредности.

    Како најважен  стационарен извор на емисија на отпадни гасови во близина на Битола се посочува термоелектраната РЕК. Пишува дека  годишните емисии на сулфирен диоксид во 2010 година од првиот и вториот блок биле за 4,5 пати, а во третиот блок два пати поголеми  од дозволеното.  Количините на емисиите на прашина од Блок 1 и 2 биле за 60% поголеми од дозволените, а кај  Блок 3 за три пати.

    „Уделот на РЕК Битола во вкупните годишни емисии на SO2 за 2010 година од големите согорувачки инсталации во Македонија изнесува 44%.  За азотните оксиди 45%  и за прашината  44%“, пишува во еколошкиот план.

    Квалитетот на Локалниот еколошки акционен план деновиве предизвика долга дискусија и во битолскиот Совет.

    „Во планот нема алармантност и тука е проблемот. Што сѐ не се кажува во него, историографија, географија  и некаква фактографија, тоа  е 70 проценти од документот. Од друга страна пак, има недоволно јасни и непрецизни податоци за загадувањето. Овој документ има важност од пет години, ваков како што е кон ништо не упатува“, рече Томе Наумов, советник од СДСМ.

    Сашо Илиовски, координатор на планот рече дека е од суштинско значење, ги идентификува актуелните состојби во животната средина и предвидува краткорочни и долгорочни мерки за проблемите со цел заштита на здравјето на граѓаните. Како проблеми со загадувањето ги истакна нецелосната покриеност на територијата на општината со услугата на собирање на комунален отпад, непостоењето катастар за отпад, санитарна депонија, постоењето на многу диви депонии.

    Во изготвувањето на акциониот план покрајпокрај советници и инспектори за животна средина учествуваа и директор на библиотека, библиотекар, педагог, наставници по математика, информатика, учители и битолчани од други професии кои не се поврзани со животната средина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира