КАНАЛОТ СТУДЕНЧИШТА КАЈ ОХРИД ЗAГРАДЕН СО КОЛЈE, БЛОКИРАНИ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИ

    КАНАЛОТ СТУДЕНЧИШТА КАЈ ОХРИД ЗAГРАДЕН СО КОЛЈE, БЛОКИРАНИ БИЛЈАНИНИ ИЗВОРИГрадежните работи се прекинати, патеката е изорана, а во околината има купишта нафрлана земја (Фото: СДК.МК)

    Патеката која води покрај каналот Студенчишта до прочуените Билјанини Извори во Охрид, деновиве е заградена со големи колја од кои не се гледа каналот. Градежните работи се прекинати, патеката е изорана, а во околината има купишта нафрлана земја.

    Тоа се дебели и неколку метри долги колјe набиени до самата ивица на каналот, со намера, како што велат изведувачите да се заштитi патеката од ерозија. И кога немаше вакви колјe  на овој дел и досега немаше одронување на земјата од патеката. Денес е исечено и едно повеќедецениски старо дрво, а гранките се расфрлани по патеката.

    „Беше старо и подложно на труење. Кога имаше невреме гранките се кршеа и паѓаа на патеката”, велат охридските комуналци.

    Во локалната самоуправа во Охрид ја повторуваат старата приказна за тоа кога патеката кај Студенчишта ќе биде готова. Беше најавено завршување уште во декември минатата година, но тогаш стигна објаснување дека асфалтните бази поради студот не работеле и не можело да се набави асфалт. После испадна дека патеката ќе била покриена со посебен вид камен. Од тоа засега нема ништо, а до Билјанини Извори не може ни да се дојде по старата патека.

    „Патеката ќе биде готова до почетокот на главната туристичка сезона, некаде во јуни. Досега се рабоtеше на нејзино тампонирање и уредување на околниот простор. Се градеше и  мал, помошен канал”, велат од локалната самоуправа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира