ЈУГОХРОМ НАЈАВИ ДЕКА ФИЛТЕР СТАНИЦАТА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ЗА 8 МЕСЕЦИ

    ЈУГОХРОМ НАЈАВИ ДЕКА ФИЛТЕР СТАНИЦАТА ЌЕ БИДЕ ГОТОВА ЗА 8 МЕСЕЦИЈугохром не работи веќе 4 месеци, а од први март, поради големите трошоци околу, 600 работници се привремено отпуштени од работа.

    Иако не работи, во Југохром забрзано течат градежните работи на поставување на системот за отпрашување на воздухот. Поради тоа што фабриката не успеа во дадениот рок да го постави овој систем не можеше да добие А еколошка дозвола за работа, па Југохром од ноември минатата година доби забрана за работа од страна на Државниот инспекторат за Екологија. Раководството на Југохром вели дека со подобрувањето на временските услови интензивно се работи на изградба на филтер станицата.

    „Се надеваме дека во рок од 8 месеци, со максимално ангажирање системот за отпрашување ќе биде готов за погонот два каде се наоѓаат печките 7 и 8, а тие се половината од капацитетот на Југохром. Денеска го завршуваме бетонирањето и поставувањето на бетонските фундаменти. Како наредна фаза ќе биде поставувањето на челичните столбови“, изјави Васко Скендеровски директор на Југохром.

    Југохром не работи веќе 4 месеци. Од први март, поради големите трошоци околу, 600 работници се привремено отпуштени од работа. Отпуштените работници на Југохром треба да ја примат уште февруарската плата што изнесува 70 отсто од нивните примања, бидејќи четири месеци тие се водеа на принуден одмор.

    „Преку еден милион евра се потрошени овие 4 месеци само за плати и за трошоци за струја, а таа сума во добар дел ќе придонесеше системот за отпрашување да биде во една поодмината фаза на градба. Ако Југохром почне да работи, сите 600 работници кои сега се отпуштени веднаш ќе бидат вратени на работа“, дополни директорот Скендеровски.

    Поради големите количини отпадни гасови кои ги испушташе Југохром во текот на процесот на работата, од страна на еколошките друштва од Тетово се посочуваше како еден од најголемите загадувачи на воздухот во градот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира