ГРУЕВСКИ ЗНАЕ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СОСТАВИ ВЛАДА, РЕЧЕ ЗАЕВ ВО БИТОЛА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Битола,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ГРУЕВСКИ ЗНАЕ ДЕКА НЕ МОЖЕ ДА СОСТАВИ ВЛАДА, РЕЧЕ ЗАЕВ ВО БИТОЛА

    „Знам јас, знае и Груевски дека без разлика какви ќе бидат одлуките на Државната изборна комисија и евентуално на Управниот суд, тоа не ги менува работите, Груeвски не може да ја состави владата на Република Македонија“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев денес во Битола, при посетата на локалното партиско седиште. Тој додаде дека одлуките на ДИК „се во интерес на вистината и фактите, но без разлика на резултатите ќе се создаде европска влада, чие дејствување и состав на идниот Парламент ќе се потпираат на Европската конвенција на човекови права“.

    Запрашан дали европската Влада значи дека би влегол во широка коалиција со Груевски, тој одговори дека Груевски ќе го нема во идната Влада.

    „Не би коментирал никакви чекори,  да почекаме државните институции да ја завршат својата работа , сега е период кога одлучува ДИК, ако има потреба ќе одлучува и Управниот суд. Мандатите дали ќе бидат 51-49 или 50 -50 или СДСМ 50, ВМРО-ДПМНЕ 49, тоа не влијае на формирањето на Владата. Владата ќе се формира без Никола Груевски, тој не може да ја формира новата Влада. Штом ќе завршат конечните резултати навремено ќе соопштуваме“,  рече Заев.

    Тој додаде дека со Груевски не се гледаат низ нишан на пушката, туку комуницирале за време на изборниот процес, па дури и во периодот на молкот.

    „Јас и Груевски не се гледаме преку нишан на пушка, нема вперени пушки помеѓу нас, ние седнувавме на маса, разговаравме, баравме решение. Ние бевме и во телефонска комуникација на денот на молкот, како и за време на кампањата. Немојте да верувате дека нешто врие во врхушката на политичките партии“, рече Заев.

    До граѓаните апелираше да не преземаат радикални мерки, зашто никому нема да фали ни влакно од главата. Рече дека никој нема да загуби ништо, ни земјоделците субвенциите, ни социјалните случаи социјалната помош. Можно е, како што посочи, да загубат само оние од врхушката кои се бореле за власт.

    Запрашан дали ќе ја тужи наставничката од Битола која носеше крст со негово име, Заев одговори дека ѝ простил.

    „Ѝ простив уште истиот момент. Јас сум социјалдемократ, водам партија , но сум и православен христијанин, знаете крстот кај нас православните не е симбол на смрт, туку на воскресението. Се надевам ќе воскресне оваа наша Македонија и сите граѓани ќе живеат спокоен, мирен и бериќетен живот“,  додаде лидерот на СДСМ.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира