ЕВН РАЗГЛЕДУВА КАКО ДА ГО РЕШИ ДОЛГОТ НА СЛЕПОТО СЕМЕЈСТВО ОД ВРАГОТУРЦЕ

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Куманово,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ЕВН РАЗГЛЕДУВА КАКО ДА ГО РЕШИ ДОЛГОТ НА СЛЕПОТО СЕМЕЈСТВО ОД ВРАГОТУРЦЕ

    ЕВН ја разгледува можноста да му помогне на слепото семејство Младеновски од планинското село Враготурце, за да го реши проблемот со заостанатиот долг за неплатена електрична енергија, поради што минатата недела остана без струја.

    Семејството беше исклучено од системот за напојување со електрична енергија минатата среда на температура -20 степени, поради, како што тврди Новко Младеновски, заостанат долг од 2005 до 2009 година во висина од 33.000 денари, на име на неговиот татко, кој пред 2 години починал. Семејството Младеновски месечно троши од 600-800 денари за струја и живее од социјална помош што по неколку основи ја добива поради проблемот со здравјето и хендикепот на децата.

    „Поради посебноста на случајот, ЕВН ја разгледува можноста долгот на корисникот да влезе во програмите за општествена одговорност на ЕВН Македонија за поддршка на здруженијата за заштита на социјално загрозените семејства и други програми”, вели Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.

    Од Компанијата тврдат дека тие не знаеле за какво семејство станува збор, бидејќи досега не аплицирало за отпишување на долгот, но веднаш по објавување на информацијата интервенирале на терен.

    „Поради специфичноста на ова семејство, веднаш го разгледавме случајот и пративме екипа да го санира и ормарот и приклучокот на корисникот за да може да биде вклучен. Инаку, што се однесува за долговите на корисникот од минатите години, надлежните министерства изготвија листа на корисници од социјално ранливите категории на кои ЕВН им ги отпиша долговите и се откажа од своите побарувања. Очигледно, овој корисник немал аплицирано до надлежните министерства. ЕВН Македонија не може да знае за какво семејство станува збор, бидејќи во системот евиденцијата е според број на корисник и не знаеме дали зад бројот на корисник се наоѓа семејство кое е социјално загрозено или не“, додава Ковачевски.

    Од Компанијата велат дека семејството Младеновски не е исклучено за стар долг, туку за долг направен минатата година.

    „Корисникот не е исклучен поради стар долг. Налогот за исклучување е произлезен за неплатени тековни сметки од 2016, а долговите од минатите години се третирани според законските прописи и согласно процедурите во мрежните правила за снабдување со електрична енергија“, тврди ЕВН.

    Компанијата нема одговор зошто токму во ова време, на -20 степени Целзиусови, го исклучила од струја семејството кое живее во тешко пристапно планинско село.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира