ИМ ГИ ЗЕЛА ПАРИТЕ ДА ИМ ПОСРЕДУВА ЗА РАБОТА ВО ШВАЈЦАРИЈА, ПА ГИ ИЗЛАЖАЛА ДЕКА ЛЕТОТ Е ОДЛОЖЕН

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:49:"Неготино,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ИМ ГИ ЗЕЛА ПАРИТЕ ДА ИМ ПОСРЕДУВА ЗА РАБОТА ВО ШВАЈЦАРИЈА, ПА ГИ ИЗЛАЖАЛА ДЕКА ЛЕТОТ Е ОДЛОЖЕН

    Поголема група неготинци останаа без ветената работа во Швајцарија и без парите што ѝ ги дале на наводната посредничка, која откако им ги зела парите им кажала дека летот за Швајцарија е откажан со објаснување дека детето на нејзиниот соработник доживеало сообраќајна несреќа. Еден член од групата се јавил на аеродром да праша дали има откажан лет и дали има резервација за билети за одредени личности и оттаму му потврдиле дека нема откажан лет, ниту резервација за посочените имиња по што оштетените го пријавиле случајот во МВР.

    Според МВР,  во текот на месец ноември, во СВР Велес, примена е писмена пријава во која е наведено дека женско лице од Неготино измамило повеќе од 20 лица, со тоа што за одредена сума на пари им ветувало дека ќе им посредува за работа во странство.

    Во изјавата од измамените е наведено дека на 28 октомври измамничката ги повикала на информативен разговор околу работата во странство.

    „Како нејзина понуда, таа ни кажа дека ќе ни посредува за сигурна работа во хотел и фабрика за чевли со плата од 2.500 швајцарски франци, со обезбедено сместување и еден оброк од страна на работодавачот. Наша обврска беше само да платиме 110 евра за превоз и 280 франци од секоја плата да му плаќаме на работодавачот за лично осигурување. Ни рече дека платата ќе биде сигурна и ќе ни оди преку банкарска сметка“, стои во изјавата.

    Поради поволната понуда имало премногу кандидати и се направиле два списока.

    „Првата група требаше да ги собере парите до 31 октомври и слики од нашите пасоши и телефонски броеви и да и бидат пратени преку месинџер, за таа да му ги прати на човекот со кој соработува, за да ни средува документи. На 31 октомври рано наутро со парите и соработникот заминаа за Приштина за да средат за карти за патувањето. Значи во понеделникот сите бевме во неизвесност и немавме никаква информација. Дури следниот ден во 16 часот од измамничката бевме информирани дека се е средено и дека треба да се пакуваме, дека имаме дозвола за багаж од дваесет килограми и друга ташна со лични работи до седум килограми. Ни кажа дека летот ни е закажан за на втори овој месец, среда, во 17 часот и пет минути. Ни рече ние да бидеме на аеродром во 15 часот, за да ни појаснат како да кажуваме, да не е сомнително оти одиме на работа. Наместо тоа, во средата  во 11 часот повторно не контактираше за да не паничиме, дека има неубава вест, дека  детето на нејзиниот соработник доживеало сообраќајка и заради тоа летот е откажан“, раскажува еден од измамените, кој всушност и ни ја достави изјавата.

    Измамените велат дека имаат докази снимени на телефон и слики од разговори со неа и нејзиниот соработник. За парите дадени на рака, велат дека самите си се сведоци едни на други.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира